Page 113 of 223

Светла111Долго светло
За да се префрли од средно на
долго светло, турнете ја рачката.
За да префрлите на средно светло,
повлечете ја рачката.
Во зависност од верзијата,
повлечете ја рачката кон воланот
за да префрлате помеѓу долго и
средно светло.
Аблендирање
За да се активира аблендирањето, повлечете ја рачката.
Регулирање на
височината на фаровите
Рачно регулирање на
височината на фаровите
За да ја прилагодите височината на фаровите според оптоварувањето
на возилото и за да не ги
заслепувате другите корисници на патот: Притиснете À или Á
додека посакуваните поставки не
се прикажат на Информативниот
центар за возачот 3 100.
0:предните седишта се зафатени1:сите седишта се зафатени2:сите седишта се зафатени и
товарниот простор е натоварен3:возачкото седиште е зафатено
и товарниот простор е
натоварен
Предните фарови кога се
вози во странство
Снопот на несиметричните предни
светла ја зголемува видливоста на
работ на патот од страната на
совозачот.
Меѓутоа, кога возите во држави
каде што сообраќајот се одвива на
спротивната страна на патот,
дотерајте ги предните фарови да
се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока.
Нека Ви ги намести предните
фарови автомеханичар.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Page 114 of 223

112СветлаКога функцијата е активна и
палењето е вклучено, предните
фарови се палат автоматски и
осветлувањето на инструментите
се придушува. Прекинивачот за
светло треба да е во положба §.
Светлата за преку ден се
исклучуваат кога ќе се исклучи
палењето.
Забелешка
Возачот е одговорен за
вклучување на средното светло
кога е потребно, на пр. кога се
вози низ тунел или ноќе.
Светлата за дневно возење се
активираат/деактивираат преку
изборник во Информативниот
центар за возачот 3 100.
Кога ќе се деактивира функцијата,
предните фарови не се палат
автоматски кога ќе се вклучи
палењето и прекинувачот за
светлата е во положба §.Предупредувачки
трепкачи
Се ракува со притискање на ¨.
Во зависност од верзијата,
предупредувачките трепкачи може
да се вклучат автоматски при нагло сопирање.
Трепкачи за вртење и
менување лентиРачката угоре:десен трепкачРачката удолу:лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За да трепнува петпати, на пр. кога се менуваат ленти, притиснете ја
рачката додека не се почувствува
отпор и тогаш отпуштете ја.
Page 115 of 223

Светла113Помрднете ја рачката до отпорната
точка и држете ја за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Се ракува со притискање на >
.
Со вклучување на предните
фарови за магла автоматски се
вклучуваат страничните светла.
Притиснете > повторно за да ги
исклучите предните фарови за
магла.
Заден фар за магла
Се ракува со притискање на ø.
Задниот фар за магла може да се вклучи само кога и палењето и
предните фарови или страничните
светла (со предните фарови за
магла) се запалени.
Притиснете ø повторно за да го
исклучите задното светло за магла, или исклучете ги предни фарови
и/или предните светла за магла.
Светло за рикверц
Светлата за рикверц се палат кога
палењето е вклучено и се става во
рикверц.
Замаглени капаци насветлата
Внатрешноста на куќиштето насветлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо,
сама од себе – вклучете ги
светлата за да исчезне побрзо.
Page 116 of 223

114СветлаВнатрешно светло
Контрола на осветлувањето натаблата со инструменти
Кога возите навечер со вклучени
фарови, прилагодете ја
светлината на внатрешните светла на возилото (вклучително на
таблата со инструменти, екранот
за контрола на климатизацијата
итн.) преку изборникот за поставки
на Информативниот центар за
возачот 3 100.
За прилагодување на светлината:Стандардна верзија на
Информативниот центар за
возачот
1. Притиснете SETq еднаш за да
дојдете до изборникот за поставки.
2. Листајте низ опциите на изборникот со притискање R
или S додека на екранот не се
појави опцијата ILLU.
3. Притиснете SETq за да
пристапите до оваа опција од
изборникот.
4. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и автоматски да се вратите на
претходниот екран.
Повеќефункционална верзија
на Информативниот центар за
возачот
1. Притиснете SETq за да
дојдете до изборникот за
поставки.
2. Лизгајте низ опциите на изборникот со притискање R
или S додека на екранот не се
појави опцијата Dimmer
(Потенциометар) .
3. Притиснете SETq за да
пристапите до оваа опција од
изборникот.
Page 117 of 223

Светла1154. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и
автоматски да се вратите на
претходниот екран.
Во зависност од верзијата,
светлината може да се
приспособува и со притискање R
или S без влегување во
изборникот за поставки.
Информативен центар за возачот
3 100.
Внатрешни светла
Зависно од варијантата на
моделот, при влегување и
излегување од возилото предните
и задните внатрешни светла се
палат автоматски и потоа се гасат
по одредено време.
Забелешка
Во случај на несреќа од извесна
тежина, внатрешните светла се
палат автоматски. Систем за
прекин на дотокот на горивото
3 107.Предни внатрешни светла
Положба на средишниот
прекинувач: автоматско
внатрешно светло.
За рачно ракување кога вратите се затворени, притиснете ја леќата на
која било страна.
Предно внатрешно светло со
светла за читање
Положба на средишниот
прекинувач: автоматско
внатрешно светло.
Може да се ракува поединечно или
заедно со преклопникот 7 кога
вратите се затворени.
Притиснете 7 лево или десно за
ракување со соодветното светло за читање.
Page 118 of 223

116СветлаЗадни внатрешни светла
Положба на средишниот
прекинувач: автоматско
внатрешно светло.
За рачно ракување кога вратите се затворени, притиснете ја леќата на
која било страна.
Светло во товарниот
простор
Зависно од варијантата на
моделот, осветлувањето во
товарниот простор се вклучува
кога задните врати / задната врата
или лизгачката странична врата ќе
се отвори.
Отстранливо задно внатрешно
светло
Зависно од варијантата на
моделот, отстранливото задно
внатрешно светло може да се
запали кога ќе се отворат задните
врати/задната врата или
лизгачките странични врати и
централниот прекинувач е во
средната положба.
Вклучете го светлото трајно со
притискање на горниот дел на
централниот прекинувач c.
Исклучете го светлото трајно со
притискање на долниот дел на
централниот прекинувач
AUTO OFF .
За да користите рачна светилка,
притиснете го копчето на горниот
дел на комплетот светла (видете
на илустрацијата) за да ја
ослободите, свртете ја светилката
внимателно и извлечете ја.
Притиснете го прекинувачот на
крајот на светилката за вклучување
и исклучување на светлото.
Вратете ја светилката во
првобитната положба за да се наполни батеријата по употребата.
Page 119 of 223

Светла117Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување приизлегување
Ако има во опремата, предните
фарови се палат околу 30 секунди откако ќе се паркира возилото и ќе
се активира системот.
Активирање 1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење.
3. Повлечете ја рачката за трепкачите кон воланот.
4. Вклучете ја рачката за трепкачот повторно во рок од
две минути.
Овој потег може да се повторува
најмногу седум пати за максимално
времетраење од 210 секунди.
Контролната сијаличка 8 3 99
свети во групата инструменти кога
се користи. Зависно од верзијата, може да се прикаже
предупредувачка порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 100.
Деактивирање
Повлечете ја рачката за трепкачот
за повеќе од две секунди за
деактивирање.
Заштита од празнење на акумулаторот
За да се обезбеди сигурно
повторно стартување на моторот, воведени се неколку
карактеристики за заштита од
празнење на акумулаторот какодел од системот за сопирање-
поаѓање, на пример, некои светла
може да се исклучат автоматски по некое време.
Систем за сопирање-поаѓање
3 129.
Page 120 of 223

118Контрола на климатизацијатаКонтрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................118
Систем за греење и проветрување .......................118
Систем за климатизација ......119
Електронски систем за контрола на
климатизацијата ...................121
Отвори за проветрување .........123
Приспособливи отвори за проветрување .......................123
Фиксни отвори за проветрување .......................124
Одржување ............................... 124
Довод на воздухот .................124
Филтер за полен ....................124
Обично работење на климатизацијата ...................125
Сервис .................................... 125Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и проветрување
Контроли за: ● температурата
● брзината на вентилаторот
● распределбата на воздухот
Греење на задното стакло Ü 3 35.
Температура
црвено:топлосино:студеноГреењето нема да биде целосно
ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Брзина на вентилаторот
Регулирајте го протокот на
воздухот со вклучување на
вентилаторот на саканата јачина.
Распределба на воздухотM:кон пределот на главатаL:кон пределот на главата и
нозетеK:кон пределот на нозете и
шофершајбнатаJ:кон шофершајбната,
прозорците на предните
врати и пределот на нозетеV:кон шофершајбната и
прозорците на предните
врати
Возможни се средни потавки.