Page 65 of 171
Навигација65
■Current Destination (Моментно
одредиште) : ја зачувува
моментната дестинација во
адресарот (достапно е само ако
е активно водењето по
маршрута).
За да ги зачувате податоците за
адресата: видете го описот
погоре.
■ Current Position (Моментна
положба) : ја зачувува
моментната дестинација во
адресарот.
За да ги зачувате податоците за
адресата: видете го описот
погоре.Избирање адреси (дестинации) за
водење по маршрута,
преименување или бришење
адреси
Изберете ја саканата ставка од
адресарот.
Се прикажува изборник што ги
прикажува информациите за
адресата од избраниот запис во
адресарот.
Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Rename (Преименувај) :
прикажува изборник со тастатура за внесување име.
Page 66 of 171

66Навигација
Внесете ново име за записот во
адресарот и изберете го
екранското копче OK за да го
потврдите новото име.
■ Del. all (Избриши сè) : ги брише
сите записи од адресарот.
■ Delete (Избриши) : го брише
избраниот запис од адресарот.
■ OK : ја одредува прикажаната
адреса или координатите GPS
како нова дестинација и почнува
водење по маршрута за таа
дестинација.
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
Одбирање точка од интерес
Точка од интерес (ТИ) е посебна
локација што може да биде
интересна, како бензинска пумпа,
паркинг или ресторан.
Во Инфозабавниот систем, ТИ се
дефинира со координатите GPS
( вредности за географска должина
и ширина) и име.
Податоците зачувани на SD-
картичката на картата содржат
голем број претходно определени
ТИ што се означени со соодветни
симболи на екранот на мапата.
Може да ги избирате тие ТИ како
дестинации за водење по
маршрута.
За да изберете точка од интерес:
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Изберете ја ставката Points of
interest (Интересни точки) .
Се прикажува изборникот POINTS
OF INTEREST (ИНТЕРЕСНИ ТОЧКИ) .
Page 67 of 171
Навигација67
Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Restaurants nearby (Ресторани во
близина) : прикажува список
ресторани блиску до моментната локација.Секој запис од списокот ја
покажува оддалеченоста во
права линија и приближната
насока до односниот ресторан.
Изберете запис од списокот за да
се прикаже изборник со детални
информации за односниот
ресторан.За да се вратите на списокот
ресторани: изберете го
екранското копче List (Листа).
За да почнете водење по
маршрута до избраниот
ресторан: изберете го
екранското копче Start (Почни).
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
■ Parking nearby (Паркинг во
близина) : прикажува список
паркинзи блиску до моментната
локација.
Оперативни чекори за почеток на водењето по маршрута до
Page 68 of 171

68Навигација
одреден паркинг, видете ги
упатствата за Restaurants nearby
(Ресторани во близина) погоре.
■ Petrol stations nearby (Бензински
пумпи во близина) : прикажува
список бензински пумпи блиску до моментната локација.
Оперативни чекори за почеток на водењето по маршрута до
одредена бензинска пумпа,
видете ги упатствата за
Restaurants nearby (Ресторани во
близина) погоре.
■ Search near here (Барај блиску до
овде) : овозможува пристап до
сите ТИ близу до моментната
локација.
Се прикажува порака откако ќе се
избере ставката.
За да најдете одредена ТИ, може да пребарувате по Category
(Категорија) или по Name (Име) .
Изберете ја саканата опција за
пребарување (екранско копче)
од пораката.
Пребарување по категорија:Откако ќе го изберете екранското
копче Category (Категорија) од
пораката, се прикажува список
категории на ТИ.
Изберете ја саканата категорија.
Зависно од избраната
категорија, може да се прикаже
список поврзани поткатегории за
да се прочисти барањето ТИ.
Во тој случај, изберете ја
саканата поткатегорија.
Конечно, ќе се прикаже список
ТИ според категоријата.
Оперативни чекори за почеток на водењето по маршрута до
одредена ТИ, видете ги
упатствата за Restaurants nearby
(Ресторани во близина) погоре.
Пребарување по име:
Откако ќе го изберете екранското
копче Name (Име) од пораката,
се прикажува изборник со
тастатура за барање ТИ.
Внесете име на ТИ, или дел од
името, а потоа изберете го
екранското копче List (Листа) за
да почнете да ја барате таа ТИ,
или соодветно, сите ТИ чии
имиња ја содржат внесената
комбинација букви.
Забелешка
Ако не внесете ниедна буква и
почнете пребарување ТИ,
системот ќе ги бара сите ТИ во
близина на моментната положба.
Додека се врши пребарувањето,
се прикажува порака во колкав
радиус околу моментната
положба системот бара ТИ.
Page 69 of 171

Навигација69
Може да го прекинете
пребарувањето кога сакате со
избирање на екранското копче
Stop (Стоп) во пораката, или
може да почекате додека не се прикаже список со сите најдени
ТИ.
Оперативни чекори за почеток на водењето по маршрута до
одредена ТИ, видете ги
упатствата за Restaurants nearby
(Ресторани во близина) погоре.
■ Search near destination (Барај
блиску до одредиште) :
овозможува пристап до сите ТИ
близу до моментната
дестинација (достапно е само
ако е активно водењето по
маршрута).
Оперативни чекори за барање
ТИ и за почнување водење по
маршрута до одредена ТИ,
видете ги упатствата за Search
near here (Барај блиску до овде)
погоре.
■ Search in another city (Барај во
друг град) : овозможува пристапдо сите ТИ во рамките на избран
град.
За да изберете град, видете во
„Директно внесување
адреса“ (чекори 1 до 2) погоре.
Откако ќе изберете град, може да барате ТИ во него по Category
(Категорија) или по Name (Име) ,
видете ги упатствата во Search
near here (Барај блиску до овде) погоре.
Избирање кориснички определена точка од интерес Освен претходно определените
точки од интерес (ТИ) зачувани на
SD- картичката за картата, може да
направите кориснички определени
ТИ што ги исполнуваат вашите
лични потреби и да ги преземете
истите во Инфозабавниот систем,
видете во поглавјето
„Користење“ 3 42.
Ако кориснички определените ТИ
се преземени во Инфозабавниот
систем, може да ги изберете тие ТИ
како дестинации за водење по
маршрута.За да изберете кориснички
определена точка од интерес:
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Изберете ја ставката User POIs
(Кориснички ИТ) .
Се прикажува список на сите
преземени кориснички определени
ТИ.
Изберете ја саканата ставка од
списокот.
Page 70 of 171

70Навигација
Се прикажува изборник што ги
прикажува координатите GPS и
описен коментар (ако го има) за
избраната ТИ.
За да се вратите на списокот
кориснички ТИ: изберете го
екранското копче List (Листа).
За да почнете водење по маршрута до избраната корисничка ТИ:
изберете го екранското копче Start
(Почни) .
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
Одбирање на дестинација од
мапата Овој начин за внесување
дестинација ви овозможува да
барате нова дестинација движејќи
ја видливата област на картата и
да ја одредите саканата локација
на новата дестинација со
потчукнување на картата.
За избирање дестинација од
картата:Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Изберете ја ставката Destination
from map (Одредиште од карта) .
Се прикажува изборникот
DESTINATION FROM MAP
(ОДРЕДИШТЕ ОД КАРТА) и
прикажува карта на областа околу
моментната положба.
Картата се прикажува
дводимензионално, со север горе.
Може да го движите видливиот дел
од картата во произволна насока
со движење на прстот по екранот.
Ако е потребно, сменете го
размерот на картата со вртење на
повеќефункциското копче.
Движете го видливиот дел на
картата додека не се прикаже
областа околу локацијата што ја
барате.
Потчукнете ја картата за да
одредите нова дестинација на
саканата локација.
Page 71 of 171

Навигација71
Шаховското знаме сега ја означувановата дестинација, а на долниот
дел на картата се прикажува името
на улицата (или координатите
GPS) на новата дестинација.
Изберете го екранското копче Set
(Постави) .
Се прикажува порака со следниве
опции:
Save (Сочувај) : зачувај ги
податоците за адресата на новата
дестинација во адресарот.
Set as (Одреди како) Destination
(Одредиште) : почни водење по
маршрута до новата дестинација.
Изберете ја саканата опција
(екранско копче).
Откако ќе го изберете екранското
копче Save (Сочувај) од пораката,
се прикажува изборник со
тастатура за внесување име.
Внесете го саканото име за новата
дестинација и изберете го
екранското копче OK за да ги
зачувате податоците за адресата
на новата адреса во адресарот.
Откако ќе го изберете екранското
копче Set as (Одреди како)
Destination (Одредиште) од
пораката, се пресметува
маршрутата до новата дестинација и почнува водењето по маршрута.
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
Избирање крстосница како дестинација Овој начин за внесување
дестинација функционира речиси
исто како што е опишано за
„Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Наместо одредување локација на улица по број на куќа, треба да
одредите локација по крстосница.
За да изберете крстосница како
дестинација:
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Page 72 of 171

72Навигација
Изберете ја ставката Intersection as
destination (Крстосница како
одредиште) .
Извршете ги чекорите 1 до 3 од
„Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Откако ќе внесете име на улица:
Ако има само една улица што се
вкрстува со претходно одредената
улица, се прикажува изборникот
CONFIRM DESTINATION
(ПОТВРДИ ОДРЕДИШТЕ) .
Продолжете со чекорот 5 од
„Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Ако има 5 или помалку улици што
се вкрстуваат, се прикажува список
на сите улици што се вкрстуваат.
Изберете ја саканата улица што се
вкрстува и продолжете со чекорот
5 од „Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Ако има повеќе од 5 улици што се
вкрстуваат, се прикажува изборник
со тастатура за внесување име.
Внесете го името на улицата што
се вкрстува со претходно
одредената улица или изберете го
екранското копче List (Листа) за
директно прикажување список на
сите улици што се вкрстуваат.
Изберете ја саканата улица што се
вкрстува и продолжете со чекорот
5 од „Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Одбирање претходна
дестинација
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Previous Destinations (Претходни
одредишта) .
Се прикажува список со
дестинации што претходно биле користени за водење по маршрута.