50Навигација
■Voice Vol. (Јачина на гласот) : ако
е вклучено говорното водење (видете погоре), сменете ја оваа
поставка за да ја прилагодите
гласноста на говорните команди. По секоја промена, се слуша
повратна информација.
■ Position Information ( Информации
за положбата) : ја прикажува
адресата или координатите GPS
на моментната положба.
За да ја зачувате прикажаната
адреса или координатите GPS во
адресарот, изберете го
екранското копче Save (Сочувај).Достапни се следните
понатамошни поставки/опции:
■ Time Display (Приказ на
времето) : менува меѓу приказот
на проценетото време за
пристигнување и проценетото
преостанато време на патување,
видете во „Информации за
приказот на картата“ погоре.
■ Distance Units (Единици за
далечина) : ја менува мерната
единица за информации за
оддалеченоста на екранот меѓу
милји и километри.
■ POI Warning (Предупредување
за ИТ) : достапно е само ако во
Инфозабавниот систем се
преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ) со соодветни пораки за
предупредување, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
Ако оваа опција е поставена на
On (Вкл.) : кога возилото ќе се
приближи до кориснички
определена ТИ, се прикажувасоодветната порака за
предупредување.
■ POI Warning Distance (Далечина
за предупредување за ИТ) :
достапно е само ако во
Инфозабавниот систем се
преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ) и соодветни пораки за
предупредување, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
Со користење на оваа опција од
изборникот може да одредите на
која оддалеченост пред да се
дојде до кориснички определена
ТИ ќе се прикаже соодветната
порака за предупредување.
Изберете ја ставката за да се
прикаже список со
оддалечености за
предупредување за ТИ што може да се изберат.
Изберете ја саканата
оддалеченост за
предупредување за ТИ.
Навигација53
За секоја ТИ треба да определите
координати GPS (географска
должина и ширина) на локацијата
на ТИ и описно име.
Откако ќе ги преземете податоците
за ТИ на Инфозабавниот систем, ќе го најдете името на ТИ (на пр.
„Куќата на Михаил“) во изборникот
за кориснички определени ТИ
3 55. Може да ја изберете
соодветната ставка како
одредиште за водење по
маршрута.
(2) Предупредувања за ТИ : ТИ за
кои сакате да бидете
предупредени (на пр. многу остри
свиоци на патот) пред да дојдете
до одредена локација.
За секоја ТИ треба да определите
координати GPS (географска
должина и ширина) на локацијата на ТИ и описна порака за
предупредување.
Откако ќе ги преземете податоците
за ТИ во Инфозабавниот систем, и
доколку водењето по маршрута е
вклучено:Кога возилото ќе се доближи до
локацијата на ТИ определена со
координатите GPS, ќе се прикаже
соодветната порака за
предупредување (на пр. „Многу
нагло свртување“).
Со користење на опцијата POI
Warning Distance (Далечина за
предупредување за ИТ) од
изборникот NAVIGATION SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ НАВИГАЦИЈА) ,
видете погоре, може да одредите
на која оддалеченост пред да се
дојде до кориснички определена
ТИ ќе се прикаже соодветната
порака за предупредување.
Правење кориснички определени
ТИ
За секој вид ТИ треба да направите
посебна текстуална датотека,
на пр. со некоја едноставна
програма за уредување текст.Одредишни ТИ
1. Направете текстуална датотека
со произволно име и со
наставка .asc, на пр.
„ОдредишниТочкиТоме.asc“.
2. Податоците за ТИ треба да се внесени во текстуалната
датотека во следниов формат:
Координата на географската
должина, координата на
географската ширина, „Име на
ТИ [ коментар ]“
На пример: 9.9800000,
52.0150000, „Куќата на Михаил
[ Права улица ]“
Навигација55
3. Во папката „myPOIs“ направетепотпапка со име
„ myPOIWarnings “.
4. Во таа потпапка зачувајте ја текстуалната датотека со
предупредувањата за ТИ,
на пр.
„F:\myPOIs\myPOIWarnings
\TomsPOIWarnings.asc“
Преземање на кориснички
определените ТИ
Поврзете го погонот USB со
податоците за кориснички
определените ТИ во приклучокот
за USB 3 36 на Инфозабавниот
систем.
За да почне преземањето:
притиснете го копчето SETUP,
изберете го екранското копче
Navigation (Навигација) , изберете
ја ставката Download my POIs now
(Преземи ги моите ИТ сега) , а
потоа потврдете ја прикажаната
порака.
Податоците за ТИ ќе се преземат
во Инфозабавниот систем.Внесување дестинација
Достапни се разни начини за да ја одредите вашата дестинација заводење по маршрута.
Притиснете го копчето NAV за да
се отвори изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) .
Изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) има три опции што
може да ги користите за внесување
дестинација:
■ Destination (Одредиште) : го
отвора изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Забелешка
Ако е активно водењето по
маршрута, се прикажува порака
пред да се отвори изборникот
ENTER DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Треба првин да решите дали
сакате да додадете точка на патот
(попатна дестинација) на
моментно одредената
дестинација, или сакате да ја
замените моментно одредената
дестинација со нова.
Детален опис за додавање точка
на патот на дестинација, видете во поглавјето „Водење“ 3 74.
Навигација81
Од пораката што ќе се прикаже,
изберете го екранското копче Add
waypoint (Додај точка на патот) .
Внесете или изберете дестинација
за точката на патот, видете во
поглавјето „Внесување
дестинација“ 3 55.
Откако ќе ја додадете саканата точка на патот, навигацискиот
систем ќе ја пресмета маршрутата
од моментната положба до новата
попатна дестинација, и
маршрутата од попатната
дестинација до конечната
дестинација.
Точката на патот ќе биде означена
на картата со црвено шаховско
знаме.
Откако ќе дојдете до точката на
патот, водењето по маршрута
автоматски ќе продолжи со водење до конечната дестинација.
Забелешка
За секое патување може да
поставите само една точка на
патот во одреден момент. Ако има
веќе активна точка на патот кога
поставувате нова точка,водењето по маршрута до
старата точка на патот ќе се
откаже.
Вклучување на кориснички
одредени предупредувања за ТИ Може да одредите
„Предупредувања за ТИ“ за ТИ за
кои сакате да бидете
предупредени (на пр. многу остри
свиоци на патот) пред да дојдете
до одредена локација.
Одредување лични
предупредувања за ТИ и нивно
преземање во Инфозабавниот
систем, видете во поглавјето
„Користење“ 3 42.
Вклучување на предупредувањата
за ТИ:
Притиснете го копчето SETUP,
изберете ја ставката Navigation
(Навигација) , а потоа поставете го
POI Warning (Предупредување за
ИТ) на On (Вкл.) .Динамично водење
Ако е активно динамичното водење по маршрута, целата моментална
сообраќајна ситуација којашто ја прима Инфозабавниот систем
преку TMC се вклучува во
пресметувањето на маршрутата.
Маршрутата се предлага земајќи ги
предвид сите сообраќајни
проблеми или ограничувања
според претходно поставените
критериуми (на пр. „најкраткиот пат“, „избегнување патишта“ итн.).
Во случај на сообраќаен проблем
(на пр. застој во сообраќајот,
затворен пат) на маршрутата по
којашто возите, се прикажува
порака и се дава звучна порака што укажува на природата на
проблемот. Возачот може да
одлучи дали ќе вози околу
сообраќајниот проблем додавајќи
ја предложената промена до
маршрутата или дали ќе продолжи
низ сообраќајниот проблем.