Page 25 of 263
Основно ракување25
Изберете ја ставката Sort
(Подреди) за да се прикажат
почетните страници во режимот за
уредување.
Изберете ја иконата што сакате да
ја преместите.
Листајте до положбата на
почетната страница каде што
сакате да се наоѓа иконата.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за потврда.
Иконата се преместува на новото
место. Иконата што се наоѓала на
тоа место претходно сега се
прикажува на положбата на
преместената икона.Основни поставки на почетната
страница
За да ја вратите Home Page
(Почетна страница) на основните
фабрички поставки, изберете
Restore Home Page Defaults ( Врати
основни поставки на почетната
страница) .Исклучен екран
За да го исклучите екранот,
изберете Display Off (Исклучен
екран) .
За да го вклучите екранот
повторно, притиснете некое копче
на таблата со инструменти (освен
копчето m VOL ).
Page 26 of 263

26РадиоРадиоУпотреба..................................... 26
Пребарување станици ...............26
Списоци за автоматско
зачувување ................................. 28
Списоци со миленици ................29
Радио податочен систем
(RDS) ........................................... 30
Дигитална аудио дифузија ........32Употреба
Активирање на радиото
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата AM, FM или
DAB .
Се пушта последната избрана
станица.
Забелешка
Кога е веќе активен извор на звук,
може да менувате меѓу различни
извори на звук со притискање на
копчето SRCE.
Пребарување станици
Автоматско пребарување настаници
Накратко притиснете го копчето
t или v за да се пушти следната
станица од меморијата за станици.Рачно пребарување на
станици
Притиснете го и држете го копчето
t или v. Отпуштете го копчето
кога речиси ќе се достигне
саканата фреквенција на екранот
за фреквенции.
Рачно штелување на станици
Во фреквентните подрачја FM и
DAB, притиснете го
повеќефункциското копче за да го отворите соодветниот изборник, па
притиснете Manual tuning (Рачно
местење) . Моментално активната
фреквенција се прикажува на
дното на екранот.
Вртете го повеќефункциското
копче за да дојдете до саканата
фреквенција.
Во фреквентното подрачје АМ, вртете го повеќефункциското копче за да ја прилагодите
фреквенцијата.
Page 27 of 263

Радио27
Списоци со станициВо фреквентните подрачја FM и
DAB, вртете го повеќефункциското
копче за да се прикаже листа на
станици.
Во фреквентното подрачје АМ; притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже односниот
изборник за фреквентното
подрачје.
Изберете AM Station List (Список
на AM станици) .
Се прикажува листа на сите
станици што може да се примат на
односното фреквентно подрачје и
во моменталното приемно
подрачје.
Забелешка
Ако не се создал список на
станици однапред,
Инфозабавниот систем извршува
автоматско пребарување на
станици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Листа категории Бројни станици RDS 3 30 и DAB
3 32 емитуваат шифра PTY
којашто го определува видот на
емитуваната програма (на пр.
вести). Некои станици ја менуваат
и шифрата PTY, зависно од
содржината што се емитува во
моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици во
соодветната листа категории
подредена според видот програма.
Забелешка
Подизборничката ставка за листа
категории е достапна само за FM
и DAB.
За барање вид на програмата
одредена од станиците, изберете ја опцијата за листа категории
специфична за фреквентното
подрачје.
Се прикажува листа со типови
програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата. Се прикажува листа на
станиците што емитуваат
програма од избраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Page 28 of 263

28Радио
Ажурирање на списоците со
станици Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици АМ и DAB треба да се
ажурираат.
Забелешка
Листата станици FM се ажурира
автоматски.
Изберете ја соодветната ставка од
списокот во изборникот за
фреквентното подрачје за да се
ажурира списокот со станици.
Почнува пребарување на станици.
Штом ќе заврши пребарувањето,
се пушта претходно одбраната
станица.
За да го откажете барањето
станици, притиснете го
повеќефункционалното копче.
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за бранови должини, соодветниот список на категории
(ако го има) исто така се ажурира.Списоци за автоматско
зачувување Станиците со најдобар прием во
фреквентниот опсег може да се
зачуваат на списоци за автоматско сочувување и потоа да се бираат
од нив.
Секоја бранова должина има по
два списока за автоматско
зачувување ( AS 1, AS 2 ), а во секој
може да се зачуваат по 6 станици.
Забелешка
Моментално приманата станица
се селектира.
Автоматско зачување на
станици Држете го копчето AS притиснато
додека не се прикаже пораката за автоматско зачување.
12-те најјаки станици на
моменталното фреквентно
подрачје ќе се зачуваат на двата
списока за автоматско зачувување.
За да го откажете автоматското
зачувување, изберете го
екранското копче Cancel
(откажување) .
Зачувување на станици,
рачно
Станици може да се зачуваат и
рачно, на списоците за автоматско зачувување.
Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Притиснете го копчето AS за да се
отвори список за автоматско
зачувување или да се префрли на
друг список за автоматско
зачувување.
Page 29 of 263

Радио29
За снимање на станицата на некоја
позиција во списокот: притиснете
го соодветното копче на станицата 1...6 додека не се прикаже порака
за потврда.
Забелешка
Рачно зачуваните станици се
бришат во процес за автоматско
зачувување на станици.
Повикување на станица Ако треба, притиснете го копчето
AS за да се отвори список за
автоматско зачувување или да се
префрли на друг список за
автоматско зачувување.
Притиснете едно од копчињата за
станици 1...6 за да се активира
станицата во соодветната положба
на списокот.
Списоци со миленици Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
6 станици може да се зачуваат на
секој список со миленици. Бројот на
достапните списоци со миленици
не може да се намести (видете
подолу).
Забелешка
Моментално приманата станица
се селектира.
Зачувување станица Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Накратко притиснете го копчето
FAV за да се отвори список со
миленици или да се префрли на
друг список со миленици.
За снимање на станицата на некоја
позиција во списокот: притиснете
го соодветното копче на станицата 1...6 додека не се прикаже порака
за потврда.
Повикување на станица Ако треба, кратко притиснете го
копчето FAV за да се отвори список
со миленици или да се префрли на
друг список со миленици.
Притиснете едно од копчињата за
станици 1...6 за да ја активирате
станицата зачувана на односното
место.
Одредување на бројот
списоци со миленици Притиснете го копчето CONFIG, а
потоа изберете ја ставката Radio
Settings (Поставки за радиото) .
Изберете Number of Favourite
Pages (Број омилени страници) за
да се прикаже односниот
подизборник.
Изберете го бројот омилени
страници што сакате да се
прикажуваат.
Page 30 of 263

30РадиоРадио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ■ На екранот името на програмата на наместената станица се
појавува наместо нејзината
фреквенција.
■ При автоматско пребарување Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата на
емитувањето со најдобар прием
на наместената станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
■ Зависно од станицата којашто се
прима, Инфозабавниот систем
прикажува радио текст кој може
да содржи, на пример,
информации за актуелната
програма.Изборник со опции за RDS
За да го отворите изборникот за
конфигурирање на RDS,
притиснете го копчето CONFIG, а
потоа изберете ја ставката Radio
Settings (Поставки за радиото) .
Изберете RDS Options (Опции за
RDS) за да се прикаже односниот
подизборник.
Активирање на функцијата
RDS
Активирајте ја ставката RDS.
Забелешка
Ако е деактивирано RDS, не се
прикажуваат сите ставки од изборникот RDS Options (Опции
за RDS) .
Регионално
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.
Ако е активирано Regional
(регионален) , се избираат само
алтернативните фреквенции (AF)
на истите регионални програми.
Ако е деактивирано Regional
(регионален) , се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
Стопирање на текстот
Некои станици RDS не само што го
покажуваат името на програмскиот
сервис на екранот, туку и
дополнителни информации за
моменталната програма. Ако се
Page 31 of 263

Радио31
прикажат дополнителни
информации, името на програмата
е скриено.
За да се спречи прикажување
дополнителни информации,
активирајте ја ставката Text Scroll
Freeze (Запирање на листањето на текстот) .
Радио текст Ако е активирано RDS и прием на
станици RDS, информациите за програмата што е активна или за
песната што се репродуцира се
прикажуваат под името на
програмата.
За да се прикажат или да се скријат информациите, активирајте ја или
деактивирајте ја ставката Radio
Text (Радио текст) .
Радио сообраќајна услуга
(TP = Traffic Programme
(сообраќајна програма))
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.Ако е вклучена радио
сообраќајната услуга,
репродукцијата на радиото или
медиумите се прекинува за
времетраењето на сообраќајното
соопштение.
Вклучување и исклучување на
радио сообраќајната услуга
За вклучување и исклучување на функцијата за готовност на
сообраќајните соопштенија на
Инфозабавниот систем:
притиснете го копчето TP.
■ Ако радио сообраќајната услуга е
вклучена, на екранот е
прикажано [ ].
■ Ако актуелната станица не е станица со радио сообраќајна
услуга, автоматски почнува
пребарување на следната
станица со радио сообраќајна
услуга.
■ Ако се пронашла станица со радио сообраќајна услуга, на
екранот е нагласено [TP].Сообраќајна гласност
За да ја прилагодите гласноста на
сообраќајните соопштенија,
изберете ја ставката Traffic Volume
(Сообраќајна гласност) . Се
прикажува односниот
подизборник. Прилагодете ја
поставката по желба.
Слушање само сообраќајни
соопштенија
Вклучете ја радио сообраќајната
услуга и намалете ја гласноста на
Инфозабавниот систем докрај.
Блокирање на сообраќајните
соопштенија
За да блокирате сообраќајното
соопштение, на пр. за време на
репродукција на ЦД/МР3:
Притиснете го копчето TP или
изберете го екранското копче
Cancel (откажување) на пораката.
Сообраќајното соопштение се
откажува, но радио сообраќајната
услуга останува вклучена.
Page 32 of 263

32Радио
Автоматско прилагодување
на времето Системот постојано прима
информации за моменталните време и датум.
Ако сакате поставките за време и
датум да се ажурираат автоматски,
активирајте ја ставката RDS Auto
Time Adjust (Автоматско местење
на часовникот со RDS) .
Ако сакате рачно да ги поставувате
времето и датумот, активирајте ја ставката RDS Auto Time Adjust
(Автоматско местење на часовникот со RDS) .
Дигитална аудио
дифузија
Дигиталната аудио дифузија ( DAB)
е иновативен и универзален
систем за дифузија.Општи информации
■ Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
■ Со DAB може да се емитуваат повеќе радио програми (сервиси)
на една фреквенција (ансамбл).
■ Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да предава
податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и за
сообраќајот.
■ Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
■ Нема стишување (ослабнување на звукот) што е типично за AM
или FM приемот. DAB сигналот
се репродуцира на константна
гласност.■ Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM) не
се појавува со DAB.
Ако сигналот DAB е преслаб за
да го прима приемникот,
системот се префрлува на
истата програма на друга
станица DAB или FM.
■ Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB се
подобрува, додека AM или FM
приемот значително се влошува
во таквите случаи.
■ Кога е вклучен прием DAB, FM- радиото на инфозабавниот
систем остаснува активно во
заднина и постојано ги бара FM-
станиците со најдобар прием.
Ако е вклучено TP 3 30, се
емитуваат сообраќајните
соопштенија на станицата FM со
најдобар прием во моментот.
Исклучете го TP ако не сакате
приемот DAB да се прекинува со
сообраќајни соопштенија FM.