Page 25 of 223

Клучеви, врати и прозорци23одвнатре. Задната врата не можеда се отклучи однадвор во
условите што се наведени подолу.
Задни врати 3 26.
Отворање на задната врата во
итни случаи од внатрешноста на
возилото 3 28.
Детски брави 3 26.
Заклучување
Затворете ги задните врати/
задната врата 3 26 и заклучете
така што ќе го свртите клучот во
цилиндерот од бравата (ако е
достапно).Турнете го надолу копчето на
горниот дел од внатрешната рачка
(ако е достапно) на лизгачката
врата(и) и/или активирајте ја
рачната брава на лизгачката
странична врата (ако е достапно),
погледнете подолу. Потоа
затворете ја вратата однадвор.
Затворете ја совозачката врата
одвнатре, па турнете го надолу копчето за заклучување.
Потоа затворете ја возачката врата однадвор и заклучете ја така што ќе
го ставите клучот во цилиндерот од бравата и ќе го свртите кон задниот
дел од возилото. Возилото е
заклучено.
Механички систем за заштита од
кражба 3 29.
Рачно заклучување на
лизгачката странична врата
За да спречите отворање на
лизгачката странична врата
однадвор, отворете ја вратата и активирајте ја рачната брава.
Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на бравата на
вратата во забравена положба 1.
Вратата не може да се отвори
однадвор.
Page 26 of 223

24Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Рачната брава на лизгачката
странична врата останува
активна дури и откако возилото ќе
се отклучи со далечинскиот
управувач.
За да ја деактивирате, отворете ја
вратата одвнатре, па свртете го
прекинувачот во отклучена
положба 2.
Систем на централната брава
Ги отклучува и заклучува предните врати, лизгачките странични врати
и товарниот простор.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
и отвора односната врата.
Од безбедносни причини, возилото не може да се заклучи ако клучот е
во бравата за палење.
Отклучување Забелешка
Во случај на несреќа од извесна тежина возилото автоматски се
отклучува.Систем за прекин на дотокот на
гориво 3 107.
Камионет
Притиснете Ä: Предните врати се
отклучени.
Притиснете Å: Задните врати/
задната врата и лизгачките
странични врати се отклучени.
Combi, Combo Tour
Притиснете Ä: Сите врати,
вклучувајќи ги задните врата/
задната врата и лизгачките
странични врати се отклучени.
Притиснете Å: Се отклучуваат
само задните врати / задната
врата.
Page 27 of 223
Клучеви, врати и прозорци25Забелешка
Ако се активира, рачната брава на
лизгачката странична врата
останува активна дури и откако
возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Рачна брава на лизгачката
странична врата 3 22.
Заклучување
Затворете ги сите врати. Ако
вратите не се правилно затворени,
системот на централната брава
нема да работи.
Забелешка
Ако врата или задна врата е
отворена, контролна сијаличка
( свети во групата инструменти
3 99.
Притиснете e. Сите врати,
вклучувајќи ги задните врата/
задната врата и лизгачките
странични врати се заклучени.
Автоматско заклучување
Возилото може да се конфигурира
автоматски да ги заклучува
вратите кога брзината ќе надмине
20 км/ч.
Информативен центар за возачот 3 100.
Отклучување на товарниот
простор од внатрешноста на
возилото
Притиснете Å: Товарниот простор
(задните врати/задната врата и
лизгачките странични врати) се
отклучени.
Кога товарниот простор е заклучен, свети LED во копчето.
Page 28 of 223

26Клучеви, врати и прозорциДетски брави9Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на детската брава на лизгачката странична врата кон
хоризонталната положба. Вратата
не може да се отвори однатре.
За деактивирање, свртете го
прекинувачот на детската брава во
вертикална положба.
Врати
Шибер врата
Отклучете ја лизгачката странична врата со далечинскиот управувач
3 24.
Повлечете ја рачката на
внатрешната рачка и лизгајте ја
вратата.
Внимание
Уверете се дека страничната
лизгачка врата е целосно
затворена и безбедна пред
возење на возилото.
Централна брава 3 24.
Внимание
За да не дојде до оштетувања,
не обидувајте се да ракувате со лизгачката странична врата
кога е отворена вратичката за
полнење гориво.
Полнење гориво 3 150.
Задни врати Отклучете ги задните врати со
далечинскиот управувач или со
вртење на клучот во цилинд eрот од
бравата на задната врата.
Централно заклучување 3 24,
рачни брави на вратите 3 22.
Секогаш отворајте ја левата пред
десната врата.
Page 29 of 223
Клучеви, врати и прозорци27
За да ја отворите левата задна
врата, повлечете ја надворешната
рачка.
Вратата се отвора однатре од
возилото со притискање надолу на
внатрешната рачка.
Десната задна врата се
ослободува со употреба на
рачката.
9 Предупредување
Задните светла може да се
заматат ако задните врати се
отворени и возилото е
паркирано на работ на патот.
Помагајте им на други
корисници на патот да го
приметат возилото со
користење на предупредувачки
триаголник или друга опрема
определена во прописите за
патниот сообраќај.
Вратите се задржуваат во
положбата под агол од 90º со
дршките за запирање. За да ги отворите вратите за 180º,
притиснете го резето и завртете до саканата положба.
Page 30 of 223

28Клучеви, врати и прозорци9Предупредување
Уверувајте се дека вратите со
дополнителна можност за
отворање се прицврстени кога
се целосно отворени.
Отворените врати може да се затворат со тресок поради
силата на ветарот!
Секогаш затворајте ја десната
врата пред левата врата.
Централна брава 3 24.
Товарен простор Задна врата
Отворање
Отклучете ја задната врата со
далечинскиот управувач 3 24.
Притиснете го копчето под рачката
на задната врата.
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата, на пр. кога превезувате кабасти
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не можат да
се видат или мирисаат може да
навлезат во возилото. Тоа може да предизвика несвест и дури
смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете ги пречките
над глава, како врата на
гаражата, за да се избегне
оштетувањето на задната
врата. Секогаш проверувајте го
просторот на движењето
одозгора и позади задната
врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Page 31 of 223
Клучеви, врати и прозорци29Затворање
Користете ја внатрешната јамка.Забелешка
За да избегнете оштетување,
ставете ги прстите во јамката
пред да повлечете надолу.
Уверете се пред возењето, дека
задната врата е целосно
затворена.
Централна брава 3 24.
Итно отворање на задната врата
од внатрешноста на возилото
Пристапна дупка (со стрелка)
овозможува резето на задната
врата да се ослободи со користење
соодветна алатка. Притиснете ја
рачката надесно за да ја отклучите
и да ја отворите задната врата.
Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Page 32 of 223

30Клучеви, врати и прозорциВклучување
Притиснете e на далечинскиот
управувач двапати.
Забелешка
Во зависност од верзијата,
вртењето на рачниот клуч
двапати во цилиндерот на
бравата од возачката врата кон
задниот дел од возилото ги
блокира само задните врати.
Рачни брави на вратите 3 22.
Исклучување
Системот се исклучува автоматскина сите врати при:
● отклучување на вратите
● вртење на прекинувач за палење во позиција 1
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d свети
при палењето, има дефект во
системот; моторот не може да се
запали. Исклучете го палењето и
повторете го обидот за палење.
Ако d остане запалена, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од сервис.Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога
го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш заклучувајте го
возилото по напуштањето 3 24.
Ако контролната сијаличка d се
вклучи при возење, можно е
системот да врши самостојно
тестирање. Овој процес е
нормален.
Контролна сијаличка d 3 98.