Page 57 of 171

Навигација57
Колку тастатури се достапни и кои
букви и посебни знаци ги има на
нив, зависи од ситуацијата.
За да избришете веќе внесени
букви, изберете го екранското
копче Delete (Избриши) еднаш или
повеќепати.
Ако системот најде име на град во
својата меморија на адреси што се
поклопува со веќе внесените букви, името се прикажува (со сиви
букви), видете ја сликата горе.
Ако прикажаното име на градот е
она што го барате, може да го
изберете екранското копче OK за
директно додавање на името на
градот на адресата на вашата
дестинација.
Бројот во горниот десен агол на
изборникот покажува колку имиња
на градови што почнуваат со
внесените букви биле најдени во
меморијата на адреси на системот.
Ако бројот надминува 999, се
прикажува „> 999“, видете ја
сликата горе.
Со понатамошно внесување букви, бројот имиња на градови што се
поклопуваат со внесените букви се намалува.
Штом бројот имиња на градови што
се поклопуваат ќе биде еднаков
или помал од 5, автоматски се
прикажува список имиња на
градови што се поклопуваат.
Инаку, може да го изберете
екранското копче List (Листа) кога
било за да го принудите системот да прикаже список со сите имиња
на градови што се поклопуваат со
веќе внесените букви.
Во двата случаи потоа може да
изберете ставка од списокот за да
го додадете односното име на
градот на адресата на вашата
дестинација.
Забелешка
Ако системот најде само едно име
на град што одговара на
внесените букви во својата
меморија на адреси, нема да
Page 58 of 171

58Навигација
прикаже список, туку директно ќе
го додаде соодветното име на
градот во адресата на
дестинацијата.
Директно внесување на
адреса Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Изберете ја ставката Enter address
(Внеси адреса) .
Се прикажува изборникот ENTER
ADDRESS (ВНЕСИ АДРЕСА) .
Забелешка
За детален опис на внесувањето
податоци за адресите преку
изборниците со тастатури, видете
во „Користење изборници со
тастатури за внесување
адреси“ погоре.
Забелешка
Подолу, внесувањето податоци за
адресата е опишано со следниов
редослед за внесување: 1) име на земјата, 2) име на градот/
поштенски број, 3) име на
улицата, 4) број на куќата.
Може да го користите и
редоследот за внесување: 1) име
на земјата, 2) име на улицата, 3)
број на куќата, 4) име на градот/
поштенски број.
Внесување податоци за адреса 1. Внесување на името на земјата:
Ако земјата на дестинацијата
треба да се внеси или смени:
изберете ја ставката Country of
dest. (Земја на одредиштето) .
Се прикажува изборник со
тастатура за внесување на
името на земјата.
Внесете го името на земјата.
Page 59 of 171

Навигација59
Откако ќе се внесе името на
земјата, повторно се прикажува
изборникот ENTER ADDRESS
(ВНЕСИ АДРЕСА) .
2. Внесување на името на градот
или поштенскиот број:
Изберете ја ставката City
(Град) за да го внесете името
или поштенскиот број на градот
на вашата дестинација.
Се прикажува изборник со
тастатура за внесување на
името на градот или
поштенскиот број.Внесете го името или
поштенскиот број на саканиот
град.
Откако ќе се внесе името на
градот или поштенскиот број,
повторно се прикажува
изборникот ENTER ADDRESS
(ВНЕСИ АДРЕСА) .
3. Внесување име на улица:
Изберете ја ставката Street
(Улица) за да го внесете името
на улицата на вашата
дестинација.
Се прикажува изборник со
тастатура за внесување на
името на улицата.Внесете го името на саканата
улица.
Забелешка
Додека не е внесена буква за името на улицата, може да го
скокнете внесувањето име на
улица избирајќи го екранското
копче Centre (Центар) .
Дестинацијата потоа ќе се
постави на центарот на градот и ќе се прикаже изборникот
CONFIRM DESTINATION
(ПОТВРДИ ОДРЕДИШТЕ) .
Продолжете со чекор 5.
Откако ќе се внесе името на
улицата, системот автоматски
прикажува изборник со
тастатура за внесување број на
улицата, видете ја сликата
долу.
Забелешка
Доколку на системот не му треба
број на куќата за недвосмислено
одредување на дестинацијата,
нема да се прикаже изборник за внесување на бројот на куќата,
туку изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
Page 60 of 171

60Навигација
ОДРЕДИШТЕ). Продолжете со
чекор 5.
4. Внесување број на куќа:
Внесете го саканиот број на
куќа или, ако не го знаете
бројот, изберете го екранското
копче No num. (Нема број) .
Ако го изберете екранското
копче No num. (Нема број) ,
дестинацијата се одредува на
средината на одредишната
улица и се прикажува
изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
ОДРЕДИШТЕ) . Продолжете со
чекорот 5.
Ако внесете број на куќа, а тој
број не постои, се прикажува
порака што ги пружа следниве
можности:
No number (Нема број) : не се
зема предвид бројот на куќата.
Get number from list (Земи број
од листа) : се прикажува список
со достапните броеви на куќи.
Изберете ја саканата опција
(екранско копче).
Ако ја изберете опцијата No
number (Нема број) , се
прикажува изборникот CONFIRM DESTINATION
(ПОТВРДИ ОДРЕДИШТЕ) .
Продолжете со чекорот 5.
Ако ја изберете опцијата Get
number from list (Земи број од
листа) , се прикажува список
достапни броеви на куќи и/или
опсег броеви.
Изберете ставка од списокот со
саканиот број на куќа или опсег
на броеви.
Се прикажува изборникот
CONFIRM DESTINATION
(ПОТВРДИ ОДРЕДИШТЕ) .
5. Потврдување на новата
дестинација:
Page 61 of 171

Навигација61
Изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
ОДРЕДИШТЕ) прикажува карта
на областа околу претходно
внесената адреса. Новата
дестинација е означена со
шаховско знаме.
Ако сакате да почнете водење
по маршрута до внесената
адреса на дестинацијата
веднаш, продолжете со чекор 6.
Ако сакате (1) да ја преместите
новата дестинација на нова
локација или (2) да ја зачувате
адресата на новата
дестинација во адресарот:
изберете го екранското копче
Menu (Изборник) .
Се прикажува порака што ги
дава опциите (1) Move
(Помести) и (2) Store (Зачувај)
опишани погоре.
Изберете ја саканата опција
(екранско копче).
Преместување на
дестинацијата на нова
локација:
Ако го изберете екранското
копче Move (Помести) од
пораката, се прикажува
изборникот SCROLL MAP
(ЛИСТАЈ МАПА) .Ако е потребно, може да го
поместите видливиот дел од
картата во произволна насока
со движење на својот прст по
екранот и да го смените
размерот на картата со вртење
на повеќефункционалното
копче.
Потчукнете на картата за да ја
преместите дестинацијата на
нова локација.
Знамето на дестинацијата сега
е прикажано на новата
локација.
Изберете го екранското копче
OK за да ја потврдите новата
локација на дестинацијата.
Повторно се прикажува
изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Ако сакате да почнете водење
по маршрута до новата
дестинација веднаш,
продолжете со чекор 6.
Зачувување на новата
дестинација во адресарот:
Page 62 of 171

62Навигација
Ако сакате да ја зачувате
адресата на новата
дестинација во адресарот: изберете го екранското копче
Menu (Изборник) , а потоа
изберете го екранското копче
Store (Зачувај) на прикажаната
порака.
Се прикажува изборник со
тастатура за внесување на
името.
Внесете го саканото име за
претходно одредената
дестинација.
Изберете го екранското копче
OK за да ја зачувате адресата
на новата дестинација во
адресарот со претходно
внесеното име.
Откако ќе се зачуваат
податоците за адресата во
адресарот, повторно се
прикажува изборникот
CONFIRM DESTINATION
(ПОТВРДИ ОДРЕДИШТЕ) .
6. Почнување водење по
маршрута:
Во изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
ОДРЕДИШТЕ) : изберете го
екранското копче Start (Почни)
за да почнете водење по
маршрута до претходно
одредената адреса.
Навигацискиот систем ќе ја
пресмета маршрутата, па ќе
почне водењето по маршрута.
Опис на водењето по
маршрута, видете во поглавјето „Водење“ 3 74.Употреба на адресарот
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Изберете ја ставката Address book
(Адресар) .
Се прикажува список на сите
адреси (дестинации) во адресарот.
Page 63 of 171

Навигација63
Користејќи го адресарот, може
практично да ги зачувате адресите
на своите омилени дестинации, а
подоцна да ги изберете истите како
дестинации за водење по
маршрута.
Додавање нови адреси
(дестинации)
Во адресарот може да се зачуваат
најмногу 50 адреси. Кога ќе се
достигне максималниот број
адреси, треба да избришете некоја адреса пред да додадете нова.
Изберете го записот Add New Entry
(Додај нов запис) од списокот
(првиот запис на списокот).
Се прикажува изборник со неколку
опции за додавање нови адреси.
Следните опции се достапни:
■ New Address (Нова адреса) : го
прикажува изборникот за директно внесување адреса.
Внесување податоци за саканата
нова адреса, видете во
„Директно внесување
адреса“ (чекори 1 до 4) погоре.
Откако ќе се внесат сите
податоци за адресата, се
прикажува изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Претходно внесената адреса е
означена со шаховско знаме.
За да ја смените претходно
внесената адреса со картата:
Изберете го екранското копче
Move ( Помести) за да го отворите
изборникот SCROLL MAP
(ЛИСТАЈ МАПА) .
Page 64 of 171

64Навигација
Ако е потребно, може да го
поместите видливиот дел од картата во произволна насока со
движење на својот прст по
екранот и да го смените
размерот на картата со вртење
на повеќефункционалното копче.
Потчукнете на картата за да ја
одредите соодветната локација
како нова адреса.
Шаховското знаме на
дестинацијата сега е прикажано
на новата адреса/локација.
Изберете го екранското копче
OK за да ја потврдите новата
локација на дестинацијата.
Повторно се прикажува
изборникот CONFIRM
DESTINATION (ПОТВРДИ
ОДРЕДИШТЕ) .
За да ја зачувате новата адреса
во адресарот:
Изберете го екранското копче
Save (Сочувај) .
Се прикажува изборник со
тастатура за внесување на
името.
Внесете го саканото име за
новиот запис во адресарот и
изберете го екранското копче OK за да ги зачувате податоците
за новата адреса во адресарот.
■ From Previous Destinations (Од
претходни одредишта) :
прикажува листа со дестинации
што претходно биле користени за водење по маршрута.
Изберете претходна дестинација
што сакате да ја зачувате во
адресарот.
Се прикажува изборник со
тастатура за внесување на
името.
Внесете го саканото име на новиот запис во адресарот и
изберете го екранското копче OK за да ги зачувате податоците
за новата адреса во адресарот.