Page 249 of 263

Телефон249
извршува од режимот за
репродукција на звук Bluetooth.
Ако не функционира
репродукцијата на звукот
Bluetooth, проверете дали
мобилниот телефон е во
режимот на екран за чекање.
■ Понекогаш може да дојде до прекини на звукот за време на
репродукцијата на звук Bluetooth. Инфозабавниот систем го
репродуцира звукот од
мобилниот телефон или уредот со Bluetooth како што се емитува.
Пораки за грешка Bluetooth и
решенија
■ Bluetooth deactivated (Блутут е
исклучен)
Проверете дали е активирано
Bluetooth. Функцијата Bluetooth
може да се користи по
активирањето на Bluetooth.
■ Bluetooth is busy (Блутут е
зафатен)
Проверете дали има поврзано
уреди со Bluetooth. За да
поврзете друг уред, првинпрекинете ја врската на другите
поврзани уреди, а потоа
поврзете повторно.
■ Device list is full (Списокот на
уреди е полн)
Проверете дали има
регистрирано помалку од 5
уреди. Не може да се
регистрираат повеќе од 5 уреди.
■ No phone book available (Нема
телефонски именик)
Оваа порака ќе се прикаже ако
мобилниот телефон не
поддржува пренос на контактите. Ако поракава се појави по
неколку обиди, уредот не
поддржува пренос на контактите.Внимание
Пораката ќе се прикаже кога
преносот на контакти е
поддржан, додека
информациите со грешката на
уредот исто се пренесуваат.
Ажурирајте го уредот повторноако дојде до тоа.
■ The phone book is empty
(Телефонскиот именик е празен)
Оваа порака се прикажува ако
нема зачувано телефонски
броеви во мобилниот телефон.
Ќе се прикаже и ако е поддржан
пренос на телефонските записи,
но на начин што не е поддржан
од Инфозабавниот систем.
Телефон без раце Примање повици
Кога некој ви се јавува на
мобилниот телефон поврзан преку
Bluetooth, песната што е пуштена
ќе се прекине, телефонот ќе
заѕвони и ќе се прикажат
релевантните информации.
Page 250 of 263
250Телефон
За да разговарате по телефон,
притиснете го копчето q на
далечинскиот управувач на
воланот или свртете го
повеќефункциското копче за да дојдете до функцијата за
одговарање, па притиснете го.■ За да одбиете повик, притиснете
го копчето O на далечинскиот
управувач на воланот или со повеќефункциското копче
изберете го Decline (Одбиј) .■ Додека разговарате по телефон,
може да го блокирате звукот што
се емитува избирајќи ја ставката
Mute Mic (Стиши мик.) (стиши
микрофон) користејќи го
повеќефункциското копчето.
Page 251 of 263

Телефон251
■ Додека разговарате по телефон,држете го притиснато копчето
q за повикување на воланот за
да смените во режим за приватен
разговор (некои телефони може
да не го поддржуваат режимот за
приватен повик, зависно од
опциите на телефонот).
■ Кога се прима повик со Инфозабавниот систем и е
поврзано Bluetooth, има мобилни
телефони што не менуваат
автоматски во режим за
приватен повик. Тоа зависи од
оригиналните спецификации на
секој мобилен телефон.■ Кога е можно да се користат услуги за разговор со друго лице
што ги поддржува операторот
преку апликација, можно е да се
упатуваат повици за време на
разговор преку Инфозабавниот
систем.
■ За време на разговор со три или повеќе лица, прикажаните
содржини може да се
разликуваат од практичните
информации.
Повикување со повторно
бирање
Од далечинскиот управувач на
воланот, притиснете го копчето q
за да се прикаже екранот за
повторно бирање или држете го
притиснато копчето за да се
прикаже екранот со историјата на
повици.
Вртете го повеќефункциското
копче за да изберете Yes (Да), а
потоа притиснете го за да упатите
повик.
Page 252 of 263
252Телефон
■ Ако мобилниот телефон не е ворежим за чекање, вашиот
телефон можеби не ја поддржува функцијата за повторно бирање.Тоа зависи од опциите на
мобилниот телефон.
■ Кога повторно бирате некој број, поврзаниот телефонски број
нема да биде прикажан.
■ Зависно од мобилниот телефон, има случаи во кои се упатува
повик преку историјата на повици
за примените или пропуштените
повици наместо преку режимот
за повторно бирање. Тоа зависи
од опциите на мобилниот
телефон.
Притиснете го повеќефункциското
копче додека телефонот е поврзан за да се прикажат функциите за
поврзување, како што е прикажано
подолу.
Користете го повеќефункциското
копче за да ги користите функциите од изборникот што се појавува.
Јавување со дневникот на
појдовни повици
За да упатите повик со дневникот
на појдовни повици, држете го
притиснато копчето q на
далечинскиот управувач на
воланот и вртете го
повеќефункциското копче за да ја изберете саканата листа повици,па притиснете го.
Page 253 of 263

Телефон253
Повикување со внесување
броеви
За да упатите повик со внесување
телефонски број, притиснете го
повеќефункциското копче и
свртете го за да изберете Enter
number (Внеси број) , па притиснете
го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ги изберете саканите
букви, па притиснете го за да го
внесете бројот.
(1) Move: Поместување на
положбата за внесување
(2) Delete: Бришење на внесениот
знак
(3) Телефонски именик:
Пребарување на контактите (може
да се користи откако ќе се
ажурираат телефонските броеви)
(4) Бирај: Почеток на бирање ■ Повторувајте го ова за да ги внесете сите бројки на
телефонот.
■ Притискајте го копчето P BACK
за бришење букви една по една
или држете го притиснато
копчето за да избришете се` што е внесено.
■ Ова се командите за уредување на внесеното.
Откако целосно ќе се внесе
телефонскиот број, вртете го
повеќефункциското копче за да
дојдете до y и потоа притиснете го
повеќефункциското копче за да
почне бирањето.
За да го откажете бирањето,
притиснете го повеќефункциското
копче.
Користете го именикот за
внесување на телефонскиот број.
Page 254 of 263
254Телефон
Вртете го повеќефункциското
копче за да го изберете Phone book
(Телефонски именик) , па
притиснете го за да ја внесете
функцијата Search (Пребарување)
(видете подолу).За да завршите повик, вртете го
повеќефункциското копче за да изберете Hang up (Прекини повик) ,
па притиснете го.
Користење на телефонскиот
изборник
Телефонски изборник → Именик →
Пребарување
Притиснете го повеќефункциското
копче, свртете го за да изберете
Phone book (Телефонски именик) ,
па притиснете го.
На екранот ќе се појави
известување кога нема контакти
што може да се употребат, и ќе се
вратите на претходниот изборник.
Page 255 of 263

Телефон255
Вртете го повеќефункциското
копче за да изберете Search
(Пребарување) , а потоа
притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да изберете First Name
(Име) или Last Name (Презиме) , а
потоа притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ги изберете саканите
поими/опсег, па притиснете го.
Вртете го контролното копче на
екранот со резултатите од
пребарувањето за да ја одберете
саканата ставка, а потоа
притиснете го повеќефункциското
копче за да ги видите деталите за
истата.
Прикажување типови на броеви
[iH] : Дома
[iM] : Мобилен
[iW] : Работа
[iO] : Друго
За да го повикате односниот број,
притиснете го повеќефункциското
копче.
За повеќе информации, видете во
делот за упатување телефонски
повици.
Телефонски изборник → Именик →
Ажурирање
Ажурирање на контактите од
поврзаниот мобилен телефон со
контактите на системот.
Со повеќефункциското копче,
изберете Phone Menu (Мени на
телефонот) → Phone book
(Телефонски именик) → Update
(Ажурирање) , па притиснете го.
Свртете го повеќефункциското
копче за да изберете Yes (Да) или
No (Не) , па притиснете го за да го
активирате или откажете
ажурирањето.
Page 256 of 263

256Телефон
Напомена за ажурирањето
контакти ■ Функцијата може да се користи со
мобилни телефони што ги
поддржуваат функциите за
ажурирање на контактите и
пренесување на историјата на повиците. (Ако производот е
поврзан со мобилен телефон
што не ги поддржува овие
функции, историјата на повиците може да се прикаже преку
Инфозабавниот систем.)
■ Не е поддржано ажурирање на повеќе од 1000 броеви за
контакт.■ Имајте предвид дека разговорот без раце и репродукцијата на
звук Bluetooth се прекинуваат
додека се ажурираат контактите
(може да се користат останатите
функции, освен разговор без
раце и репродукција на звук
Bluetooth.)
■ За да се ажурираат контактите, можно е да се побара
сертификат за пренос на
контактите. Ако екранот за
чекање не се смени долго време,
може да проверите дали
мобилниот телефон бара
сертификат. Кога се бара
сертификат на мобилниот
телефон, сите поврзувања
Bluetooth се прекинуваат ако не
се прифати, а потоа уредот
повторно се поврзува.
■ Кога примате историја на повиците, можно е да се побара
сертификат за пренос за
историјата на повиците од
мобилниот телефон. Ако екранот
за чекање не се смени долго
време, проверете далимобилниот телефон бара
сертификат.
Кога се бара сертификат на
мобилниот телефон, сите
поврзувања Bluetooth се
прекинуваат ако не се прифати, а потоа уредот повторно се
поврзува.
■ Ако има проблем со зачуваните информации на мобилниот
телефон, контактите може да не се ажурираат.
■ Инфозабавниот систем користи само информации кодирани во
формат UTF-8.
■ Ако се активирани други операции (игра, пребарување
карта, навигација и сл.) за време
на ажурирање на контактите или
пренесување на историјата на
повици, ажурирањето или
пренесувањето може да не
успеат.
Причината е што други операции што работат на мобилниот
телефон влијаат врз преносот на податоци.