Page 17 of 171

Вовед17
Пораки
Пред да се изврши системска
функција, често се појавува порака
дали функцијата треба да се
изврши или како да се изврши
истата.
Избирањето и активирањето
екранско копче за функција во
порака е исто како што е опишано
за екранските копчиња во
изборник.
Притиснете го копчето / ако
сакате да ја тргнете пораката без
да активирате системска функција.
Листање низ долг список ставки
Ако се достапни повеќе ставки
отколку што можат да се прикажат
на екранот, се прикажува лента за
листање.
Со допирниот екран: ■ Потчукнете го екранското копче ∧ или ∨ на лентата за листање,
или
■ движете го лизгачот на лентата за листање надолу или нагоре сопрст
за да листате низ ставките.Со поќефункциското копче:
Вртете го повеќефункциското
копче надесно или налево за да
листате низ ставките.
Прилагодување поставка
Подолу се прикажани и опишани
различните видови поставки
достапни во изборниците за
поставување.Пример: Аудио поставкиСо допирниот екран:
Потчукнете едно од екранските
копчиња покрај поставката, на пр.
- или +, за да ја прилагодите.
Page 18 of 171

18Вовед
Со поќефункциското копче:1. Свртете го повеќефункциското копче надесно или налево за даизберете ставка.
2. Притиснете го повеќефункциското копче за даја активирате избраната ставка.
Етикетата на ставката е
нагласена со црвена боја.
3. Вртете го повеќефункциското копче надесно или налево за даја прилагодите поставката.
4. Притиснете го повеќефункциското копче за да
ја потврдите прилагодената
поставка.
Етикетата на ставката веќе не е нагласена со црвена боја.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за
прилагодување поставка преку
допирниот екран или
повеќефункциското копче ќе
бидат опишани едноставно како
„прилагодете ја... поставката...“.Пример: Поставка за избегнување
патиштаСо допирниот екран:
Потчукнете го екранското копче -
или + покрај поставката за да ја
прилагодите.Со поќефункциското копче:
Истите чекори како што се опишани во „Пример: Аудио поставки“.Пример: Поставки за екранотСо допирниот екран:
Потчукнете на ставка за да
смените на друга поставка.
Забелешка
Точките под одредена поставка покажуваат колку опции се
достапни за неа.
Page 19 of 171

Вовед19
Со поќефункциското копче:1. Свртете го повеќефункциското копче надесно или налево за да
изберете ставка.
2. Притиснете го повеќефункционалното копчеза да смените на друга
поставка.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за
префрлување на друга опција за
поставување преку допирниот
екран или повеќефункциското
копче ќе бидат опишани
едноставно како „поставете... на...
име на опцијата“.Пример: Системски поставкиСо допирниот екран:
Потчукнете ставка, на пр. Touch
Click (Допирен клик) , за да ја
смените поставката на On (Вкл.)
или Off (Искл.) .Со поќефункциското копче:
1. Свртете го повеќефункциското копче надесно или налево за да
изберете ставка.
2. Притиснете го повеќефункциското копче за дасмените поставката на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за
префрлување на поставка на On
(Вкл.) или Off (Искл.) преку
допирниот екран или
повеќефункциското копче ќе
бидат опишано едноставно како
„поставете... на... On (Вкл.)...“ или
„поставете... на... Off (Искл.)“.
Поставки на тонот
Page 20 of 171

20Вовед
За да го отворите изборникот
AUDIO SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ АУДИО) :
■ Притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете го екранското копче Audio (Аудио) ,
или
■ ако моментно е активен главниот
изборник за аудио, на пр.
изборникот FM1 или CD,
притиснете го
повеќефункциското копче.
Забелешка
Екранското копче Audio (Аудио) во
изборникот SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ) не може да се
избере ако гласноста е ставена на
нула.
Bass (Басови)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите
длабоките фреквенции од
изворите на звук.Treble (Високи)
Користете ја оваа поставка за да ги
засилите или придушите високите
фреквенции од изворите на звук.
Balance (Баланс лево-десно)
Користете ја оваа поставка за
прилагодување на распределбата
на гласноста меѓу левите и десните звучници во возилото.
Fader (Баланс напред-назад)
Користете ја оваа поставка за
прилагодување на распределбата
на гласноста меѓу предните и
задните звучници во возилото.Поставки на гласноста
Прилагодување на гласноста со
надоместување според брзината
За да го отворите изборникот
AUDIO SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
АУДИО) :
■ Притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете го екранското копче Audio (Аудио) ,
Page 21 of 171

Вовед21
или
■ ако моментно е активен главниот
изборник за аудио, на пр.
изборникот FM1 или CD,
притиснете го
повеќефункциското копче.
Забелешка
Екранското копче Audio (Аудио) во
изборникот SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ) не може да се
избере ако гласноста е ставена на нула.
За да го прилагодите степенот на
приспособување на гласноста:
поставете го Speed vol. (Јачина
според брзина) на вредност меѓу
0 и 5.
0 : без засилување на гласноста при
зголемување на брзината на
возилото.
5 : максимално засилување на
гласноста при зголемување на
брзината на возилото.Прилагодување на гласноста на
изворите приклучени на AUX
(видете ја сликата на изборникот
AUDIO SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ АУДИО) погоре)
За да го приспособите релативното ниво на гласноста за
надворешните извори на звук,
на пр. ЦД-плеер: поставете го AUX
Level (Ниво на AUX) на Quiet
(Тивко) , Medium (Средно) или Loud
(Гласно) .
Прилагодување на гласноста на
говорните команди (навигација)За да го отворите изборникот
NAVIGATION SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ НАВИГАЦИЈА) :
притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете го екранското
копче Navigation (Навигација) .
Ако Voice Guidance (Наведување
со глас) е поставено на Off (Искл.),
поставете го на On (Вкл.).
Поставете го Voice Vol. (Јачина на
гласот) на саканото ниво на
гласноста. По секоја промена, се слуша повратна информација.
Системски поставки
Page 22 of 171

22Вовед
Преку изборникот SYSTEM SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ) може
да се вршат разни поставувања и
прилагодувања на Инфозабавниот систем.
За да го отворите овој изборник:
притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете го екранското
копче System (Систем) .
Прилагодување на екранот
За да го отворите изборникот
DISPLAY SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
ПРИКАЗ) : изберете ја ставката
Display (Приказ) .Осветленост
За да ја прилагодите осветленоста на екранот: поставете го Brightness
(Осветленост) на Very Bright ( Многу
светло) , Bright (Светло) , Medium
(Средно) , Dark (Темно) или Very
Dark (Многу темно) .Режим на екранот
За да го прилагодите екранот кон
надворешната осветленост:
поставете го Display Mode (Режим
за приказ) на Day (Ден) , Night
(Ноќ) или Automatic (Автоматски) .
Кога е избрано Automatic
(Автоматски) , режимот на екранот
се менува автоматски зависно од
надворешната осветленост.Насока на листање
За да ја прилагодите насоката на
листање за избирање на ставките
од изборниците преку
повеќефункциското копче:
поставете го Scroll Direction
(Насока за листање) на [ или ].Прилагодување на јазикот
Текстовите на изборниците на
екранот на Инфозабавниот систем може да се прикажуваат на разнијазици.
Кога го менувате јазикот на
текстовите на изборниците, се
менува и јазикот на говорните
команди.
За да го отворите изборникот
LANGUAGE (ЈАЗИК) : изберете ја
ставката Language (Јазик) .
Изберете го саканиот јазик за
текстовите на изборниците.
Page 23 of 171
Вовед23
Вклучување или исклучување на
допирните кликања
Ако ставката Touch Click (Допирен
клик) на изборникот SYSTEM
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
СИСТЕМ) е поставена на On
(Вкл.) , при секое потчукнување на
екранско копче или ставка се
слуша звук на кликање.
Вклучување или исклучување на
системските звуци
Ако ставката System sounds
(Системски звуци) на изборникот
SYSTEM SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
СИСТЕМ) е поставена на On
(Вкл.) , се слуша бип по следниве
кориснички или системски дејства:
■ Радио: зачувување станица преку едно од копчињата за
станици 1...6.
■ ЦД-плеер: вклучување брзо премотување напред или назад.
■ Навигација: вклучување или исклучување на говорното
водење преку екранското копче
Voice (Глас) на екранот на
картата.Враќање на фабричките поставки
За да се вратат сите системски
поставки и меморијата на
фабричките основни поставки: изберете ја ставката Factory
settings (Фабрички поставки) од
изборникот SYSTEM SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ) и
потврдете ја пораката што ќе се
појави.
Page 24 of 171

24РадиоРадиоУпотреба..................................... 24
Пребарување станици ...............25
Радио податочен систем
(RDS) ........................................... 27Употреба
Забелешка
Во изборниците за радиото може
да го користите само допирниот
екран за избирање или
активирање на екранските
копчиња на дното на
изборниците.
Активирање на радиото Притиснете го копчето FM-AM за
да се отвори главниот изборник на радиото.
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Ако во моментот се емитува
станица со RDS 3 27, прикажани
се името на станицата и
информациите поврзани со
програмата.
Одбирање на брановата
должина Притиснете го копчето FM-AM
еднаш или повеќе пати за да се избере саканата бранова должина.
Последно пуштената станица во
таа бранова должина ќе се прима.
Ако брановата должина е сменета
од FM1 во FM2 или обратно,
станицата што моментно се прима останува активна.
Ако станицата што моментно се
прима е зачувана на копчињата за
станици 1...6, се прикажува
соодветниот број на копчето, на пр. P3 покрај името на брановата
должина во горната линија на
изборникот.