Page 17 of 263

Основно ракување17Основно ракувањеОсновни функции.......................17
Поставки на тонот ......................20
Поставки на гласноста ............... 21
Системски поставки ...................23Основни функции
Повеќефункциско копче Копчето за повеќе функции е
централниот контролен елемент за изборниците.
Свртете го копчето за повеќе
функции:
■ За да обележите изборна опција.
■ За да одредите алфанумеричка вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции (Navi 950 / Navi 650:
притиснете го надворешниот
прстен):
■ За да одберете или активирате обележана опција.
■ За да потврдите некоја поставена вредност.
■ За да вклучите или исклучите некоја системска функција.
■ За да отворите изборник за звук или за навигација во односната
апликација.; копче
Притиснете го копчето ; за да ја
отворите Home Page (Почетна
страница) .
Потоа може да пристапувате до
разни апликации со
повеќефункциското копче.
Вртете го повеќефункциското
копче за да го изберете екранското копче More (Повеќе) на дното на
екранот.
Page 18 of 263

18Основно ракување
Притиснете го повеќефункциското
копче (Navi 950 / Navi 650:
притиснете го надворешниот
прстен) за да се прикаже втора
Home Page (Почетна страница) со
уште апликации.
Потоа може да пристапувате до
разни апликации со
повеќефункциското копче.
Забелешка
До повеќето апликации или
изборници за апликации може да
се пристапи и со копчињата на
таблата со инструменти.
BACK копче
Притискајте го копчето BACK за
следново:
■ Излегување од изборник или екран.
■ Враќање од некој подизборник на
следното повисоко ниво во
изборникот.
■ Бришење на последниот знак во низа знаци.
Притиснете го и држете го
копчето BACK неколку секунди за
бришење на целото внесување.
Примери за ракувањето со
изборникот
Избирање екрански елемент
Свртете го копчето за повеќе
функции за да го поместите
курзорот (= заднина во боја) на
саканата опција.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да изберете обележана
икона, екранско копче или ставка
од изборник.Забелешка
Во следните поглавја, чекорите за избирање и вклучување екранско
копче или изборна ставка ќе се
опишуваат како „изберете го...
екранското копче“ или “изберете
ја... ставката“.
Листање
Ако има повеќе ставки отколку што
можат да се прикажат на екранот,
се прикажува лента за листање.
Вртете го повеќефункциското
копче надесно за да листате
надолу и налево за да листате нагоре.
Page 19 of 263

Основно ракување19
Забелешка
Во следните поглавја чекорите за
листање ќе се опишуваат како
„листајте до... ставката...“.
Прилагодување поставка
Свртете го копчето за повеќе
функции за да ја измените
актуелната вредност на
поставката.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да ја потврдите
наместената вредност.
Забелешка
Во следните поглавја чекорите за
прилагодување поставка ќе се
опишуваат како „прилагодете ја...
поставката...“.
Активирање изборна ставка
Свртете го копчето за повеќе
функции за да го поместите
курзорот (= заднина во боја) на
саканата опција.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да активирате изборна
ставка. Знак за штиклирање или
точка се појавува во квадрат или
круг покрај односната изборна
ставка.Забелешка
Во следните поглавја чекорите за
активирање изборна ставка ќе се
опишуваат како „активирајте ја...
ставката...“.
Внесување низа карактери
Свртете го копчето за повеќе
функции за да ја изберете саканата
буква.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да го внесете односниот
знак во полето за внесување горе
на екранот.
Последниот знак во низата знаци
може да се избрише со екранското
копче Del (Бриши) или со копчето
BACK . Со притиснување и држење
на копчето BACK така се бириши
целото запишивање.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го потврдите
одбраниот знак.
Page 20 of 263

20Основно ракување
Забелешка
Во следните поглавја чекорите за
внесување знаци ќе се опишуваат како „...внесете ги саканите
знаци...“.
Пораки
Пред да се изврши системска
функција, понекогаш ви се бара
дејство со порака. Ако се бара,
изберете една од опциите.
Избирањето и активирањето
екранско копче за функција во
порака е исто како што е опишано
за избирањето опции во изборник.
Поставки на тонот
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче More
(Повеќе) на дното на екранот. На
втората Home Page (Почетна
страница) , изберете ја иконата
Tone (тон) . Се прикажува
изборникот за поставки на тонот.
Бас
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите
длабоките фреквенции од
изворите на звук.
Прилагодете ја поставката по
желба.
Средни
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите средните
фреквенции од изворот на звук.
Прилагодете ја поставката по
желба.
Високи
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите високите
фреквенции од изворите на звук.
Прилагодете ја поставката по
желба.
Режим EQ
(EQ: Еквилајзер)
Користете ја оваа поставка за
оптимизирање на тонот за одреден стил на музика, на пр. за Rock
(рок) или Classical (класична) .
Изберете ја изборната ставка EQ.
Се прикажува подизборник со
претходно одредени стилови на
звукот.
Изберете го саканиот стил на звук.
Page 21 of 263

Основно ракување21
Ако се избере некој од претходно
одредените стилови на звукот,
Bass (басови) , Mid (Сред) и Treble
(високи тонови) се претходно
прилагодени од системот.
Ако рачно прилагодувате некоја од поставките опишани погоре, EQ се
поставува на Manual (рачно) .
Балансирање напред-назад и
лево-десно
Кога е избрано Fade (Стишување)
или Balance ( баланс), се прикажува
илустрација од десната страна на
екранот.За да го прилагодите
распределувањето на звукот меѓу
предните и задните звучници на
возилото, изберете ја ставката
Fade (Стишување) . Прилагодете ја
поставката по желба.
За да го прилагодите
распределувањето на звукот меѓу
левите и десните звучници на
возилото, изберете ја ставката
Balance (баланс) . Прилагодете ја
поставката по желба.
Поставки на гласноста Прилагодување на гласноста
на аудио најавите
Кога системот е вклучен или
исклучен, се емитуваат звуци.
Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката Radio
Settings (Поставки за радиото) .
Изберете ја изборната ставка
Audio Cue Options (Опции за звучен вовед) .Изберете или откажете Audio Cues
(Звучни воведи) за да ги
активирате или деактивирате
звуците при вклучување и
исклучување.
Изберете Audio Cue Volume
( Гласност на звучниот вовед) за да
се прикаже односниот
подизборник. Прилагодете ја
поставката по желба.
Прилагодување на
автоматската гласност
Притиснете го копчето CONFIG, а
потоа изберете ја опцијата Radio
Settings (Поставки за радиото) .
Изберете Auto Volume ( Автоматска
гласност) за да се прикаже
односниот изборник.
За да го прилагодите степенот на
прилагодување на гласноста,
поставете го Auto Volume
(Автоматска гласност) на Off
(исклучување) , Low (ниско) ,
Medium (средно) или High (високо) .
Off (исклучување) : без засилување
на гласноста при зголемување на брзината на возилото.
Page 22 of 263

22Основно ракување
High (високо): максимално
засилување на гласноста при
зголемување на брзината на
возилото.
Прилагодување на гласноста
при вклучување Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката Radio
Settings (Поставки за радиото) .
Изберете Startup Volume ( Гласност
при поаѓање) за да се прикаже
односниот изборник.
Прилагодете ја поставката по
желба.
Приспособување на
гласноста на сообраќајните
соопштенија Гласноста на сообраќајните
соопштенија може претходно да се одреди на ниво независно од
„нормалното“ ниво на гласноста.
Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката Radio
Settings (Поставки за радиото) .Изберете RDS Options (Опции за
RDS) , а потоа Traffic Volume
(Сообраќајна гласност) за да се
прикаже односниот изборник.
Прилагодете ја поставката по
желба.
Забелешка
Додека се дава соопштение,
гласноста може да се прилагоди
едноставно со копчето m.
Прилагодување на гласноста
на мелодиите
Кога се ракува со контролите на
возилото, писоци ги потврдуваат
Вашите дејства. Гласноста на
писоците може да се прилагоди.
Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката Vehicle
Settings (Поставки на возилото) .
Изберете Comfort and Convenience
(Удобност и практичност) , а потоа
Chime Volume (Гласност на ѕвон)
за да се прикаже односниот
подизборник. Изберете Normal
(Нормален) или High (високо) .Прилагодување на гласноста
на навигацијата
Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката
Navigation settings (Поставки на
навигацијата) .
Изберете ја изборната ставка
Navigation Volume (Гласност на
навигацијата) . Се прикажува
односниот подизборник.
За да ја прилагодите гласноста на
соопштенијата, изберете
Announcement (соопштение) , а
потоа прилагодете ја поставката по
желба.
За да ја прилагодите гласноста на
изворот на звук што можеби е
пуштен во заден план, изберете
Background (заднина) , а потоа
прилагодете ја поставката по
желба.
Изберете Volume Test (Проба на
гласноста) за да добиете звучен
пример на поставките.
Page 23 of 263

Основно ракување23
Забелешка
Додека се дава соопштение, гласноста може да се прилагоди
едноставно со копчето m.
Системски поставки
Разни поставки на инфозабавниот
систем може да се прилагодат
преку апликацијата Config
(Конфигурација) .
Поставки за јазикот
Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката
Languages (јазици) . Се прикажува
листа на сите достапни јазици.
Одберете го саканиот јазик.
Поставки за време и датумПритиснете го копчето CONFIG, а
потоа изберете ја ставката Time
and Date (Време и датум) за да се
прикаже соодветниот подизборник.
Забелешка
Ако е активно RDS Auto Time
Adjust (Автоматско местење на
часовникот со RDS) 3 30,
времето и датумот се местат
автоматски.
Местење на времето
За да се прилагодат поставките за
времето, изберете ја ставката Set
Time (Местење на часовникот) .
Прилагодете ги поставките по
желба.
Местење на датумот
За да се прилагодат поставките за
датумот, изберете ја ставката Set
Date (Местење на датумот) .
Прилагодете ги поставките по
желба.
Формат на времето
За да го изберете саканиот формат на времето, изберете ја ставката
12 hr / 24 hr Format (Формат 12/24
часа) . Се прикажува подизборник.
Активирајте 12 Hour (12 часа) или
24 Hour (24 часа) .
Информации за софтверот
Притиснете го копчето CONFIG а
потоа изберете ја ставката Radio
Settings (Поставки за радиото) .
Page 24 of 263

24Основно ракување
Листајте низ листата и изберете
Software Versions Menu (Изборник
со верзиите на софтверот) за да се
прикаже соодветниот подизборник.
Информации за верзијата на
софтверот
За да се прикаже листа на верзиите
на инсталираниот софтвер,
изберете Software Version
Information (Информации за
верзијата на софтверот) .
Основна поставка е дека сите
верзии се активни.
Ажурирање софтвер
За да го ажурирате системскиот
софтвер, контактирајте со
сервисниот партнер на Opel.
Дневнички фајл
За да се направи дневнички фајл за верзијата на моменталниот
софтвер, изберете ја ставката
Create Log File (Направи дневнички фајл) .Информации за лиценцирањето
За да се прикажат информации за
произведувачот на инфозабавниот систем, изберете Licensing
Information (Информации за
лиценцирањето) .
Основни фабрички поставки
За да ги вратите сите вредности на инфозабавата на фабричките
поставки, изберете Clear and Reset
Radio (Избриши и ресетирај
радио) .
Поставки за екранот Притиснете го копчето CONFIG, а
потоа изберете ја ставката Display
Settings (Поставки на екранот) за
да се прикаже соодветниот
подизборник.
Почетна страница
Изберете Home Page Menu
(Изборник на почетната страница)
за да се прикаже изборникот за
поставките на почетната страница.За да го отворите изборникот од
Home Page (Почетна страница) ,
изберете го екранското копче Menu
(Изборник) на дното на екранот.
Home Page (Почетна страница)
може да се прилагоди според
Вашите лични потреби.Прилагодување
Иконите на апликациите прикажани на првата почетна
страница може да се бираат по
желба.
Изберете ја ставката Customise
(Прилагоди) за да се прикаже листа
на сите апликации инсталирани на
системот. Активирајте ги ставките
на апликациите што сакате да се
прикажуваат на првата почетна
станица.
Другите апликации потоа се редат
на следните страници.Подредување
Може да се наредат до осум икони
на апликации на секоја почетна
страница.
Положбите на иконите може да се
менуваат по желба.