Page 25 of 303

Клучеви, врати и прозорци23
1.Отстранете го задниот капак од
далечинскиот управувач.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Рачно отклучување 3 25.Систем на електронскиот
клуч
Овозможува ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 25
● електрична задна врата 3 31
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 156
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач 3 22.
Page 26 of 303

24Клучеви, врати и прозорциРакувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува порака во
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. Извадете го капакот.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 25.
Page 27 of 303

Клучеви, врати и прозорци25Систем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
соодветната врата.
Повлекувањето на рачката уште
еднаш ја отвора вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Предуслов за ова е
поставувањето да се активира во
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 116.Ракување со далечинскиот
управувач
Отклучување
Притиснете го O.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот. Може да се изберат две
поставки:
● Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
за гориво ќе бидат отклучени
со притискање на O еднаш.
● Само вратата на возачот, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат отклучени со
притискање на O еднаш. За
отклучување на сите врати,
притиснете O двапати.
Изберете ја соодветната поставка
во Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 116.
Отклучување на задната врата
Притиснете P подолго за да се
отклучи само задната врата.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 31.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Page 28 of 303
26Клучеви, врати и прозорци
Притиснете го N.
Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Потврдување
Ракувањето со системот на централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 116.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.
Отклучување
Протнете ја раката зад кваката од
вратата на една од предните врати
за да го отклучите возилото или
притиснете ја контролата за
отворање на задната врата.
Држете ја раката зад кваката од
вратата или држете ја притисната
контролата за отворање на
задната врата за да ги отворите
прозорците.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
Page 29 of 303

Клучеви, врати и прозорци27индивидуалните потреби на инфо-
екранот. Може да се изберат две
поставки:
● Со протнување на раката зад кваката на возачката врата ќе
се отклучи само возачката
врата.
● Со протнување на раката зад кваката на совозачката врата
или со притискање на
контролата за отворање на
задната врата ќе се отклучат сите врати, товарниот простор
и вратничката на резервоарот
за гориво.
● Со притискање на подлогата за
допир на задната врата ќе сеотклучи само задната врата.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 116Заклучување
Притиснете со прст или палец на
една од кваките на вратите (на
ознаките) или притиснете ја
подлогата за допир на задната
врата.
Сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат заклучени.
Системот се заклучува ако некоја
врата била отворена, а сите врати
сега се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена, електронскиот клуч
останува во возилото или
палењето не е исклучено, нема да
се дозволи заклучување и ќе се
слушне предупредувачка
мелодија.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Отклучување и отворање на
задната врата
Задната врата може да се отклучи
и отвори без користење на рацете
со притискање на прекинувачот на
подлогата за допир под лентата на
задната врата кога електронскиот
клуч е во опсегот. Вратите
остануваат заклучени. Товарен
простор 3 31.
Page 30 of 303

28Клучеви, врати и прозорциРакување со копчињата на
електронскиот клуч
Системот на централната брава
исто така може да се ракува со копчињата на електронскиот клуч.
Притиснете O за отклучување.
Притиснете N за заклучување.
Подолго притиснете P за да ја
отклучите и отворите само
електричната задна врата.
Ракување со далечинскиот
управувач 3 25.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 116.
Копчиња за централната брава
Заклучување и отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на панелот на возачката врата.Притиснете Q за да заклучите.
Светнува LED-сијаличката во
копчето.
Притиснете Q повторно за
отклучување. LED-сијаличката во копчето се исклучува.
Ракување со клучот во случај на дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример, испразнет акумулатор или
батерија на далечинската контрола или електронскиот клуч, возачката
врата може да се заклучи или
отклучи со механичкиот клуч.
Рачно отклучување
Електронски клуч: притиснете го и
задржете го копчето за да се
извлече вметнатиот клуч.
Page 31 of 303

Клучеви, врати и прозорци29
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати можат да се отворат со повлекување на внатрешната
квака. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со ставање и вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
За да ги заклучите другите врати,
отстранете го црното капаче со
клучот.
Внимателно ставете го клучот и
поместете го кон внатрешната
страна од вратата без да го вртите клучот.
Извадете го клучот и вратете го
црното капаче.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Системот дозволува автоматско
истовремено заклучување на
вратите и хаубата штом брзината
на возилото ќе надмине 10 км/ч.
Ако една од вратите или товарниот
простор е отворена, автоматската
централна брава нема да се
активира. На тоа се укажува со
звукот на отклучување на бравите,
придружено со осветлување на h
Page 32 of 303
30Клучеви, врати и прозорцина таблата со инструменти, звучен
сигнал и прикажување на порака за
предупредување.
Можете трајно да ја активирате или
деактивирате оваа функција. Со
вклучено палење, притискајте Q
додека не започне да се емитува
звучен сигнал и не се прикаже
соодветна порака.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе го исклучите палењето.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција автоматски ги
заклучува сите врати, товарниот простор и вратичката на
резервоарот за гориво автоматски кратко по отклучувањето со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч ако ниту една
врата не била отворена.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Детски брави, механички
Свртете ја црвената детска брава
во задната врата во хоризонтална положба со користење на клуч.
Вратата не може да се отвори
однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во вертикална
положба.