Page 25 of 265
Клучеви, врати и прозорци23Извадете го шрафот и отворете ја
преградата на батеријата со
вметнување монета во процепот и
со вртење.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR2016), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето.
Повторно закачете ги двете половинки на капакот уверувајќи се дека се заглавува правилно.
Вратете го шрафот и затегнете го.Брави на вратите
Безбедносна брава за заштита
од кражба
За да спречите отворање на
предните врати однадвор,
отворете ја вратата и активирајте
ја безбедносната брава за заштита
од кражба.
Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на бравата на
вратата во хоризонтална
заклучена положба. Вратата не
може да биде отворена однадвор и
може единствено да биде отворена од внатре на возилото или со рачно
користење на клуч.
За да ја деактивирате, свртете го
прекинувачот во одбравената
положба.
Рачни брави на вратите
Свртете го клучот во бравата на
возачката врата. Отворете ги
вратите со повлекување на
кваките.
Page 26 of 265
24Клучеви, врати и прозорциСистем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува преднитеврати, лизгачките странични врати
и товарниот простор.
Со 3-копче од далечинскиот
управувач, предните врати и
товарниот простор (и, зависно од
конфигурацијата на возилото,
лизгачките странични врати) може
да бидат отклучени или заклучени
одвоено.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.Отклучување на возилото
Отклучување со далечинскиот управувач со 2 копчиња
Притиснете c за отклучување на
предните врати. Притиснете уште
еднаш за да го отклучите целото
возило.
Отклучување со далечинскиот управувач со 3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
● Притиснете c: Предните врати
и лизгачките странични врати
се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Товарниот простор е исто така
заклучен.
● Притиснете c: Предните врати
се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Лизгачките странични врати и
Page 27 of 265

Клучеви, врати и прозорци25товарниот простор се исто такаотклучени.
● Притиснете c: Сите врати и
товарниот простор се
отклучени.
Заклучување на возилото Затворете ги сите врати и
товарниот простор. Ако вратите не
се правилно затворени, системот
на централната брава нема да
работи.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете e: Сите врати и
товарниот простор се заклучени.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Притиснете e: Сите врати и
товарниот простор се заклучени.
Забелешка
Каде што го има, надгледувањето на патничкиот простор со аларм
3 35 се исклучува со притискање
и држење e (и се потврдува со
звучен сигнал).
Ако сте го направиле тоа
ненамерно, отклучете ги вратите
повторно и притиснете e накусо за
да го заклучите возилото.
Товарен простор
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
2 копчиња
Откако ќе ги отклучите предните
врати со c, притиснете c повторно:
Товарниот простор е отклучен.
Притиснете e еднаш: Товарниот
простор е заклучен.
Page 28 of 265

26Клучеви, врати и прозорциЗаклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
● Притиснете G: Товарниот
простор се заклучува или
отклучува.
● Притиснете G: Товарниот
простор и лизгачките
странични врати се
заклучуваат или отклучуваат.
Прекинувач на централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете e за да заклучите или
отклучите.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Во зависност од верзијата, ако возилото се вози со отворен
товарен простор, предните врати
(и лизгачките странични врати)
може да се заклучени. Кога е
вклучено палењето, притиснете и
држете e за повеќе од 5 секунди.
Кога ќе ги затворите задните врати/
задната врата, тие се заклучуваат
автоматски.
Автоматско заклучување кога се
излегува од возилото
Во зависност од верзијата,
прекинувачот e може да се користи
и за заклучување на сите врати и товарниот простор автоматски кога се затвора предната врата и се
излегува од возилото:
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење, па
притиснете го и држете го
прекинувачот e подолго од
5 секунди; возилото се заклучува
кога ќе се затвори предната врата.
Автоматско заклучување по
поаѓање 3 28.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Page 29 of 265

Клучеви, врати и прозорци27Вклучете го палењето и
притиснете го прекинувачот на
централната брава e за да се
отворат сите врати и товарниот
простор.
Заклучување
Рачно заклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати можат да се отворат со повлекување на внатрешните
кваки.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.Електрични брави на
вратите
Комби, Автобус За безбедност, можно е возачот да
ракува со бравите на патничките
врати далечински.
Сите врати треба да се целосно
затворени и да е исклучено
автоматското заклучување 3 28.
За да заклучите, притиснете ја
страната l на прекинувачот;
предупредувачкото светло покрај
прекинувачот ќе светне еднаш и ќе се чуе звучен сигнал.
Предупредувачките светла на
соодветните врати остануваат
запалени.
За да отклучите, притиснете ја
страната 0 на прекинувачот.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
предупредувачкото светло покрај
прекинувачот продолжува да свети
и ќе се огласи звучно
предупредување.
Проверете дали вратите се
отклучени рачно (внатрешни
прекинувачи за бравите на
вратите).
Page 30 of 265
28Клучеви, врати и прозорциАко е потребно, отстранете го
дефектот на сервис.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Во зависност од верзијата, оваа безбедносна функција може да се
намести автоматски да ги заклучи
сите врати и товарниот простор
штом ќе се вози возилото.Активирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете и држете на
прекинувачот на централната
брава e околу 5 секунди. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Деактивирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете и држете e околу
5 секунди. Звучен сигнал го
потврдува деактивирањето.
Брави за деца9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Притиснете ја бравата за деца
надолу. Вратата не може да се
отвори однатре. Кренете ја за
деактивирање.
Page 31 of 265

Клучеви, врати и прозорци29Врати
Шибер врата
Заклучување и исклучување на
лизгачките странични врати со
далечинскиот управувач или клуч
(ако е во опремата).
Отворајте ја и затворајте ја
лизгачката странична врата само
кога возилото е во мирување, со
затегната паркирна сопирачка (кај
некои модели ќе се огласи
предупредувачка мелодија кога
лизгачката врата е отворена и
паркирната сопирачка е
отпуштена).
Лизгачката странична врата може
да се заклучи однатре од возилото
со внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Внимавајте страничната врата да
биде целосно затворена и
стабилна пред да го возите
возилото.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
лизгачката странична врата.
Ризик од повреда.
Внимавајте ништо да не се
заглави во неа за време на
ракувањето и да нема никој во просторот на движењето.
Ако возилото е паркирано на
надолнина, отворени лизгачки
врати можат да се придвижат
ненадејно поради тежината.
Затворете ги шибер вратите
пред да тргнете.
Електрична шибер врата
Отворање
Со возилото во мирување и
затегната паркирна сопирачка,
притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти за
автоматско отворање на
електричната шибер-врата; LED- от
на прекинувачот трепка во текот на работата.
Забелешка
Ако сопирачката за паркирање не е активирана кога прекинувачот е
притиснат, ќе се слушне
предупредувачка мелодија.
Page 32 of 265

30Клучеви, врати и прозорциЗа да го сопрете движењето кога
било, притиснете го прекинувачот
повторно. Притиснете уште еднаш
за да продолжи движењето на
електричната шибер-врата.
Забелешка
Ако електричната шибер врата е
заклучена од внатрешната страна
со активирани детски брави, ќе се
слушне предупредувачка
мелодија. Рачно отклучете ја
вратата од внатрешната страна.
Затворање
Притиснете го прекинувачот
повторно ; LED-светилката трепка и
се огласува звук на ѕвоно во текот
на работата.
Во случај на тешкотии при
отворањето или затворањето, на
пр. поради мраз, притиснете го и
држете го прекинувачот за да ја
зголемите силата на шибер-
вратата.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната шибер врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Особено внимавајте кога
возилото е паркирано на
стрмнина: отворете ја или
затворете ја вратата целосно додека не се забрави во
заклучената положба.
Внимавајте добро на вратата
што се движи додека ракувате
со неа. Внимавајте ништо да не
се заглави во неа за време на ракувањето и да нема никој во
просторот на движењето.
Забелешка
Не ракувајте со електричната
шибер-врата пречесто без да
работи моторот, тоа ќе го
испразни акумулаторот.
Излез за итни случаи
Во итен случај, лизгачката
странична врата може да се отвори рачно откако ќе се отпушти
внатрешната рачка.