Page 89 of 171

Телефон89
моментно споени соИнфозабавниот систем.
Ставката во списокот на уредот
со Bluetooth што е моментно
поврзан со Инфозабавниот
систем е означена со 9.
2. Изберете го саканиот уред.
3. На уредот со Bluetooth: ако веќе
не е вклучена, вклучете ја
функцијата Bluetooth (видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth).
На екранот на Инфозабавниот
систем: по неколку секунди се
прикажува порака што
покажува дали поврзувањето
Bluetooth било успешно или не.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
било успешно: доколку друг уред
со Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој уред
сега е откачен од системот.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
не било успешно, почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството
за употреба на уредот со Bluetooth.Отстранување споен уред
Во изборникот BLUETOOTH
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
BLUETOOTH) : изберете ја
ставката Delete Paired Device
(Избриши поврзан уред) .
Се прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Ставката во списокот на уредот со
Bluetooth што е моментно поврзан
со Инфозабавниот систем е
означена со 9.
Изберете го саканиот уред. Уредот
е отстранет од списокот споени
уреди.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
Page 90 of 171

90Телефондоволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност
Вртете го бројот за ити повици (на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот одслужбата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце ракувањето со мобилниот
телефон и понатаму ќе биде
возможно, на пр. примање на
повик или дотерување на
гласноста.
По воспоставувањето на врската помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Инфозабавниот систем. Тоа може
да потрае, зависно од мобилниот
телефон и количеството податоци
што треба да се пренесат. За тоа
време, ракувањето со мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем е можно само до одредена
мерка.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа
отстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични мобилни телефони е
можно.
Контролни елементи за
ракување со телефон Најважните контролни елементи
специфични за телефонот се
следниве:
Page 91 of 171

Телефон91
На таблата со инструменти
Копче m: вртете го за
прилагодување на гласноста.
Копче I: притиснете за приказ на
изборникот за телефонот.
На воланот
Копче p:
■ Ако Порталот за телефон е активен: 1 притискање: приказ на
телефонскиот изборник; 2
притискања: повторно бирање (ако е поврзан телефон и е
зачуван број на списокот за
повторно бирање).
■ Ако е активен Порталот за телефон: кратко притискање:прифаќање на дојдовниот повик
или крај на активниот повик;
долго притискање: одбивање на
дојдовниот повик.
Тркалце o: вртете го за
прилагодување на гласноста.Предуслови
Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 87.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 87.
Активирање на режимот за
разговор без раце Притиснете го копчето I.
На екранот се прикажува PHONE
(ТЕЛЕФОН) менито.
Ако има мобилен телефон во
опсегот на Инфозабавниот систем со активна функција Bluetooth ишто е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 87, се прикажува
следниот изборник по неколку
секунди.
Забелешка
Ако прегледот на изборникот No
Telephone Device (Нема
телефонски уред) не се тргне,
проверете дали е вклучена
функцијата Bluetooth на вашиот
мобилен телефон и дали е тој
споен со Инфозабавниот систем
3 87. За да го отворите
Page 92 of 171

92Телефон
изборникот BLUETOOTH SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ BLUETOOTH) :
изберете го екранското копче Connect (Поврзи) .
Мобилниот телефон е сега поврзан
со Инфозабавниот систем преку
Bluetooth и се активира режимот за
разговор без раце.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку изборникот
PHONE (ТЕЛЕФОН) (и сродните
подизборници) и преку контролите
за телефон на воланот, видете во
„Контролни елементи за ракување
со телефон“ погоре и 3 10.
Може да помине извесно време
додека да можат да се изберат екранските копчиња Phonebk
(Именик) и Call lists (Листи повици)
затоа што податоците од именикот
и списокот повици се пренесуваат
од мобилниот телефон во
Инфозабавниот систем.
За подателни информации за ова,
видете во „Поставување на
именикот“ подолу.
Почнување телефонски повик Употреба на именикот
Во именикот, контактите се
зачувани со име и телефонски број.
За детали за преземање на
именикот и за други информации
поврзани со именикот видете во
„Поставување на
именикот“ подолу.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Phonebk
(Именик) за да го отворите
изборникот PHONEBOOK
(ИМЕНИК) .
Ако телефонот содржи многу
записи: видете во „Барање
телефонски број“ подолу.
Листајте го списокот записи во именикот и изберете го саканиот
контакт. Се прикажува изборник со
сите телефонски броеви сочувани
за избраниот контакт.
Page 93 of 171

Телефон93
За да почнете телефонски повик:
изберете го саканиот телефонски
број. Избраниот телефонски број
се бира.
Барање телефонски број
Ако именикот содржи многу записи,
може практично да го барате
саканиот контакт преку изборникот
Search (Барај) .
Во изборникот PHONEBOOK
(ИМЕНИК) : изберете ја ставката
Search (Барај) (првиот запис во
списокот).
Се прикажува изборникот Search
(Барај) .
За да се прикажат сите записи од
именикот што почнуваат со
одредена буква:
Внесете ја буквата (изберете го
екранското копче Delete
(Избриши) за да избришете
внесена буква), а потоа изберете го екранското копче List (Листа).
Повторно се прикажува изборникот
PHONEBOOK (ИМЕНИК) и ги
прикажува записите од именикот
чие име на контактот почнува со
внесената буква.
За да се прикаже еден запис од
именикот:
Внесете ги првите букви од името
на контактот што го барате
(изберете го екранското копче
Delete (Избриши) еднаш или
повеќепати за да ги избришете
веќе внесените букви).
Штом системот ќе најде име на
контакт чии први букви се
поклопуваат со внесените букви, се прикажува целото име на
соодветниот запис од именикот
(видете ја сликата погоре).
Изберете го екранското копче OK
за да се прикаже изборник со сите
зачувани телефонски броеви за
избраниот контакт.
Забелешка
Ако барате запис од именикот што бил зачуван само со телефонски
број или што содржи посебни
знаци, изберете го екранското
копче 123ÄÖ за да го смените
видот тастатура.
Page 94 of 171
94Телефон
Користење на списоците на повициСите дојдовно, појдовни и
пропуштени повици се
регистрираат во соодветен список
на повици.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Call lists (Листи
повици) за да го отворите
изборникот CALL LIST (ЛИСТА
ПОВИЦИ) .
Изберете го саканиот список
повици, на пр. Missed Calls
(Пропуштени повици) .
Се прикажува изборник со
односниот список повици.
За да почнете телефонски повик:
изберете го саканиот запис од
списокот. Односниот телефонски број се бира.
Повторно бирање телефонски број Последниот биран телефонски
број може повторно да се бира.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Redial (Бирај
повторно) .
Се прикажува изборникот REDIAL
(БИРАЈ ПОВТОРНО) и ги
прикажува телефонскиот број и
другите податоци за контактот (ако ги има) што се на последниот
биран телефонски број.
За да почнете телефонски повик:
изберете го екранското копче {.
Прикажаниот телефонски број се
бира.
Page 95 of 171

Телефон95
Рачно внесување телефонски број
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче { за да се
прикаже изборникот за рачно внесување број.
За да почнете телефонски повик:
внесете го саканиот телефонски
број (изберете го екранското копче
Delete (Избриши) за да ги бришете
веќе внесените бројки), а потоа изберете го екранското копче OK.
Внесениот телефонски број се бира.
Пристапување кон сандачето за
говорна пошта
Внесете го телефонскиот број на
поврзаниот мобилен телефон
рачно, видете во „Рачно
внесување телефонски
број“ погоре.
Или (ако е достапно во изборникот
PHONEBOOK (ИМЕНИК) ):
изберете ја ставката за говорна
пошта со телефонскиот број на
поврзаниот мобилен телефон
(името на ставката се разликува,
зависно од мобилниот телефон),
видете во „Користење на
именикот“ погоре.
Забелешка
Зависно од операторот, може да
биде потребно да се внесе шифра за говорна пошта на мобилниот
телефон за да се добие пристап
до сандачето за говорна пошта.
Дојдовен телефонски повик
Ако е активен режим за аудио,
на пр. режим за радио или ЦД, во
времето на дојдовниот повик,соодветниот извор на звук ќе се
стиши и ќе остане стишен додека
не заврши повикот.
Се прикажува порака со
телефонскиот број или името на
повикувачот (ако се достапни).
За да одговорите на повикот:
изберете го зеленото екранско
копче {.
За да го одбиете повикот: изберете
го црвеното екранско копче }.
Втор дојдовен телефонски повик
Ако пристигне втор телефонски
повик за време на активен повик, се прикажува порака со телефонскиот
број или името на повикувачот (ако се достапни).
Забелешка
Ако операторот овозможува,
звучни сигнали дополнително ќе
известуваат за втор дојдовен
повик.
За да одговорите на вториот повик
и да го прекинете активниот повик:
изберете го зеленото екранско
копче {.
Page 96 of 171

96Телефон
За да го одбиете вториот повик и даго продолжите активниот повик:
изберете го црвеното екранско
копче }.
Функции за време на повик
За време на активен повик,
прикажан е изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) подолу.
Привремено исклучување на
режимот за разговор без раце
(режим за приватност)
Изберете го екранското копче
Handset (Телефонски уред) .
Разговорот може да се продолжи
само преку мобилниот телефон.
За да се вратите во режимот за
разговор без раце: повторно
изберете го екранското копче
Handset (Телефонски уред) .
Забелешка
Ако режимот за разговор без раце
на Порталот за телефон е
привремено исклучен, етикетата
на екранското копче Handset
(Телефонски уред) е означена со
портокалова боја.
Привремено исклучување на
микрофонот
Изберете го екранското копче Mic.
off (Искл. микрофон) . Повикувачот
веќе нема да ве слуша.
За да го вклучите микрофонот:
повторно изберете го екранското
копче Mic. off (Искл. микрофон) .
Забелешка
Ако режимот за микрофон на
Порталот за телефон е исклучен,
етикетата на екранското копче
Mic. off (Искл. микрофон) е
означена со портокалова боја.Забелешка
Ако се исклучи палењето за време на повик, поврзувањето останува
активно додека не заврши
разговорот.
Завршување телефонски повик
Изберете го екранското копче }.
Повторно се прикажува главниот
изборник за телефонот.
Поставување на именикот
Откако ќе поврзете мобилен
телефон со Инфозабавниот
систем, именикот од вашиот
мобилен телефон со телефонски
броеви и имиња (ако ги има)
автоматски ќе се преземе во
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Зависно од бројот записи во
именикот и поврзаниот мобилен
телефон, преземањето податоци
може да потрае неколку минути.
Додека мобилниот телефон е
поврзан со Инфозабавниот систем, именикот останува трајно зачуван
во Инфозабавниот систем.