Page 25 of 171

Радио25
Забелешка
Достапни се два изборника за
брановата должина FM и во нив
може да сочувате 12 FM станици
на копчињата за станици 1...6.
Вклучување или исклучување
на сообраќајните соопштенија
(ТА)
Изберете го екранското копче TA
за да го вклучите или исклучите
приемот на сообраќајни
соопштенија.
Повеќе детали за функцијата ТА
3 27.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици Притиснете го кусо копчето
l или m. Се врши барање на
следната станица која може да се
прими и таа се пушта автоматски.
Ако не се најде друга станица што има прием, повторно ќе се емитува последната емитувана станица.Користење на приказот на
фреквенцијата
Изберете го екранското копче Tune
(Местење станици) . Се прикажува
скала на фреквенциите.
Притиснете го копчето l или m
(на таблата со инструменти) и
држете го. Отпуштете го копчето
кога речиси ќе се достигне
саканата фреквенција на скалата.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Ако не се најде друга станица што
има прием, повторно ќе се емитува последната емитувана станица.
Рачно штелување на станици
Со копчето за повеќе функции
Додека е активен главниот
изборник за радиото: вртете го
повеќефункциското копче надесно
или налево за да ја менувате
фреквенцијата.
Користење на приказот на
фреквенцијата
Изберете го екранското копче Tune
(Местење станици) . Се прикажува
скала на фреквенциите.
Достапни опции за прилагодување на бараната фреквенција.
■ Потчукнете на скалата на фреквенциите.
■ Притиснете го кусо екранското копче k или l.
■ Притиснете го и држете го екранското копче k или l.
■ Вртете го повеќефункциското копче надесно или налево.
Page 26 of 171

26Радио
Список FM станициНа списокот FM станици се
прикажани сите FM радио станици
што може да се изберат во
моментното приемно подрачје.
Изберете го екранското копче FM
List (FM-листа) за да се прикаже
списокот.
Записот на моментно
репродуцираната радио станица е
означен со црвена боја.
Ако некоја стануца е зачувана на
едно од копчињата за станици 1...6,
на списокот се прикажани
соодветното име на брановата
должина и бројот на копчето, на пр.
FM1-P3 .
Изберете ја ставката на саканата
FM станица.
Забелешка
Двојниот тјунер на
Инфозабавниот систем постојано
го ажурира списокот со FM
станици во заднина.
Со ова се обезбедува дека, на пр., списокот со станици секогаш ги
содржи станиците што може да се
примат во локалното подрачје за
време на долго патување по
автопат.
Бидејќи автоматското ажурирање
трае извесно време, не сите
станици кои може да се примат,
можат да бидат достапни веднаш
на списокот со станици при
ненадејна промена во пределот на приемот.Копчиња за станици 1 ..6
На секоја бранова должина (AM,
FM1 и FM2) може да се зачуваат
шест радио станици на копчињата
за станици 1...6.
Зачувување станица 1. Одберете ја саканата бранова должина.
2. Наместете ја саканата станица или изберете ја од списокот FM
станици.
3. Притиснете и држете едно од копчињата за станици додека
не чуете бип.
Соодветниот број на копчето,
на пр. P3, се прикажува покрај
името на брановата должина во
горниот ред на изборникот.
Радио станицата што се емитува се
зачувува и во иднина може да се
повика преку копчето за станица.
Page 27 of 171

Радио27
Забелешка
Ако не се слуша звучен сигнал
кога се зачувува станица,
системските звуци се исклучени.
Вклучување на системските звуци
3 13.
Повикување на станица
Изберете ја саканата бранова
должина, а потоа кусо притиснете
копче за станица за да ја повикате
соодветната радио станица.
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е систем преку кој се
пренесуваат шифрирани
дигитални информации
дополнително на нормалното
емитување на радио станиците FM.
RDS овозможува информативни
услуги како име на станицата,
сообраќајни информации и радио-
текст.Режим
RDS Regional (Регионално)
Во извесни времиња некои RDS станици емитуваат регионално
различни програми на различни
фреквенции.
Инфозабавниот систем секогаш се мести на фреквенцијата на
моментно свирената станица со
RDS што има најдобар прием.
Ако е вклучен режимот RDS
Regional (Регионално) , се земаат
предвид само фреквенциите на
моментната станица со RDS со
иста регионална програма.
Ако е исклучен режимот RDS
Regional (Регионално) , се земаат
предвид и фреквенциите на
моментната станица со RDS со
различна регионална програма.
Вклучување и исклучување на
режимот
RDS Regional (Регионално)
Притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете го екранското
копче Radio settings (Поставки за
радио) .Се прикажува изборникот RADIO
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ РАДИО) .
Наместете го RDS Regional
(Регионално) на On (Вкл.) или Off
(Искл.) .
Сообраќајни соопштенија ( TA)
Функцијата ТА е достапна во секој режим на работа ( на пр. FM-радио,
ЦД или навигација), освен во AM-
радио.
Ако е вклучена функцијата ТА и
Инфозабавниот систем прими
сообраќајно соопштение од
Page 28 of 171

28Радио
станица со RDS, моментно
активниот извор на звук се
прекинува.
Се прикажува порака и се емитува
говорно соопштение.
За време на говорното соопштение
гласноста може да смени со
копчето m.
Сообраќајното соопштение може
да се откаже со избирање на
екранското копче Cancel (Откажи).
Кога ќе заврши или ќе се откаже сообраќајно соопштение,
гласноста автоматски се враќа на
првобитната поставка.
Забелешка
Кога е избран оперативен режим
различен од радио режимот
(на пр. ЦД или навигациски
режим), радиото останува
вклучено во заднина.
Ако последната избрана радио
станица не емитува сообраќајни
соопштенија, Инфозабавниот систем автоматски мести радио
станица што емитува сообраќајнисоопштенија (дури и ако
претходно била избрана бранова
должина АМ).
Тоа обезбедува да се примаат
важните сообраќајни соопштенија
во врска со регионот во секое време, без оглед на избраниот
оперативен режим.
Вклучување или исклучување на
сообраќајните соопштенија
Изберете го екранското копче TA
за да го вклучите или исклучите
приемот на сообраќајни
соопштенија.
Кога е вклучен приемот на
сообраќајни соопштенија, се
прикажува TA во горниот ред на
сите главни изборници. Ако не
може да се примаат сообраќајни
соопштенија, TA е пречкртано.
Забелешка
Екранското копче TA е достапно
во сите главни изборници за звук (на пр. изборникот FM1 или CD) иво изборникот TRAFFIC INFO
(СООБРАЌАЈНИ
ИНФОРМАЦИИ) .
Во изборникот TRAFFIC INFO
(СООБРАЌАЈНИ
ИНФОРМАЦИИ) , екранското
копче TA не може да се избере ако
гласноста е ставена на нула.
Слушање само сообраќајни
соопштенија
Вклучете ги сообраќајните
соопштенија и исклучете ја
гласноста на Инфозабавниот
систем докрај.
Page 29 of 171

ЦД-уред29ЦД-уредОпшти информации...................29
Употреба ..................................... 30Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA.Внимание
Не ставајте под никакви услови
ДВД-а, сингл ЦД-а со пречник од
8 см или ЦД-а со посебен облик
во аудио плеерот.
Немојте да ставите налепници
на ЦД-ата. Тие дискови може да се заглават во единицита за ЦД
и да ја расипат единицата.
Тогаш неопходна ќе биде скапа
замена на уредот.
Важни информации за аудио
ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA ■ Може да се користат следниве формати на ЦД-а:
CD, CD-R и CD-RW.
■ Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO9660 Level 1, Level 2, (Romeo,
Joliet).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во кој било формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно, а
имињата на нивните фајлови и
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или
воопшто да не се репродуцираат.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување
(CD-RW) се поранливи во поглед
на неправилното ракување од
однапред запишаните ЦД-а.
Правилното ракување треба да
се обезбеди, особено во случај
на ЦД-а за запишување (CD-R) и ЦД-а за повеќекратно
запишување (CD-RW); видете подолу.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување може
Page 30 of 171

30ЦД-уред
да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат.
■ На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. МП3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
■ Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за да се заштитат од оштетувања и
валканост.
■ Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот внатре
во уредот и да предизвикаат
дефекти.
■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.■ Следните ограничувања важат за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:
Максимален број папки/музички
листи: 200.
Максимален број датотеки/
песни: 800.
Поддржани се барем 8 папки во
длабочина.
WMA дадотеки со дигитално
ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
WMA датотеки може да се
репродуцираат безбедно само ако тие беа создадени со
верзијата 9 или понова на
Windows Media Player.
Поддржани наставки на музички
листи: .m3u, .pls, .wpl.
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
■ Ова поглавје се занимава само со репродуцирањето на датотеки
во MP3 бидејќи ракувањето содатотеките во MP3 и во WMA е
исто. Кога е ставено ЦД со
датотеки во WMA формат, се
прикажуваат изборници
поврзани со MP3.
Употреба Забелешка
Во изборниците за ЦД-плеерот
може да го користите само
допирниот екран за избирање или
активирање на екранските
копчиња на дното на
изборниците.
Почнување со репродукција на ЦД‑то
Вметнете аудио или МП3 ЦД со
страната со етикетата нагоре во
отворот за ЦД додека не се
вовлече.
Репродукцијата на ЦД-то почнува
автоматски и изборникот CD или
CD MP3 се прикажува.
Ако вметнатото ЦД веќе било
репродуцирано во ЦД плеерот,
репродукцијата почнува од
последната репродуцирана песна.
Page 31 of 171

ЦД-уред31
Ако веќе има ЦД во уредот, но
изборникот за ЦД не е активен:
Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќепати за да го
отворите изборникот за аудио CD
или CD MP3 за да почне
репродукција на ЦД-то.
Репродукцијата на ЦД-то почнува
со последната репродуцирана
песна.
Зависно од податоците зачувани
на аудио ЦД-то или ЦД-то со MP3,
на екранот ќе се покажат различни
информации за ЦД-то и актуелната музичка нумера.
Ако е активен нормалниот режим
за репродукција на ЦД (без активен
режим за произволна или
повторлива репродукција):
репродукцијата почнува со првата
песна од ЦД-то откако ќе завршат
сите песни од него.
Забелешка
ЦД-плеерот не прави разлика
меѓу папките и музичките листи
зачувани на ЦД со МП3.
Описите подолу во врска со
папките на ЦД со МП3 се
однесуваат и на музичките листи.
Паузирање репродукција на
ЦД За да ја паузирате репродукцијата
на вметнатото ЦД: свртете ја
гласноста на нула.
За повторно да почне репродукција
на ЦД-то: вклучете ја гласноста.Избор на запис
При репродукција на аудио ЦД
Изберете го екранското копче
Browse (Разгледај) за да се
прикаже список на сите песни на
ЦД-то.
Записот на моментно
репродуцираната песна е означен
со црвена боја.
Одберете ја саканата песна.
Page 32 of 171

32ЦД-уред
При репродукција на ЦД МП3
Изберете го екранското копче
Browse (Разгледај) за да се
прикаже список на сите песни во моментно избраната папка.
Записот на моментно
репродуцираната песна е означен
со црвена боја.
За да изберете друга папка (ако
има): изберете ја ставката Folder
Up (Папка нагоре) (првиот запис во
списокот) или изберете го
копчето /. Се прикажува список
на сите папки на ЦД-то. Изберете ја
саканата папка.
Изберете ја саканата песна од
папката.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете го копчето
l или m еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете го копчето l или m
и држете го така за брзо вртење на
актуелниот запис напред или
назад.
Забелешка
За вклучувањето на функцијата за брзо премотување напред или
назад сигнализира звучен сигнал,
ако се вклучени системските
звуци 3 13.Произволен режим (мешање)
При репродукција на аудио ЦД
Ако е активен произволниот режим,
сите песни од аудио ЦД-то се
репродуцираат по случаен
редослед.
Изберете го екранското копче Mix
(Микс) за да го вклучите или
исклучите произволниот режим.
Ако е активен произволниот режим,
на екранот е прикажано Mix (Микс) .