Page 177 of 321

Возење и ракување175префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Возила со рачен менувач
Отпуштете го куплунгот без да
притиснете на сопирачката за да го рестартирате моторот.
Возила со автоматски менувач
Тип А: моторот стартува повторно ако
● изборникот на степени на пренос е во положба D со M
активирано или не и педалата
за сопирачките е ослободена
● изборникот на степени на пренос е во положба N,
педалата за сопирачките е ослободена и изборникот на
степени на пренос се
поставува во положба D со M
активирано или не● изборникот на степени на пренос е во положба P,
педалата за сопирачките е
притисната и изборникот на степени на пренос се
поставува во положба R, N или
D со M активирано или не
● менувачот е ставен во рикверц
Тип Б: моторот стартува повторно
ако
● изборникот на степени на пренос е во положба A или M и
педалата за сопирачките е ослободена
● изборникот на степени на пренос е во положба N,
педалата за сопирачките е
притисната и изборникот на степени на пренос се
поставува во A или M
● менувачот е ставен во рикверц
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
● во зависност од моторот, брзината на возилото е
поголема од 3 км/ч или 25 км/ч (рачен менувач)
● брзината на возилото е поголема од 3 км/ч (автоматски
менувач)
● системот за сопирање- поаѓање е рачно деактивиран
● возачката врата се отвори
● лизгачката врата се отвори.
● безбедносниот ремен за возачот се одврзе
● температурата на моторот е прениска
● нивото на полнење на акумулаторот на возилото е
под дефинираното ниво
● вакуумот за сопирачките не е доволен
● возилото се вози барем со брзина на одење
Page 178 of 321

176Возење и ракување● системот за контрола наклиматизацијата бара
стартување на моторот
● климатизацијата е вклучена рачно
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус
пад на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
(автоматски пренос од тип
А) / N (автоматски пренос од
тип Б). Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
(автоматски пренос од тип
А) / N (автоматски пренос од
тип Б). Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Изгаснете го моторот.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 238.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Во земјите со екстремно ниски
температури може да биде
потребно да се паркира возилото
Page 179 of 321

Возење и ракување177без да се применува рачната
сопирачка. Паркирајте го возилото
на рамна површина.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за издувни гасови
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за издувни
гасови ги филтрира честичките на
саѓи од издувните гасови.
Започнувањето на заситувањето
на филтерот за издувни гасови се
покажува со привремено
светнување на + или C,
заедно со порака во
Информативниот центар за
возачот и мелодија.
Штом ќе дозволат сообраќајните
услови, обновете го филтерот така
што ќе возите со најмалку 60 км/ч
додека контролната сијаличка не се изгасне.
Забелешка
Кај ново возило, првите
обновувања на филтерот за
издувни гасови можат да бидат
придружени со мирис на изгорено,
што е нормално. По подолга
работа на возилото при многу
мала брзина или во место, при
забрзување од ауспухот може да
излезе водена пареа. Тоа не
влијае врз однесувањето на
возилото или на околината.
Page 180 of 321

178Возење и ракувањеПроцесот на чистење не е
можен
Ако + или C продолжи да
свети заедно со звучен сигнал и
порака, тоа покажува дека нивото
на адитив во филтерот за издувни
гасови е прениско.
Резервоарот мора да се дополни
веднаш. Побарајте помош од
автомеханичар.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класите на масла поинакви од
оние наброени на страница
3 298 може да го оштетат
катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
вбризгување издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со
Page 181 of 321

Возење и ракување179предгреач за AdBlue, обезбедено енамалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу 22 л на 10000 км до
15000 км во зависност од начинот на возење и натовареноста на
возилото.
Предупредувања за нивото Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Првото можно предупредување
е Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето ќе се спречи по
2400 км .
Кога го палите моторот, ова
предупредување ќе се прикаже
еднаш кратко со пресметаното
растојание. Дополнително,
контролната сијаличка B ќе
светне и ќе се слушне звук.Возењето е можно без никакви
ограничувања.
2. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
800 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка B ќе
светне и ќе се слушне звук. Дополнете AdBlue пред да
влезете во следното ниво за
предупредување.
Додека возите, мелодијата се
емитува и пораката се
прикажува на секои 100 км
додека не се дополни
резервоарот со AdBlue.
3. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
100 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка B ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue што е можно
побрзо додека резервоарот за
AdBlue не е целосно празен. Воспротивно, нема да може да го
стартувате моторот.
Додека возите, мелодијата се
емитува и пораката се
прикажува на секои 10 км
додека не се дополни
резервоарот со AdBlue.
4. Во последното ниво на предупредување се влегува
кога резервоарот за AdBlue е
празен. Моторот не може
повторно да се стартува. Ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето е спречено
Дополнително, контролната
сијаличка B ќе трепка и ќе
се слушне звук.
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л со AdBlue,
затоа што во спротивно
моторот нема да може да се
стартува.
Забелешка
Во зависност од моторот, може да важат различни нивоа.
Page 182 of 321

180Возење и ракувањеПредупредувања за многу
издувни гасови
Во случај на дефект на системот за контрола на издувните гасови, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Ако некој дефект се открие првпат, се прикажува
предупредувањето Дефект на
испуштањето издувни гасови .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички B,
C и W и ќе се слушне звук.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Ако се работи за привремен
дефект, предупредувањето
исчезнува во текот на следното
патување, по самостојната
дијагностика на системот за
контрола на издувните гасови.
2. Ако системот за контрола на издувните гасови го потврдидефектот, ќе се прикаже
следнава порака:Дефект на издувните гасови:
палењето ќе се спречи по
1100 км .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички B,
C и W и ќе се слушне звук.
Додека возите, пораката се
прикажува на секои 30 сек.
додека дефектот продолжи да се појавува.
3. Ако се влезе во последното ниво на предупредување, ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дефект на издувните гасови:
палењето е спречено
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички B,
C и W и ќе се слушне звук.
Консултирајте се со
автомеханичар.Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот за
AdBlue се собираат и не
излегуваат. AdBlue во шишиња
или канти е достапна на многу
Page 183 of 321

Возење и ракување181бензински станици и може да се
купи, на пример, кај застапниците
на Opel и во други продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Наполнете го резервоарот за
AdBlue до ниво од најмалку 5 л за да може да се открие новото ниво
на AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 мин. , со постојана
брзина на возилото поголема
од 20 км/ч.
2. Ако дополнувањето на AdBlue се открие успешно,
предупредувањата и
ограничувањата на
управувањето предизвикани
од нивото на AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Отворете ја вратата од возачот за да пристапите до
вратничката за AdBlue.
3. Отворете ја вратничката за AdBlue така што ќе ставите прст
во отворот во долниот дел од
вратничката. Повлечете ја
вратничката нанапред.
Page 184 of 321

182Возење и ракување
4.Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до 5
минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Во рачен режим е можно рачно
менување степени на пренос.Тип А
Поставете го изборникот на
степени на пренос во положба D,
притиснете M до изборникот на
степени на пренос и менувајте
степени на пренос со лостовите на воланот + и -.Тип B
Ставете го изборникот на степени
на пренос на M и менувајте степени
на пренос со користење на
лостовите на воланот + и -.
Рачен режим 3 184.
Избор на степени на пренос
3 183.