Page 217 of 321

Возење и ракување215Инфо-екран со екран на допир
Деактивирајте ја помошта за
паркирање во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Состојба на системот
Ако системот се деактивира, нема
да се активира автоматски при
следното вклучување на
палењето.
Предно-задна помош за
паркирање
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за помош
за паркирање во задниот и
предниот браник.Активирање
Покрај задната помош за
паркирање, предната помош за
паркирање се вклучува кога ќе се
открие пречка напред, а брзината
на возилото е под 10 км/ч.Инфо-екран без екран на допир
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање é не свети.Инфо-екран со екран на допир
Активирајте ја помошта за
паркирање во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Показател
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
се слушаат предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад и напред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Инфо-екранот
3 130.
Ако возилото запре подолго од 3
секунди во брзина за движење
напред, ако автоматскиот менувач
е во P или ако не се откриени други
пречки, не се даваат акустични
сигнали за предупредување.
Page 218 of 321

216Возење и ракувањеДеактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 10 км/ч со
притискање на копчето за помош за паркирање é.Инфо-екран без екран на допир
Притиснете é за да го
деактивирате системот. LED-
сијаличката во копчето свети кога
системот е деактивиран.Инфо-екран со екран на допир
Деактивирајте ја помошта за
паркирање во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Ако системот е деактивиран рачно,
нема да се активира автоматски при следното вклучување на
палењето.
Ограничувања на системот
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, во групата инструменти
светнува H. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажува порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
мртва зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој страничен ретровизор кога открива
Page 219 of 321

Возење и ракување217објекти што може да не се видлививо внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа
точка користи дел од сензорите за
помош за паркирање што се
наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
АктивирањеИнфо-екран без екран на допир
Притиснете го T.
Инфо-екран со екран на допир
Активирајте ја функцијата во
изборникот за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Во групата инструменти, T свети
зелено за да ја потврди
функцијата.
Функционалност
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
Page 220 of 321

218Возење и ракувањеУслови за работа
Следниве услови мора да бидат исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● брзината на вашето возило е помеѓу 12 и 140 км/ч
● претекнување возило со разлика во брзината помала од
10 км/ч
● друго возило претекнува со разлика во брзината помала од25 км/ч
● сообраќајот е нормален ● возење на прав пат или пат со мали кривини
● возилото не влече приколка ● сензорите не се покриени со кал, мраз или снег
● зоните за предупредување во страничните ретровизори или
зоните на откривање на
предниот и задниот браник не
се покриениНема да се даде предупредување
во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци
● со возила што се движат во спротивен правец
● при возење на пат со многу кривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај, возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзо
ДеактивирањеИнфо-екран без екран на допир
Притиснете го B.Инфо-екран со екран на допир
Системот се деактивира во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
T се исклучува во групата
инструменти. Освен тоа, се
огласува звучен сигнал.
Состојбата на системот се
зачувува кога ќе го исклучите
палењето.
Системот автоматски се
деактивира кога ќе се поврзе
приколка или носач за велосипеди.
Поради лоши временски услови,
како што е пороен дожд, може да се
случај погрешни откривања.
Дефект Во случај на дефект, на групата
инструменти трепка T неколку
секунди, заедно со R и со
порака на екранот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Page 221 of 321

Возење и ракување219Систем за панорамски
поглед
Овој систем овозможува приказите на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
180° на Инфо-екранот, како поглед
од птичја перспектива.
Системот користи: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● ултрасонични сензори за помош за паркирање во
задниот браникЕкранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела. На десната
страна има приказ од горе, а на
левата има приказ од назад.
Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Променете ја гласноста на
акустичните сигнали со
притискање на 4 во десната долна
зона од екранот.
Активирање Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц
● се вози до 10 км/ч
Функционалност
Во левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во секое време при маневрирање со
допирање во левата долна зона од
екранот:● Standard view (Стандарден
поглед)
● AUTO Mode (Автоматски
режим)
● Zoom view (Зумиран поглед)
● 180° view (Поглед од 180°)
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
AUTO Mode (Автоматски режим) е
стандардно активирано. Во овој
режим, системот го избира
најдобриот приказ за
прикажување, стандарден или
зумиран, според информациите од
сензорите за паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Page 222 of 321

220Возење и ракувањеRear view (Поглед од назад) /
Standard view ( Стандарден поглед)
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори. Насоката на линиите се променува
со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 м од работ на задниот
браник на возилото.
Овој приказ е достапен во AUTO
Mode (Автоматски режим) или во
изборникот за избор на приказ.
Rear zoom view (Зумиран поглед од назад) /
Zoom view (Зумиран поглед)
Камерата ја снима околината на
возилото во текот на
маневрирањето за да го
реконструира погледот од горе од
задната страна на возилото на
блиската околина и на тој начин
овозможува маневрирање на
возилото околу пречките во
близина. Овој приказ е достапен кај
AUTO Mode (Автоматски режим)
или во изборникот за избор на
приказ.
Rear side view (Поглед од задната
страна) /
180° view (Поглед од 180°)
Приказот од 180° го олеснува
возењето во рикверц при
излегување од место за паркирање и на тој начин овозможува да го
забележите приближувањето на
возила, пешаци и велосипедисти.
Овој приказ не се препорачува за
изведување на целосен маневар.
Се состои од три области: лево 1,
Page 223 of 321

Возење и ракување221средина 2 и десно 3. Овој приказ е
достапен само од изборникот за
избор на приказ.
Деактивирање
Системот за панорамски поглед се
деактивира при:
● возење побрзо од 10 км/ч
● седум секунди откако ќе извадите од рикверц
● со притискање на иконата 3 во левиот горен агол од
екранот на допир, а потоа &
● отворање на задната врата ● поврзување приколка или носач за велосипеди
Општи информации9 Предупредување
Системот за панорамски поглед
не го заменува видот на
возачот. Нема да прикаже деца, пешаци, велосипедисти,
вкрстен сообраќај, животни или
какви било други предмети
надвор од областа на погледот
на камерата, на пример, под
браникот или под возилото.
Не возете и не паркирајте го
возилото само со помош на
системот за панорамски поглед.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Прикажаните слики може да се
подалеку или поблиску од тоа што се прикажува. Прикажаната
област е ограничена, а
објектите што се поблиску до
некој од рабовите на браникот
или под браникот не се
прикажани на екранот.
Ограничувања на системот
Внимание
За оптимална работа на
системот, важно е објективот од камерата во задната врата
помеѓу светлата за
регистарската табличка
секогаш да биде чист.
Исплакнете го објективот со
вода и избришете го со мека
крпа.
Не чистете го објективот со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем
притисок.
Системот за панорамски поглед може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија.
● Возилото влече приколка.
● Возилото имало судар.
● Има екстремни промени на температурата.
Page 224 of 321

222Возење и ракувањеРетровизорска камераВо зависност од верзијата,
камерата е монтирана над
регистарската табличка во задната
врата / левата задна врата.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Приказот од камерата се
прикажува во Инфо-екранот 3 130
или во ретровизорот 3 43.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Вклучување
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Исклучување
Камерата се исклучува кога ќе се
избере брзина за движење напред.
Наведувачки линии
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 м од работ на задниот
браник на возилото.
Водилките може да се
деактивираат во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Ограничувања на системот
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● зракот од предните фарови свети директно во објективите
на камерата
● времето ја ограничува видливоста, на пример, когаима магла, дожд или снег