Page 41 of 263

Надворешни уреди41
Функциски копчиња
Копче за информации
Изберете го екранското копче Info
(Информации) на дното на екранот
за да се прикажат информации за
сликата зачувана на уредот USB,
на пр. име или број. Односните
информации се прикажуваат над
сликата.
Прескокнување до претходната
или следната слика
Изберете го екранското копче <
или > на дното на екранот за да се
прикаже претходната или следната слика.
Слајдови
За да почнат да се прикажуваат
сите слики сочувани во некоја
папка со слики како слајдови,
изберете го екранското копче 6 на
дното на екранот. Почнуваат да се
прикажуваат слајдови.
Кога ќе почнат слајдовите,
екранското копче 6 се менува во Q.
Изберете го екранското копче Q за
да ги паузирате слајдовите.
Вртење слика
Изберете го екранското копче R на
дното на екранот за да ја свртите
сликата.Изборник за слики
За да го прикажете изборникот за
слики, изберете го екранското
копче Menu ( Изборник) на дното на
екранот.
Главен прегледник на слики
Изберете ја ставката Picture Viewer
Main (Главен прегледник на слики)
за да се прикаже листа на сите
папки со слики, видете погоре.
Тајмер за слајдовите
За да го прилагодите времето за
кое се прикажува една слика во
слајдовите, изберете ја ставката
Slideshow Timer (Тајмер на слајдовите) . Се прикажува
односниот подизборник. Одберете
ја саканата опција.
Произволно прикажување слики
За да се прикажуваат сликите на
слајдовите по случаен редослед,
активирајте го екранското копче
Shuffle Images (Мешај слики) .
Page 42 of 263

42Надворешни уредиКористење апликации
Инфозабавниот систем поддржува
работа со апликации преку
контролите на инфозабавниот
систем.
Пред да може да се ракува со
апликација со контролите и
изборниците на Инфозабавниот
систем, односната апликација
треба да се инсталира преку
паметен телефон.
Активирање на функцијата за
делење интернет на
паметниот телефон
Активирајте ги функциите за
делење интернет и Bluetooth на
паметниот телефон (видете во
неговото упатство).
Забелешка
Споделувањето врска треба да се
постави правилно, зависно од
операторот.
Поврзете го паметниот телефон со
инфозабавниот систем преку
Bluetooth 3 73.Правење нова сметка
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата Apps
(Апликации) за да се прикаже екран
за добредојде.
За да поставите нова сметка,
изберете го односното екранско
копче на дното на екранот.
Поминувате низ разни екрани за
поставување.
Прво се прикажува листа на сите
телефони споени со системот.
Изберете го телефонот со којшто
сакате да воспоставите
поврзување преку интернет со
продавницата за апликации.
Потоа се прикажува тастатура за
внесување адреса за е-пошта.
Внесете ја својата адреса за е-
пошта.
Во изборникот што се прикажува
потоа треба да се постави PIN.
Изберете го полето за внесување нов PIN. Се прикажува тастатура.
Изберете ги саканите бројки. За да
го потврдите PIN-от, изберете го
внесувањето Потврди нов PIN.Повторно се прикажува
тастатурата. Внесете го PIN-от
повторно. Потврдете го внесеното.
Се прикажува изборник за
избирање земја. Пролистајте и
изберете ја саканата земја.
Конечно, се прикажува полисата за
приватност на продавницата за
апликации. Изберете го екранското
копче Agree (Се согласувам) за да
ја направите сметката.
Се прикажува главниот изборник за
апликации.
Инсталирање нови апликации Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата Apps
(Апликации) за да се прикаже
главниот изборник за апликации.
Изберете го екранското копче
Apps (Апликации) на дното на
екранот за да се прикаже
изборникот за апликации.
Page 43 of 263

Надворешни уреди43
Сите
За да се прикаже листа на сите
достапни апликации, изберете го
екранското копче All (Сите) на
дното на екранот.
Пролистајте и изберете ја саканата апликација. Се прикажува
подизборник со детални
информации за односната
апликација.
За да ја инсталирате апликацијата
на инфозабавниот систем,
изберете го екранското копче
Install на дното на екранот.
Апликацијата е инсталирана.
Кога ќе заврши инсталацијата,
екранското копче Install
(Инсталирај) се менува во Launch
(Отвори).
Забелешка
Апликациите инсталирани на
инфозабавниот систем се
прикажуваат како икони на
почетните страници.o
За да побарате одредена
апликација, изберете го екранското
копче o. Се прикажува тастатура.
Внесете го името за барање. Се
прикажува листа на сите
апликации што се најдени за
односното име за барање.
Изберете ја саканата апликација.
Се прикажува подизборник со
детални информации за односната апликација.
За да ја инсталирате апликацијата
на инфозабавниот систем,
изберете го екранското копче
Install на дното на екранот.
Апликацијата е инсталирана.
Кога ќе заврши инсталацијата,
екранското копче Install
(Инсталирај) се менува во Launch
(Отвори).
Забелешка
Апликациите инсталирани на
инфозабавниот систем се
прикажуваат како икони на
почетните страници.Мои апликации
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата Apps
(Апликации) за да се прикаже
главниот изборник за апликации.
Изберете го екранското копче
Apps (Апликации) на дното на
екранот за да се прикаже
изборникот за апликации.
За да се прикаже листа на сите апликации инсталирани на
информативниот систем, изберете го екранското копче My Apps (Мои
апликации) на дното на екранот.
Изберете ги саканите опции за, на
пр., отворање или бришење
апликација.
Поставки
Изборникот со поставки дава опции за управување со сметките.
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата Apps
(Апликации) за да се прикаже
главниот изборник за апликации.
Page 44 of 263
44Надворешни уреди
Изберете го екранското копче
Settings (Поставки) на дното на
екранот за да се прикаже
односниот подизборник.
Одберете ја саканата опција.
Page 45 of 263

Навигација45НавигацијаОпшти информации...................45
Употреба ..................................... 46
Внесување дестинација ............. 51
Guidance (водење) .....................62Општи информации
Апликацијата за навигација
сигурно ќе Ве доведе до
одредиштето без потреба од
читање карти.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при
пресметувањето на маршрутата.
За таа цел, инфозабавниот систем
прима сообраќајни соопштенија во
моменталната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, апликацијата за
навигација не може да ги земе
предвид сообраќајките,
сообраќајните прописи изменети без претходна најава и
опасностите или проблемите што
се појавуваат ненадејно (на.пр.
работа на патот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во
патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на
апликацијата за навигација Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на апликацијата за
навигација. Поминатото
растојание го одредува сигналот од брзиномерот на возилото а
вртењата жироскопски сензор.
Положбата се одредува со
сателити GPS (Глобален систем за
позиционирање).
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти,
можно е да се одреди положбата со прецизност од околу 10 метри.
Системот функционира и без
прием GPS, но прецизноста на одредувањето на положбата ќе се
намали.
Page 46 of 263

46Навигација
По внесувањето на адресата наодредиштето или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрута се дава со
говорни команди и со стрелка за
насока, како и со приказ на карта во боја.
Употреба
Информации на екранот За да се прикаже карта околу
моменталната положба, можете да го направите и следново:
■ Притиснете го копчето NAV.
■ Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата
Navigation (навигација) .Водењето по маршрута не е
активно
Ако водењето по маршрута не е
активно, се прикажуваат следниве
информации:
■ Во горниот ред: информации за изворот на звук што е
моментално активен и времето.
■ Под горниот ред: симболот GPS.
■ Во горниот лев агол: компас што го покажува север.
■ Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
■ Моментална положба: укажана со црвен триаголник во сив круг.
■ Интересни точки (ИТ), на пр. бензински пумпи, паркинзи илиресторани, означени со
соодветните симболи (ако е
активно).
■ Во долниот ред: име на улицата на моменталната положба.
Водењето по маршрута е активно
Page 47 of 263

Навигација47
Ако водењето по маршрута е
активно, се прикажуваат следниве
информации:
■ Во горниот ред: информации за изворот на звук што е
моментално активен и времето.
■ Под горниот ред: симболот GPS.
■ Под горниот ред: името на улицата по којашто треба да се
оди по следната крстосница.
■ Во горниот лев агол: симбол на компас што го покажува север.
■ Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
■ Моментална положба: укажана со црвен триаголник во сив круг.
■ Маршрута: означена со сина линија.
■ Конечно одредиште: означена со
црна шаховница.
■ Точка на патот (попатно одредиште): означена со црвен
ромб.■ Интересни точки (ИТ), на пр. бензински пумпи, паркинзи или
ресторани, означени со
соодветните симболи (ако е
активно).
■ Сообраќајки, на пр. застој во сообраќајот: означено со
соодветен симбол (ако е
активно).
■ Од левата страна: стрелка за насока и растојание до следното
вртење.
■ Од левата страна: преостанатото растојание до
конечното одредиште или до
следната точка на патот.
■ Од левата страна: проценето време на пристигање или
преостането време на патување.
■ Во долниот ред: име на улицата на моменталната положба.Ракување со картата
Поместување на видливиот дел одкартата
Видливиот дел од картата на
приказот на картата може да се
движи слободно во сите насоки со
осмонасочниот прекинувач.
Осмонасочниот прекинувач на
средината на копчето за повеќе
функции може да се навали во сите
насоки.
Навалете го прекинувачот на една
страна. Видливиот дел на картата
се поместува во соодветната
насока.
За повторно прикажување на
картата околу моментната
локација: притиснете го копчето
BACK .
Менување на размерот на картата
Кога е прикажана картата, вртете
го копчето за повеќе функции за да се прикаже лента со размерот на
дното на екранот.
Page 48 of 263

48Навигација
Свртете го копчето за повеќе
функции повторно за да се
прилагоди размерот по желба.
Менување на режимот на картата
Картата може да се прикажува во
три (без активно водење низ
маршрута), односно пет (со
активно водење низ маршрута)
различни режими, видете во
„Поставување на картата“ подолу.
Притискајте го копчето NAV за да
менувате меѓу различните режими
на картата.
Поставување на картата
Показател на правецот
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете ја ставката Heading
Indicator (Показател на насоката)
за да се прикаже соодветниот
подизборник.Следните опции се достапни:
■ 2D North Up (2Д север нагоре) : 2-
Д поглед, север нагоре.
■ 2D Heading Up (2Д насока
нагоре) : 2-Д поглед, насоката на
возење нагоре.
■ 3D Heading Up (3Д насока
нагоре) : 3-Д поглед, насоката на
возење нагоре.
Одберете ја саканата опција.
Режими на картата
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете ја ставката Map Modes
(Режими на картата) за да се
прикаже соодветниот подизборник.
Следните опции се достапни: ■ Full Map (Целосна карта)
(„Нормален“ поглед опишан
погоре): Преглед на картата на
цел екран, сите екрански
копчиња за функциите и
покажување се прикажани.■ Full Glory (Целосни
информации) : Преглед на
картата на цел екран, повеќето функции и екранските копчиња
за покажување се скриени.
■ Split with Turn List (Подели со
листа вртења) : Поделен екран со
карта одлево и листа на вртења
од десната страна.
■ Split with Turn Arrow (Подели со
стрелка за вртење) : Поделен
екран со карта од левата страна
и стрелка за вртење за следниот
маневар оддесно.
■ Split with Media (Подели со
медиуми) : Поделен екран со
карта одлево и моментално
активниот извор на звук оддесно.
Одберете ја саканата опција.
Map display (прикажување на
кратата)
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете ја ставката Map Settings
( Поставки на картата) , а потоа Map