Page 153 of 265
Возење и ракување151Автоматизиран раченменувач
Автоматскиот рачен менувач
(МТА) овозможува рачно (рачен
режим) или автоматско менување
на брзините (автоматски режим), и
двете со автоматска контрола на
кумплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина на
менувачот.
Палење на моторот
Нагазнете ја педалата на
сопирачката кога го палите
моторот. Ако педалата на
сопирачката не е притисната, на
екранот на менувачот се пали T и
моторот не може да се запали.
Кога е нагазната педалата на
сопирачката, менувачот
автоматски се префрлува во N
(лер); на екранот на менувачот се појавува „N“ и може да се запали
моторот. Може да настапи кратко
задоцнување.Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
N:лерA/
M:префрлување помеѓу
автоматскиот и рачниот
режим
Екранот на менувачот
покажува „A“ кога е во
автоматски режим.
Page 154 of 265

152Возење и ракувањеR:рикверц
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува „ R“ кога
е ставено во рикверц.+:менување во поголема
брзина.-:менување во помала
брзина.
Поаѓање
Кога се пали моторот, менувачот е
во автоматскиот режим. Нагазнете
ја сопирачката педала и поместете ја рачката на менувачот кон + за да
се стави во прва брзина.
Ако се избере R, се активира
рикверц. Возилото почнува да се
движи штом ќе се отпушти
педалата на сопирачката. За брзо
поаѓање, отпуштете ја педалата на
сопирачка и давајте гас веднаш по
ставањето во брзина.
Во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во други брзини
автоматски, зависно од условите
за возење.
За да го вклучите рачниот режим,
поместете ја рачката на менувачот
кон A/M. Моменталната брзина ќе
се појави на екранот на менувачот.
За да се стави во прва брзина,
нагазнете ја сопирачката педала и
поместете ја рачката на менувачот кон + или -. Префрлувајте во
поголема и помала брзина со
движење на рачката на менувачот
кон + или -. Брзините може да се
прескокнат со придвижување на
рачката на менувачот повеќепати
за кратки периоди.
Застанување на возилото Во автоматски или рачен режим,
првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога застанувате на стрмнини,
затегнете ја сопирачката за
паркирање или притиснете ја
педалата на сопирачката. За да се
спречи прегревањето на
квачилото, може да се огласи
повремен предупредувачки звук
како опомена да ја притиснетепедалата на сопирачка или да ја
затегнете сопирачката за
паркирање.
Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.
Кога возилото е паркирано и е
отворена возачката врата, се
огласува предупредувачки звук ако
не е избран лер или ако не е
притисната педалата за сопирање.
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Page 155 of 265

Возење и ракување153Нишање на возилотоНишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Ставајте ја рачката на
менувачот меѓу R и A/M (или меѓу
+ и -) повеќепати, истовремено
благо притискајќи ја педалата за
гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка.
Останува најпоследно избраната
брзина (видете на екранот на
менувачот) активирана. Со N не е
ставено во ниедна брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Ако палењето не е исклучено или
рачната сопирачка не е затегната,
ќе се огласи предупредувачко
ѕвоно при отворање на возачката
врата.Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на моторот е
премала, или помала брзина на
менувачот кога брзината на
возилото е преголема, не се
извршува менувањето на брзини.
Тоа го спречува моторот да работи
со премала или преголема брзина
на моторот.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина само преку збоднувањето.Електронски програми за
возењето
Зимски режим V
Активирајте го зимскиот режим ако
имате проблеми со поаѓањето на
лизгави површини на коловозот.
Активирање
Притиснете V. Контролната
сијаличка V се покажува на
екранот на менувачот. Менувачот
се префрлува во автоматскиот
режим и возилото поаѓа во
соодветна брзина.
Page 156 of 265

154Возење и ракувањеДеактивирање
Зимскиот режим се исклучува со:
● притиснете V повторно
● исклучување на палењето
● префрлање во рачен режим
За да се заштити менувачот при
крајно високи температури на
куплунгот, може да се огласи
испрекинато чујно
предупредување. Во такви случаи,
притиснете ја педалата на
сопирачката, ставете во „N“ и
активирајте ја сопирачката за
паркирање за да се овозможи
куплунгот да се излади.Режим за товарење кг
Возможно е да се користи режимот
за товарење и во рачен и во
автоматски режим. И во двата
случаја шаблоните за менување на
брзините се приспособуваат
автоматски кон носењето на
зголемен товар.
Активирање
Притиснете kg. Контролната
сијаличка kg се покажува на
екранот на менувачот. Менувачот
потоа ќе одбира оптимизирани
шаблони за менување брзини.
Деактивирање
Режимот за товарење се исклучува со:
● притиснете kg повторно
● исклучување на палењето
Збоднување Ако педалот за гас е нагазнат преку
отпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
префрлува во помала брзина. За
забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната
сијаличка W се покажува на
екранот на менувачот. Може да се
продолжи со возењето под услов
возилото да се вози внимателно и
со предвидување.
Page 157 of 265

Возење и ракување155Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 217.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од автомеханичар.
Ако не може да се стави во лер, возилото смее да се влече само
така што погонските тркала треба
да бидат кренати од земјата
3 220.
Влечење на возилото 3 220.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 97.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Контролна сијаличка u 3 98.
Page 158 of 265

156Возење и ракувањеДефект
Ако контролните сијалички u и
A се палат со пораките CHECK
ABS (ПРОВЕРЕТЕ ГО ABS) и
CHECK ESP (ПРОВЕРЕТЕ ГО
ESP) на Информативниот центар
за возачот (DIC), има дефект на
ABS-от. Системот на сопирачките
останува функционален, но без
регулирање ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, A ,
R и C светат, ABS-от и ESP-то се
деактивирани и пораката BRAKING
FAULT (ДЕФЕКТ НА
СОПИРАЧКИТЕ) е прикажана во
DIC. Побарајте помош од
автомеханичар.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 97.
Паркирање 3 140.
Повлекувачка сопирачка за
паркирање
Page 159 of 265

Возење и ракување157Зависно од возилото, сопирачката
за паркирање се повлекува во
хоризонална позиција дури и кога
сопирачката за паркирање е
подигната.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
вратете ја рачката во хоризонтална
позиција.
За да ја затегнете сопирачката за
паркирање повлечете ја рачката
нагоре и отпуштете ја. Рачката
останува во хоризонтална
позиција.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето
автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила насопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Серво кочењето не е достапно за
време на Autostop. Систем за
сопирање-поаѓање 3 137.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
При ослободување на педалата на сопирачката при запирање на
закосени површини (со менувачот
во брзина или рикверц),
сопирачките остануваат активни за
дополнителни 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Внимание
Помошта при поаѓање на угорници не може целосно да го спречи движењето на возилото
во сите ситуации (екстремно
стрмни делови од патот, итн.).
Ако е потребно, притиснете ја
педалата на сопирачката за да
спречите вртење на возилото
нанапред или наназад.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop. Систем за сопирање-
поаѓање 3 137.
Page 160 of 265

158Возење и ракувањеСистеми за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
превртувањето (TC) е составен
дел од Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) која ја
подобрува стабилноста на
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
патот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира штом палењето е
вклучено и контролната сијаличка
b се гасне во групата инструменти.На Информативниот центар за
возачот (DIC) исто така се појавува и соодветна порака 3 102.
Кога TC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 98.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) 3 174.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
може да се исклучи системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
за да се зајакне тракцијата:
Притиснете Ø на таблата со
инструменти.