Page 217 of 303

Возење и ракување215Наведувачки линии
Вертикалните линии го
претставуваат општиот правец на
возилото и растојанието помеѓу
вертикалните линии е соодветно со ширината на возилото без
ретровизорите. Црвените ознаки
претставуваат 50 см од работ на
задниот браник. Првата целосна
хоризонтална линија претставува
растојание од околу 1 м.
Растојанието помеѓу секоја
целосна хоризонтална линија
претставува 1 м. Последната
целосна хоризонтална линија
претставува 5 м.
Деактивирање на наведувачките
линии
Наведувачките линии можат да се
деактивираат во Инфо-екранот.
Изберете Поставки, I Возило , I
Откривање судар , I Наведувачки
линии за ретровизорската камера ,
I § .
Информативен екран 3 112.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 116.
Исклучување
Камерата се исклучува кога ќе се
избере брзина за движење напред.
Ограничувања на системот
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Зракот од фаровите свети директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Задната врата ќе се отвори. ● Возилото влече електрично поврзана приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Предупредување за напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента ги следи
ознаките помеѓу кои вози возилото
преку предна камера што се наоѓа
во горниот дел од шофершајбната. Системот ги детектира менувања
на лентата и го предупредува
возачот во случај на ненамерно
менување на лентата со визуелни
и звучни сигнали.
Page 218 of 303

216Возење и ракувањеКритериуми за откривање на
ненамерното менување на лента се:
● Неработење на трепкачите.
● Неработење со педалата на сопирачките.
● Немање активно работење со педалата за гас или
забрзување.9 Предупредување
Овој систем е помош за возење
кој не може, во ниту еден случај, да ја замени потребата за
внимателност од страна на
возачот.
Активирање
По вклучување на палењето,
системот за предупредување за
напуштање лента се активира. Ако
системот е активиран, LED-
сијаличката во копчето ½ не свети.
За да го активирате системот кога
е деактивиран, притиснете ½.
Со системот може да се работи само при брзини на возилото над
60 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) трепка
жолто. Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање на ½. Ако системот е
деактивиран, LED-сијаличката во
копчето ½ свети.
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Во случај на дефект, на таблата со
инструменти се појавува H
заедно со порака на екранот.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Page 219 of 303

Возење и ракување217Ограничувања на системотСистемот може да не работи
правилно кога:
● Брзината на возилото е под 60 км/ч.
● Шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешниелементи, на пример,
налепници.
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Неповолни временски услови како пороен дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
● Сонцето свети директно во објективот на камерата.
● Блиски возила напред.
● Возење по накосени патишта.● Возење по работ на патот.
● Возење по патишта со лоши ознаки за лентите.
● Нагли промени на осветлувањето.
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.
Помош за задржување на лента
Помош за задржување на лента
помага да се избегнат судири како
резултат на ненамерно напуштање на лентата. Предната камера ги
следи ознаките на лентата по која
вози возилото. Ако возилото се
приближи до ознаките за лентата,
воланот нежно се врти за да ја
врати положбата на возилото во
лентата. Завртете го воланот во
истата насока, ако управувањето
со системот не е доволно. Завртете го воланот нежно во спротивнатанасока, доколку е планирана
промена на лентата.При значајно преминување на
ознаките на лентата, помошта за
задржување на лентата почнува со визуелно и звучно
предупредување.
Се претпоставува ненамерна
промена на лентата
● без користење на трепкач
● без кочење
● без забрзување
● без активно вртење.
Забелешка
Системот е исклучен за време на
откривање на двосмислено
обележувања на лентите, на
пример, во градежни области.
Забелешка
Системот може да биде исклучен, ако детектира ленти, кои се
премногу тесни, премногу широки
или криви.
Page 220 of 303

218Возење и ракувањеАктивирање
По вклучување на палењето, се
активира помошта за задржување
на лента. Ако системот е
активиран, LED-сијаличката во
копчето Ó не свети. За да го
активирате системот кога е
деактивиран, притиснете Ó.
Кога контролната сијаличка a во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов за помош.
Со системот може да се работи при
брзини на возилото помеѓу 65 км/ч
и 180 км/ч и ако лентите се
обележени. Возачот мора да го
држи воланот со двете раце.
Трепкачите не се вклучуваат при
промената на насоката на
движење. Системот ESC мора да
биде активиран.
Системот врши корекции на
насоката на движење на возилото
што се потребни за да го вратат возилото на почетната патека ако
открие дека постои ризик дека
возилото ненамерно поминува
преку една од откриените ознаки за лентата. Тогаш возачот ќе
почувствува вртење на воланот.
Контролната сијаличка a трепка
при коригирањето на насоката на движење. Во Информативниот
центар за возачот, линијата на
коригираната страна ќе се прикаже
со портокалова боја.
Ако возачот сака да ја задржи
насоката на движење на возилото,
може да го спречи коригирањето
така што цврсто ќе го стегне
воланот (на пример, при маневар
за избегнување). Коригирањето се
прекинува ако се вклучат
трепкачите.Додека трепкачите се вклучени и по неколку секунди откако биле
исклучени, системот смета дека
секоја промена на насоката на
движењето е намерна и во овој период не се врши никаква
корекција.
Ако системот открие дека возачот
не го држи воланот доволно цврсто во текот на автоматската корекција
на насоката на движење, тогаш ја
прекинува корекцијата. Се
активира предупредување во кое
се поттикнува возачот да ја
преземе контролата над возилото.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање на Ó неколку секунди
и LED-сијаличката во копчето
светнува. Во Информативниот
центар за возачот се прикажани
полни сиви линии.
Page 221 of 303

Возење и ракување219ДефектПерформансите на системот може
да бидат под влијание на:
● Шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешниелементи, на пример,
налепници
● Блиски возила напред
● Накосени патишта
● Кривулести или ридски патишта
● Рабови на патот
● Патишта со лоши обележувања на лентите
● Нагли промени на осветлувањето
● Неповолни временски услови, на пример силен дожд или снег
● Промени кај возилото, на пример гуми.
Исклучете го системот, ако системот е попречен од мрсни
дамки, сенки, пукнатини на патот,
привремени или градежни
обележувања на лентата или други видови на неповолности.9 Предупредување
Секогаш задржете го Вашето
внимание на патот и одржувајте ја соодветната позиција на
возило во лентата на патот,
инаку може да дојде до
оштетување на возилото,
повреди или смрт.
Помошта за држење на лентата не го управува возилото
постојано.
Системот може да не го
одржува возилото во лентата
или да даде предупредување,
дури и ако се откријат ознаките
за лентата.
Управувањето со помошта за
задржување на лента можеби
не е доволно за да се избегне
излегувањето од лента.
Системот може да не открие
возење без раце поради
надворешни влијанија (состојба
на патиштата и површината,
времето итн). Возачот има
целосна одговорност за
контрола на возилото и секогаш
е потребно да ги задржи рацете на воланот за време на
возењето.
Користење на системот при
влечење на приколка или на
лизгави патишта може да
предизвика губење на контрола над возилото и незгода.
Исклучете го системот.
Предупредување за
возачот
Системот за предупредување за
возачот го следи времето
поминато во возење и
внимателноста на возачот.
Следењето на внимателноста на возачот се заснова врз промената
на насоката на возилото во
споредба со ознаките на лентата.
Системот вклучува
предупредување за времето
поминато во возење во
комбинација со откривање на
поспаноста на возачот.
Page 222 of 303

220Возење и ракување9Предупредување
Системот не може да ја замени
потребата за внимателност од
страна на возачот. Се
препорачува да одморите штом
ќе се почувствувате изморени
или најмалку на секои два часа.
Не земајте го воланот ако сте
изморени.
Активирање или деактивирање
Системот може да се активира илидеактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 116
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе се исклучи
палењето.
Предупредување за времето на
возење
Возачот добива појавен симбол за
потсетување € во
Информативниот центар за
возачот заедно со акустично
предупредување ако не направил
пауза по два часа возење со
брзина поголема од 65 км/ч.
Предупредувањето се повторува
на секој час додека возилото не
запре, без оглед на тоа како се
менува брзината на возилото.
Броењето на предупредување за
времето на возење се ресетира
кога палењето ќе се исклучи
неколку минути.
Откривање на поспаноста на
возачот
Системот го следи нивото на
внимателност на возачот.
Камерата во горниот дел од
шофершајбната ги открива
промените на насоката во
споредба со ознаките на лентата.
Системот е особено погоден за
брзи патишта (со брзини поголеми
од 65 км/ч).
Ако насоката на возилото укажува
на одредено ниво на поспаност или невнимание на возачот, системот
го активира првото ниво на
предупредување. Возачот добива
известување преку порака и се
слуша звучен сигнал.По првите три нивоа на
предупредување, системот
активира ново предупредување со
порака заедно со погласен звучен
сигнал.
Во одредени услови на возење
(лош пат или силни ветрови),
системот може да дава
предупредувања независно од
нивото на внимателност на
возачот.
Откривањето на поспаноста на
возачот се активира повторно кога
палењето ќе се исклучи на неколку минути или ако брзината се
одржува под 65 км/ч неколку
минути.
Ограничувања на системот
Во следниве ситуации, системот
може да не работи правилно или
дури и да не работи воопшто:
● Лоша видливост поради несоодветно осветлување на
патот, врнежи од снег, пороен дожд, густа магла и сл.
Page 223 of 303

Возење и ракување221● Заслепување од фарови одвозила што доаѓаат, ниско
сонце, одблесоци од влажни
патишта, излегување од тунел, менување на светло и сенка.
● Областа на шофершајбната пред камерата е покриена со
нечистотија, снег, налепници и
сл.
● Не се откриени ознаки за лента
или има повеќе ознаки за лента поради работи на патот
● Блиски возила напред
● Кривулести патишта или стрмни патиштаГориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 277. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Page 224 of 303

222Возење и ракувањеАдитиви за горивото надвор од
Европа
Горивото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат
правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови.
Некои горива не содржат доволно
количество адитив за да останат
чисти вбризгувачите и вентилите
за довод на гориво.
За да го надоместите недостатокот на детергент, додајте Fuel System
Treatment PLUS во резервоарот за
гориво при секоја промена на
моторното масло и на секои
10.000 км, кое и да настапи прво.
Може да го најдете во сервисот.
Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и другигорива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Индикаторското
светло за дефект Z може да се
вклучи 3 105. Ако се случи тоа,
побарајте помош од автомеханичар.
Гориво за мотори на дизел Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете Еуро-дизел
гориво со концентрација на сулфур под 50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.