Page 193 of 223

Нега на возилото191Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.Внимание
Алката за влечење треба да се
користи само за влечење, а не
за извлекување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот во лер.
Забелешка
Ако не може да се избере лер кај
возилата со автоматизиран рачен менувач (MTA), возилото треба да
се влече само со погонските
тркала кренати од тлото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот 3 119 и
затворете ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, одвртете ја алката за влечење и вратете го капачето.
Влечење друго возило
Вметнете шрафцигер во процепот
на страната на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот. За да се спречи
оштетувањето, се препорачува да
се стави крпа помеѓу шрафцигерот и рамката.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 175.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Page 194 of 223

192Нега на возилотоЗакачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат
возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капакот.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да сеисчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и на задното
стакло мора да бидат исклучени.
Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Page 195 of 223

Нега на возилото193Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Page 196 of 223

194Нега на возилотоОстатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча Никогаш го чистете ја со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства (на пр.
растворувач за бои, средства што
содржат ацетон итн.) киселини или јако алкални средства или жици за
триење. Не нанесувајте восок или
средства за полирање на
стаклената плоча.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Возила со природен гас
Не го насочувајте компресорска
млазница со голем притисок кон
компонентите на системот за
природниот гас. Особено важно е
да се заштитат резервоарот за
природен гас и вентилите за
притисок на каросеријата на
возилото и преградата во
моторниот простор.
На тие компоненти не смеат да се
користат хемиски средства за
чистење или конзерванси.
Нека Ви ги исчисти компонентите на системот за природен гас
автомеханичар овластен да
изведува одржување на возила со
природен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Page 197 of 223

Нега на возилото195Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на голема извалканост, користете
средства за чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете ги флеките со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особенона тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 198 of 223

196Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................196
Сервисни информации ..........196
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 197
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..197Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 85.
Интервали за сервисирање - мотори на бензин и на CNG
Вашето возило треба да се
одржува на секои 30.000 км или на
две години, што и да е прво.
Интервали за сервисирање -
мотори на дизел
Вашето возило треба да се
одржува на секои 35.000 км или на
две години, што и да е прво, освенако не е поинаку назначено на
Информативниот центар за
возачот 3 100.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Екран за сервисирање 3 85.
Меѓународни сервисни
периоди
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 20000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Меѓународните периоди за
сервисирање се важечки за:
Албанија, Белорусија, Босна и
Херцеговина, Грузија, Македонија,
Молдавија, Црна Гора, Србија,
Украина.
Екран за сервисирање 3 85.
Page 199 of 223

Сервисирање и одржување197ПотврдувањаПотврдата на сервисирањето се
евидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и потпис на
сервисот.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење на работниот век на моторното
масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Кога треба да се смени моторното
масло, контролната сијаличка I
ќе трепка во групата инструменти
3 97. Зависно од верзијата, можеда се појави порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 97.
Екран за сервисирање 3 85.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течностии средства заподмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Page 200 of 223

198Сервисирање и одржувањеКвалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека степенот на
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температури.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензиските мотори важат и за
моторите на компримиран
природен гас (CNG).
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на неговиот
квалитет и минималната околна
температура 3 202.
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забранета, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на неговиот
квалитет и минималната околна
температура 3 202.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Вискозитет на моторното масло
Класата на вискозност SAE дава
информации за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W,
ја означува вискозноста при нискитемператури, а втората бројка јаозначува вискозноста при високи
температури.Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 202.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете само антифриз одобрен
за возилото. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
регионите со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија или изолација против помали
протекувања може да