Page 161 of 249

Возење и ракување159
Поставување на
ограничување на брзината Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на
ограничувањето на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар
за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање Притиснете го копчето y:
ограничувачот на брзината се
деактивира и возилото може да се
вози без ограничување на
брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Page 162 of 249

160Возење и ракување
ИсклучувањеПритиснете го копчето L,
показателот за ограничувањето на
брзината во Информативниот
центар за возачот се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со притискање на копчето m за да
се активира контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето или со
гасење на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Предупредување за
преден судир Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се огласува предупредувачка
мелодија и се давапредупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Зелениот симбол A за возило
напред се пали на брзиномерот
кога системот ќе открие возило на
патеката за возење. Предуслов е
да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111 или
да не е исклучено со копчето V (во
зависност од системот, видете го
следното).
Предупредување за преден
судир врз основа на предна камера Предупредувањето за преденсудир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со копчето V, видете
подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави
на блиску, средно или далеку.
Page 163 of 249
Возење и ракување161
Притиснете го копчето V:
моменталната поставка се
прикажува на информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето V повторно за да ја
смените чувствителноста на
предупредувањето.Известување на возачот
Кога се приближувате до друго
возило пребрзо, страницата за
предупредување за судир ќе се
покаже на Информативниот центар за возачот. Истовремено, се
огласува и предупредувачка
мелодија. Притиснете го педалот
на сопирачката, ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го копчето V
постојано додека да се појави
следнава порака на
информативниот центар за
возачот.
Page 164 of 249

162Возење и ракување
Општи информации9Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Системски ограничувања
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци,
■ кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег,
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната.Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник. Ако
возилото е опремено со предна
помош за паркирање, системот се
Page 165 of 249

Возење и ракување163
состои од четири дополнителни
ултрасонични сензори за
паркирање во предниот браник.
Контролна сијаличка r 3 96.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
се активира автоматски.
Предната помош за паркирање
може исто така да се активира при
мала брзина со притиснување на
копчето r.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
На пречки укажува звучен сигнал.
Периодот помеѓу звуците се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога е
растојанието помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Ако копчето r се притисне еднаш
во еден циклус на палење,
предната помош за паркирање
секогаш повторно се активира кога брзината на возилото ќе опадне
под одредена вредност.
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притиснување на копчето r.
Сијаличката во копчето ќе се
изгасне и Park Assist Off (помошта
при паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот.
Системот се деактивира
автоматски при извесна брзина.Дефект
Во случај на дефект во системот,
r свети или во Информативниот
систем за возачот се прикажува
порака за возилото.
Освен тоа, r свети или се
прикажува предупредувачка
порака во Информативниот центар за возачот ако се открие
неисправност поради привремени
услови како сензори прекриени со
снег.
Пораки за возилото 3 106.
Важни практични совети за
користење на системите за помош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
Page 166 of 249

164Возење и ракувањенадворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот. Ако такви пречки ја
напуштаат зоната за
приметување на сензорите за време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.Внимание
Перформансите на сензорот може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системите
за помош при паркирање може
да се намалат поради тешкото
товарење.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање нема да
избегнува судири со предмети
кои се надвор од опсегот за
приметување на сензорите.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Помошта за паркирање е
деактивирана кога е извлечен
задниот систем за носење.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
Page 167 of 249

Возење и ракување165за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не се прикажани.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 111.
Page 168 of 249

166Возење и ракување
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Осветленоста може да се постави
со копчињата за нагоре/надолу на
копчето за повеќе функции.
Контрастот може да се постави со копчињата за лево/десно на
копчето за повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ наоколу е темно,
■ сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата,
■ мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете гообјективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа,
■ задната врата не е затворена правилно,
■ возилото се судрило од задната страна,
■ има екстремни промени на температурата.
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајнизнаци ги забележува назначените
сообраќајни знаци преку една
предна камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот.