Page 225 of 303

Возење и ракување223Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.
Дизел гориво од артктички степен
може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Page 226 of 303

224Возење и ракување
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел За да отворите, полека свртете го
капачето налево.Капачето за полнење гориво може
да се закачи за куката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Вредноста на потрошувачката на
гориво (комбинирана) на моделот
Opel Grandland X е во опсегот од
5,5 до 4,3 л/100 км.
Во зависност од земјата,
потрошувачката на гориво се
прикажува во км/л.
Вредноста за испуштањето на
CO 2 (комбинирано) е во опсег од
127 до 111 г/км.
Page 227 of 303

Возење и ракување225За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во верзијата што
е применлива), со земање предвид
на тежината на возилото кога
работи, како што е одредено со
прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
резултира со повисоки резултатиод наведената потрошувачка и од
бројките за СО 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило. Возилата со мотор
на природен гас бараат посебна
опрема за влечење.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Функцијата за откривање
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр., во случај на 4 х 5 вати,
открива откажување на ламбите
само кога останала само една
ламба од 5 вати или нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
Page 228 of 303

226Возење и ракувањее така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Возни карактеристики, совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.
За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 281.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената бруто влечна тежина
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри надморска
височина. Бруто влечната тежина
не мора да се намалува кога се
вози по патишта со мала стрмнина
(помала од 8%, на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 272.
Page 229 of 303

Возење и ракување227Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (70 кг) е наведена на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото.
Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка никогаш не смее да падне под25 кг.Натоварување на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 230 of 303
228Возење и ракувањеПроверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Отстранете го капакот од вртливото копче и проверете
дали вртливото копче е
заклучено. Ако вртливото
копче не може да се сврти,
значи дека е заклучено.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 231 of 303

Возење и ракување229Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 232 of 303
230Возење и ракувањеДемонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Помош за стабилноста на
приколката
Ако системот открие занесувања,моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 174.