Page 185 of 265

Нега на возилото183Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MINI , посоветувајте се со
автомеханичар.
Тип Б
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Page 186 of 265

184Нега на возилото
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека
течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправностиво системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста а сопирачките
автомеханичар.
Користете само такви течности за
сопирачките кои се одобрени за
Вашето возило.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 227.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Пристап до акумулаторот
Акумулаторот се наоѓа, зад плоча
во прагот на предната лева врата.
Извадете ја плочата за пристап кон акумулаторот.
Замена на акумулаторот Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Page 187 of 265

Нега на возилото185
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 137.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 217.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
Page 188 of 265
186Нега на возилото● Видете го упатството засопственикот за понатамошни
информации.
● Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Дополнителен акумулатор
Зависно од помошната опрема на возилото, извесни модели може да
имаат дополнителен акумулатор
монтиран под предното седиште.
Филтер за дизел горивоИсцедете ја наталожената вода од
филтерот за дизел гориво при
секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ги
избраздените шрафови на капакот
на филтерот и на долниот дел од
филтерот со приближно едно
вртење за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом дизел
горивото ќе се појави од
избраздениот шраф одоздола.
Стегнете ги двата шрафа
повторно.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Page 189 of 265

Нега на возилото187Наполнете го резервоарот со
гориво и постапете на следниот
начин:
1. Ставете соодветен сад под шрафот за испуштање на
филтерот за гориво за да се
собере горивото.
2. Разлабавете го шрафот за испуштање (означен со
стрелка) со едно вртење.
3. Рачно ракувајте со вградената пумпа за снабдување полека и
рамномерно додека во
горивото коешто излегува преку разлабавениот шраф за
испуштање нема воздушни
меури.
4. Затегнете го шрафот за испуштање повторно.
Ако моторот не може да се запали
по повеќе обиди за цедење на
системот за дизел гориво,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ја спојката за држење
кон рачката на бришачот и
откачете ја четкичката на
бришачот.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Page 190 of 265
188Нега на возилотоПредни фарови
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2.
Долго светло
1. Извадете го заштитниот капак
на предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Ослободете ја спојката со пружина.
4. Извлечете ја сијалицата од куќиштето на рефлекторот.
5. Сменете ја сијалицата и прицврстете ја со спојка со
пружина.
6. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
7. Вратете го заштитниот капак на
предниот фар.
Page 191 of 265
Нега на возилото189Средно светло
1. Извадете го заштитниот капакна предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од
правецот на стрелките на
часовникот.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
8. Вратете го заштитниот капак на
предниот фар.
Странични светла
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од
правецот на стрелките на
часовникот.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
Page 192 of 265

190Нега на возилото
5. Извадете ја сијаличката одфасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
8. Вратете го заштитниот капак.
Приспособливо предно
светло
Светло за вртење под кривини
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2. Светлото за вртење под
кривини 3 се наоѓа помеѓу
предните фарови.
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од
правецот на стрелките на
часовникот.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
8. Вратете го заштитниот капак.