Вовед15
Навигација
Притиснете го копчето NAV за да
се отвори изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) .
Притиснете го копчето MAP за да
се прикаже патна карта што ја
покажува моментната положба на
возилото.
Детален опис на функциите на навигацијата 3 41.
Телефон
Притиснете го копчето I за да се
отвори изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) .
Детален опис на функциите на
порталот за телефон 3 86.
Контроли за ракување со
изборниците
Допирен екран
Екранот на Инфозабавниот систем има површина чувствителна на
допир што овозможува директно
меѓудејство со прикажаните
контроли на изборниците.На пример, може да активирате
екранско копче така што ќе го
потчукнете на него со прст, или да ја смените положбата на екрански
лизгач движејќи го со прстот.Внимание
Не користете шилести или
тврди предмети како пенкала,
моливи или нешто слично за
ракување со допирниот екран.
Копче за повеќе функции
Доколку допирниот екран не се користи за ракување со
изборниците, повеќефункциското
копче е главен контролен елемент
за изборниците.
Вртење: ■ за да изберете екранско копче или ставка од изборник
■ за да смените вредност на поставкаПритиснете:■ за да активирате избрано екранско копче или ставка одизборник
■ за да потврдите сменета вредност на поставка
■ за да смените на друга опција за поставување
Копче / (назад)
Притиснете го копчето / за да се
вратите од подизборник до
следното повисоко ниво на
изборник.
Ако е моментно активен главниот
изборник, на пр. изборникот FM1
или CD, притисокот на копчето /
ја прикажува картата со
моментната положба на возилото.
74Навигација
има) и ја зачувува моментната
положба како нова домашна
адреса.
Потоа ќе се прикажат податоците
за адресата или координатите
GPS за моментната положба.
■ Change (Смени) : го прикажува
изборникот за директно
внесување адреса.
Користејќи го овој изборник може да внесете и зачувате нова
домашна адреса, видете во
„Директно внесување
адреса“ погоре.
Старата домашна адреса (ако ја има) ќе се избрише.
■ Start (Почни) : ја одредува
прикажаната домашна адреса
или координатите GPS како нова
дестинација и почнува водење по
маршрута за таа дестинација.
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.Водење
Општи информации Водењето по маршрута го
обезбедува навигацискиот систем
преку визуелни упатства и говорни
команди (говорно водење).
Визуелни упатства
Визуелните упатства се
прикажуваат на екранот на
картата, во изборникот TRAFFIC
INFO (СООБРАЌАЈНИ
ИНФОРМАЦИИ) , во сите главни
изборници за аудио, на пр.
изборникот CD, и во изборникот
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Визуелни упатства прикажани на
екранот на картата:
Визуелни упатства прикажани во
изборниците, на пр. радио
изборникот FM1:
Телефон87разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на, на
пример, мобилен телефон или
МП3-плеер со други уреди.
За да можете да поставите
поврзување Bluetooth со
Инфозабавниот систем,
функцијата Bluetooth на уредот со Bluetooth мора да биде вклучена, а
уредот со Bluetooth треба да биде поставен на „видлив“ (режим за
откривање). За повеќе
информации, видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уредот со Bluetooth и
Порталот за телефон) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот BLUETOOTH
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
BLUETOOTH) .
За да го отворите изборникот
BLUETOOTH SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ BLUETOOTH) :
притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете ја ставката
Bluetooth & telephone (Bluetooth и телефон) .
Телефон91
На таблата со инструменти
Копче m: вртете го за
прилагодување на гласноста.
Копче I: притиснете за приказ на
изборникот за телефонот.
На воланот
Копче p:
■ Ако Порталот за телефон е активен: 1 притискање: приказ на
телефонскиот изборник; 2
притискања: повторно бирање (ако е поврзан телефон и е
зачуван број на списокот за
повторно бирање).
■ Ако е активен Порталот за телефон: кратко притискање:прифаќање на дојдовниот повик
или крај на активниот повик;
долго притискање: одбивање на
дојдовниот повик.
Тркалце o: вртете го за
прилагодување на гласноста.Предуслови
Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 87.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 87.
Активирање на режимот за
разговор без раце Притиснете го копчето I.
На екранот се прикажува PHONE
(ТЕЛЕФОН) менито.
Ако има мобилен телефон во
опсегот на Инфозабавниот систем со активна функција Bluetooth ишто е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 87, се прикажува
следниот изборник по неколку
секунди.
Забелешка
Ако прегледот на изборникот No
Telephone Device (Нема
телефонски уред) не се тргне,
проверете дали е вклучена
функцијата Bluetooth на вашиот
мобилен телефон и дали е тој
споен со Инфозабавниот систем
3 87. За да го отворите
92Телефон
изборникот BLUETOOTH SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ BLUETOOTH) :
изберете го екранското копче Connect (Поврзи) .
Мобилниот телефон е сега поврзан
со Инфозабавниот систем преку
Bluetooth и се активира режимот за
разговор без раце.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку изборникот
PHONE (ТЕЛЕФОН) (и сродните
подизборници) и преку контролите
за телефон на воланот, видете во
„Контролни елементи за ракување
со телефон“ погоре и 3 10.
Може да помине извесно време
додека да можат да се изберат екранските копчиња Phonebk
(Именик) и Call lists (Листи повици)
затоа што податоците од именикот
и списокот повици се пренесуваат
од мобилниот телефон во
Инфозабавниот систем.
За подателни информации за ова,
видете во „Поставување на
именикот“ подолу.
Почнување телефонски повик Употреба на именикот
Во именикот, контактите се
зачувани со име и телефонски број.
За детали за преземање на
именикот и за други информации
поврзани со именикот видете во
„Поставување на
именикот“ подолу.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Phonebk
(Именик) за да го отворите
изборникот PHONEBOOK
(ИМЕНИК) .
Ако телефонот содржи многу
записи: видете во „Барање
телефонски број“ подолу.
Листајте го списокот записи во именикот и изберете го саканиот
контакт. Се прикажува изборник со
сите телефонски броеви сочувани
за избраниот контакт.
Телефон93
За да почнете телефонски повик:
изберете го саканиот телефонски
број. Избраниот телефонски број
се бира.
Барање телефонски број
Ако именикот содржи многу записи,
може практично да го барате
саканиот контакт преку изборникот
Search (Барај) .
Во изборникот PHONEBOOK
(ИМЕНИК) : изберете ја ставката
Search (Барај) (првиот запис во
списокот).
Се прикажува изборникот Search
(Барај) .
За да се прикажат сите записи од
именикот што почнуваат со
одредена буква:
Внесете ја буквата (изберете го
екранското копче Delete
(Избриши) за да избришете
внесена буква), а потоа изберете го екранското копче List (Листа).
Повторно се прикажува изборникот
PHONEBOOK (ИМЕНИК) и ги
прикажува записите од именикот
чие име на контактот почнува со
внесената буква.
За да се прикаже еден запис од
именикот:
Внесете ги првите букви од името
на контактот што го барате
(изберете го екранското копче
Delete (Избриши) еднаш или
повеќепати за да ги избришете
веќе внесените букви).
Штом системот ќе најде име на
контакт чии први букви се
поклопуваат со внесените букви, се прикажува целото име на
соодветниот запис од именикот
(видете ја сликата погоре).
Изберете го екранското копче OK
за да се прикаже изборник со сите
зачувани телефонски броеви за
избраниот контакт.
Забелешка
Ако барате запис од именикот што бил зачуван само со телефонски
број или што содржи посебни
знаци, изберете го екранското
копче 123ÄÖ за да го смените
видот тастатура.
94Телефон
Користење на списоците на повициСите дојдовно, појдовни и
пропуштени повици се
регистрираат во соодветен список
на повици.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Call lists (Листи
повици) за да го отворите
изборникот CALL LIST (ЛИСТА
ПОВИЦИ) .
Изберете го саканиот список
повици, на пр. Missed Calls
(Пропуштени повици) .
Се прикажува изборник со
односниот список повици.
За да почнете телефонски повик:
изберете го саканиот запис од
списокот. Односниот телефонски број се бира.
Повторно бирање телефонски број Последниот биран телефонски
број може повторно да се бира.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Redial (Бирај
повторно) .
Се прикажува изборникот REDIAL
(БИРАЈ ПОВТОРНО) и ги
прикажува телефонскиот број и
другите податоци за контактот (ако ги има) што се на последниот
биран телефонски број.
За да почнете телефонски повик:
изберете го екранското копче {.
Прикажаниот телефонски број се
бира.
Телефон95
Рачно внесување телефонски број
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче { за да се
прикаже изборникот за рачно внесување број.
За да почнете телефонски повик:
внесете го саканиот телефонски
број (изберете го екранското копче
Delete (Избриши) за да ги бришете
веќе внесените бројки), а потоа изберете го екранското копче OK.
Внесениот телефонски број се бира.
Пристапување кон сандачето за
говорна пошта
Внесете го телефонскиот број на
поврзаниот мобилен телефон
рачно, видете во „Рачно
внесување телефонски
број“ погоре.
Или (ако е достапно во изборникот
PHONEBOOK (ИМЕНИК) ):
изберете ја ставката за говорна
пошта со телефонскиот број на
поврзаниот мобилен телефон
(името на ставката се разликува,
зависно од мобилниот телефон),
видете во „Користење на
именикот“ погоре.
Забелешка
Зависно од операторот, може да
биде потребно да се внесе шифра за говорна пошта на мобилниот
телефон за да се добие пристап
до сандачето за говорна пошта.
Дојдовен телефонски повик
Ако е активен режим за аудио,
на пр. режим за радио или ЦД, во
времето на дојдовниот повик,соодветниот извор на звук ќе се
стиши и ќе остане стишен додека
не заврши повикот.
Се прикажува порака со
телефонскиот број или името на
повикувачот (ако се достапни).
За да одговорите на повикот:
изберете го зеленото екранско
копче {.
За да го одбиете повикот: изберете
го црвеното екранско копче }.
Втор дојдовен телефонски повик
Ако пристигне втор телефонски
повик за време на активен повик, се прикажува порака со телефонскиот
број или името на повикувачот (ако се достапни).
Забелешка
Ако операторот овозможува,
звучни сигнали дополнително ќе
известуваат за втор дојдовен
повик.
За да одговорите на вториот повик
и да го прекинете активниот повик:
изберете го зеленото екранско
копче {.