Page 161 of 223
Нега на возилото159Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Поместете ја безбедносната спојка
на страна и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 129.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
Page 162 of 223

160Нега на возилотоспецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 197.
Контролна сијаличка S за ниско
ниво на моторното масло 3 97.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Забелешка
Може да се употребуваат
различни прачки во зависност од
верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Забелешка
Моторот во возилото може да се
разликува од прикажаните
илустрации.Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 209.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Page 163 of 223

Нега на возилото161ЛадилникСредството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
меѓу ознаката MIN и MAX . Дотурете
ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење мешан со
чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за ладење и антифриз 3 197.
Течност за серво управувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Page 164 of 223

162Нега на возилото
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Во случај на невообичаен звук за
време на управувањето или ако
серво управувањето реагира
сомнително, побарајте помош во
сервис.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 197.
Сопирачки Шкрипењето или светнувањето на
контролниот индикатор за
изабеноста на пакните на
сопирачките F означува дека
дебелината на пакните е на
минимум.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Индикатор за изабеноста на
пакните на сопирачките F 3 93.
Page 165 of 223

Нега на возилото163Течност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MIN и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека
течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста а сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 197.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 117.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
се користи соодветен акумулатор
Page 166 of 223

164Нега на возилотоза замена. Препорачуваме
акумулаторот да Ви го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 129.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волни кога
користите полнач на
акумулатори. Во спротивно,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 189.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Замена на четкичките на бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Page 167 of 223

Нега на возилото165Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришач на задна
нелизгачка врата
Кренете ја четичката на бришачот,
притиснете го и држете ја спојката
и откачете ја четкичката.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришач на задна
врата
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ги држачите за да
излезе четкичката на бришачот.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот на рачката на бришачот
и притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата! Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Page 168 of 223
166Нега на возилотоХалогенски преднифарови
Предните фарови имаат одделни
системи за средно/странично
светло 1 (надворешна ламба),
долго светло/светло за дневно
возење 2 (внатрешна ламба).
За да пристапите до сијалиците,
извадете ги заштитните капаци.
Средно светло 1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го приклучокот од сијалицата.
3. Одвојте ја спојката иотстранете ја сијалицата од
фарот.
4. Вметнете нова сијалица во фарот така што јазичето за
лоцирање на сијалицата ќе се
поклопува со процепот на
фарот.
5. Закачете го приклучокот за сијалицата.
6. Ставете ја спојката.
7. Монтирајте го заштитниот капак.
Долги светла 1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го приклучокот од сијалицата.
3. Одвојте ја спојката и отстранете ја сијалицата од
фарот.
4. Вметнете нова сијалица во фарот така што сијалицата ќе
се поклопува со процепот на
фарот.
5. Закачете ја жицата и приклучете го приклучокот на
ламбата.
6. Монтирајте го заштитниот капак.