Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service. За возилата на гас
препорачуваме механичар на Opel
овластен за сервисирање возила
на гас.
Сите Партнери на Opel Service
пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни упатства
од Opel.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува при рака во возилото.
Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,вклучувајќи ги оние за функциите
на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возило
поради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Поглавјето „Накратко“ ќе Ви даде
првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот од
левата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната страна е слично.
■ Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се наоѓаат
во поглавјето „Технички
податоци“.