Page 209 of 265

Нега на возилото207
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на секои
6 години.
Менување на големината
на гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Page 210 of 265

208Нега на возилотоСинџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на погонските тркала.
Кај возилата со двојни задни
тркала, синџири за гуми се
дозволуваат само на
надворешните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја сопирачката за
паркирање и ставете во лер (рачен менувач) или N (автоматизиран
рачен менувач).
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под предното седиште.
Лизнете го седиштето напред
докрај и преклопете го потпирачот
за грб надолу за да дојдете до
комплетот.
Page 211 of 265
Нега на возилото2091. Земете го комплетот запоправање гуми од под
предното седиште.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете ги каблите за напојување и цревото за воздух
од преградите за складирање
на долната страна на
компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Навртете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Преклопниот прекинувач на компресорот треба да е
поставен во положба O.
9.
Поврзете го црвениот < кабел
за напојување од компресорот
со клемата за палење со кабли 3 217.
Забелешка
Зависно од моделот, клемата за
палење со кабли може да се наоѓа
од левата или десната страна на
моторниот простор.
Page 212 of 265
![OPEL MOVANO_B 2016.5 Сопственички прирачник 210Нега на возилото
10.Поврзете го црниот ] кабел за
напојување со некоја точка за вземјување на возилото, на
пр OPEL MOVANO_B 2016.5 Сопственички прирачник 210Нега на возилото
10.Поврзете го црниот ] кабел за
напојување со некоја точка за вземјување на возилото, на
пр](/manual-img/37/38572/w960_38572-211.png)
210Нега на возилото
10.Поврзете го црниот ] кабел за
напојување со некоја точка за вземјување на возилото, на
пример блокот на моторот или
некоја монтажна завртка на
моторот.
Забелешка
Зависно од комплетот за
поправање гуми, може да е
потребно да се поврзе
единствениот приклучок за струја
со штекерот за напојување или со
запалката.
Кај овој тип нема да има црвени
< и црни ] приклучоци за
електрична енергија.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
11. Поставете го преклопниот прекинувач на компресорот во
положба I. Гумата се полни со
заптивната смеса.
12. Манометарот на компресорот накратко означува вредност до
6 бари. Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
13. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
14. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 251. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот поставувајќи го
преклопниот прекинувач во
положба O.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
цело вртењето на тркалата
(околу 2 метри). Повторно
закачете го комплетот за
Page 213 of 265

Нега на возилото211поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок од гумата со копчето покрај
показателот на притисокот.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
15. Откачете го комплетот за поправање гуми.
16. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
17. Земете ја етикетата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од комплетот
за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.
18. Навртете го цревото за полнење со заптивна смеса на
слободниот приклучок на шишето со заптивна смеса. Тоа ја спречува заптивната смеса
да истече. Одложете го шишетосо заптивна смеса во
пластичното ќесенце. Чувајте
го комплетот за поправање
гуми под предното седиште.
19. Продолжете со возењето веднаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
10 км, но не повеќе од
10 минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумата користејќи го
компресорот. Притегнете го
цревото на воздухот директно
врз вентилот на гумата и за тоа
време нека работи
компресорот.
20. Ако притисокот во гумата е поголем од 3,1 бари, наместете
го на правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 3,1 бари, возилото
не смее да се вози. Побарајте
помош од автомеханичар.
21. Чувајте го комплетот за поправање гуми под предното
седиште.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
Page 214 of 265

212Нега на возилотосе гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 208.
Сторете ги следниве подготовки и запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, тврда и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја сопирачката за паркирање и ставете во прва
брзина или рикверц (рачен
менувач) или N
(автоматизиран рачен
менувач).● Исклучете го системот за воздушна амортизација 3 140.
● Извадете го резервното тркало
3 214.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не треба да се одржува.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.● Не го палете моторот кога возилото е кренато на
дигалката.
● Исчистете ги завртките/ навртките на тркалата и
нивните навои пред да го
монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете го капакот на тркалото користејќи ја
приложената кука. Прирачен
алат 3 201.
2. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
навртка/завртка на тркалото за
половина вртење.
Page 215 of 265

Нега на возилото213
3. Возила со погон на преднитетркала:
Кренете го возилото со
местење на клинот на
дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
Закачете го клучот за тркалата
за дигалката и кренете го
возилото со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
Возила со погон на задните
тркала:
Обрнете внимание на
упатствата за работење
приложени со хидрауличната
дигалка и составете ги
потребните делови како што е
определено.
Наместете го адаптерот кај
дупката за дигање сместена
најблиску до односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно.
Главицата на дигалката треба
да биде израмнета со дупката
за дигање. Напумпајте ја
дигалката со притискање на
клучот за тркалата, за да се
намести основната плочка
правилно.
Кренете го возилото со
притискање на клучот за
тркалата додека тркалото не е
подигнато од земјата.
4. Отшрафете ги завртките/ навртките на тркалото целосно
и исчистете ги со крпа.
Ставете ги завртките/навртките
на тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
5. Сменете го тркалото.
Page 216 of 265

214Нега на возилото6. Зашрафете ги завртките/навртките на тркалото.
7. Спуштете го возилото.
8. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и затегнете ја секоја
навртка/завртка на тркалото за
половина вртење по вкрстен
редослед. Затезниот момент е:
172 Nm (погон на предните
тркала), 235 Nm (погон на
задните тркала со двојни задни тркала), 264 Nm (погон на
задните тркала со единечни
задни тркала).
9. Вратете ја раткапната.
Забелешка
Доколку е применливо,
монтирајте ги завртките за
заштита од кражба најблиску до
вентилот на гумата (во спротивно,
можеби нема да може да се
ремонтира раткапната).10. Складирајте ги заменетото тркало 3 214 и прирачните
алати 3 201.
11. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираното тркало 3 251 и
исто така и затегнатоста на
завртките/навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја сменат или поправат неисправната гума.
Резервно тркало Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 208.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се чува под
рамката на возилото со употреба
на макара и се прицврстува со
затегнување на кабелот со
употреба на клучот за тркалата и
адаптерите (во зависност од
возилото).
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.