Page 217 of 265

Нега на возилото215
Да се ослободи резервното тркало,разлабавете го кабелот со
поврзување на клучот за тркалата
и адаптерите (во зависност од
возилото) на илустрираната
позицијата на отворот и спуштете
го целото тркалото со вртење на
клучот во правец на стрелките на
часовникот.
Внимание
Користете ги само клучот за
тркалата и адаптерите (во
зависност од возилото) за да го
спуштите резервното тркало.
Користењето пневматски алати е забрането. Тоа може да
предизвика оштетување на
кабелот за влечење и опремата.
Ставете го тркалото исправено,
извадете го држачот од работ на
тркалото и ослободете го тркалото
од поврзаниот кабел и поврзаниот
држач со завртување на овие
компоненти низ центарот на
тркалото.
Возилата со двојни задни тркала
имаат дополнителна плоча за
монтирање закачена за
резервното тркало. Пред да се
употреби тркалото, одвртете ја навртката и извадете ја плочата за монтирање.
Кога местите резервно тркало,
прво ставете ја монтажната плоча
(заден погон со двојни тркала) и
затегнете ја навртката.
Поставете го тркалото исправено,
завртете го кабелот и поврзаниот
држач од предната страна на
тркалото (страната со вентил за гума) и низ центарот на тркалото.
Закачете го држачот и зацврстете
го на место, уверувајќи се дека е
правилно наместено и дека
предната страна на тркалото
Page 218 of 265

216Нега на возилото(страната со вентил за гума) ќе
биде свртена нагоре кога ќе биде
повторно наместена.
Ставете го тркалото под рамката
на возилото, директно под
намотувачкиот механизам.
Потоа зацврстете со кабелот со
користење на намотот на тркалото
и адаптери преку поврзување во
положбата на прикажаното место
погоре и вртење на намотот кон
лево додека тркалото не е
зацврстено во целосно крената положба.
9 Предупредување
Проверете дали предниот дел
од тркалото (страната со вентил
за гума) е свртен нагоре додека
се монтира резервното тркало
под каросеријата на возилото.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 208.
Летни и зимски гуми Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да
има летна гума.
Page 219 of 265

Нега на возилото217Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми така
што тие ќе се вртат во насоката на патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возноста може да се измени. Дефектната гума треба да сеобнови или поправи што е
можно побрзо и да се монтира
на местото од резервното
тркало.
● Не возете побрзо од 80 км/ч.
● Возете особено претпазливо на влажни и коловози покриенисо снег.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт со очите,
кожата, ткаенини и обоени
површини. Течноста содржи
сулфурна киселина што може
да предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.Внимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи пред палењето со
кабли.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го
акумулаторот на возилото на
отворен пламен или на искри.
Page 220 of 265

218Нега на возилото●Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулаторот.
● Користете помошен акумулатор со иста волтажа
(12 волти). Неговиот капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
● Користете кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 25 мм 2
.
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Исклучете го системот за воздушна амортизација 3 140.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја сопирачката за паркирање и ставете во лер(рачен менувач) или N
(автоматизиран рачен
менувач).
Клема за палење со каблиВо случај на испразнет акумулатор,
клемата за палење со кабли
овозможува возилото да се пали
без да треба да се пристапи до
акумулаторот внатре во возилото.
Клемата за палење со кабли се
наоѓа во моторниот простор и се
познава по знакот „ <“ на црвениот
капак за изолација. Подигнете го
црвениот капак за изолација за да дојдете до приклучокот на клемата.
Уверете се дека црвениот капак за
изолација е вратен во својата
положба кога не е во употреба.
Постапка за палење со кабли
Page 221 of 265

Нега на возилото219Зависно од моделот, клемата за
палење со кабли може да се наоѓа
од левата или од десната страна на
моторниот простор.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај од црвениот кабел со клемата за
палење со кабли на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што помага при
палењето.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути при поврзани кабли.4. Вклучете ги елктричните поторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.
Page 222 of 265

220Нега на возилотоВлечењеВлечење на возилотоАлката за влечење се складиразаедно со прирачните алати 3 201.
Ослободете го капакот користејќи
погодна алатка и извадете го.
Зашрафете ја алката за влечење
надесно во предната точка за
влечење и затегнете ја докрај
користејќи го клучот за тркалата.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење -
за алката за влечење, а никогаш не за браникот или за полуоските.
Внимание
Не влечете го возилото одзади.
Предната алка за влечење
треба да се користи само за
влечење, а не за извлекување
на возилото.
Вклучете го палењето за да
овозможите работење на светлата
за сопирачки, сирена, бришачи на
шофершајбна и помрднете го
воланот малку за да се ослободи
бравата на воланот.
Исклучете го системот за воздушна
амортизација 3 140.
Менувачот во лер.
Внимание
Возила со автоматизиран рачен менувач: Ако не може да се
стави во лер, возилото смее да
се влече само така што
погонските тркала да бидат
кренати од земјата.
Возилото треба секогаш да се
влече со исклучено палење.
Автоматизиран рачен менувач
3 151.Внимание
Возете полека. Не возете со
нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
системот за кружење на воздухот
3 118 и затворете ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето отштрафете ја
алката за влечење и вратете го
капакот.
Page 223 of 265

Нега на возилото221Влечење на друго возило
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење - за задната алка за влечење, а
никогаш не за задната оска или за
полуоските.
Задната алка за влечење смее да
се користи само за влечење, а не
за ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што се
обоени со мат боја или имаатнанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната мора да бидат
исклучени и страничните
ретровизори мора да бидат
преклопени навнатре. Извадете ги
антената и надворешните
додатоци, како на пример
багажниците за на покрив, итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Page 224 of 265

222Нега на возилотоЧистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Небоените пластични делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Деловите од каросеријата што се
во мат боја и обложени со филм
или декоративни ленти не смее дасе полираат за да се избегне
сјајност. Во автоматски перални за возила не користете програми со
топол восок ако возилото ги содржи
овие делови.
Мат обоените декоративни делови,
на пр. прекривките за ретровизори, не смее да се полираат. Во
спротивно, овие делови ќе блештат или ќе се растопи бојата.
Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.