Page 177 of 303

Возење и ракување175Системот за контрола на
пролизгувањето е компонента на
Електронската контрола на
стабилноста.
Контролата на пролизгувањето ја
подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето функционираат по секое палење на возилото, штом ќе
се изгасне контролната сијаличка
b .
Кога Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето работат, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 107.
Деактивирање
Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето може да се
деактивираат секогаш кога е
потребно: притиснете a.
Светнува LED-сијаличката во
копчето a.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога Електронската
контрола на стабилноста и
Контролата на пролизгувањето ќе
се деактивираат.
Page 178 of 303

176Возење и ракувањеЕлектронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето повторно се
активираат со повторно
притискање на копчето a, со
притискање на сопирачката или ако возилото се вози побрзо од 50
км/ч.
LED-сијаличката во копчето a се
исклучува кога Електронската
контрола на стабилноста и
Контролата на пролизгувањето се
активирани повторно.
Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето исто така се
активираат повторно следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Контрола за избор на
возењеВнимание
Возилото е направено за
возење главно по асфалтирани
патишта, но овозможува и
повремено возење надвор од
патиштата.
Сепак, не возете на терен каде
што возилото може да се
оштети од пречки, како што се
камења, меѓу другото, и на
терен со стрмни нагиби и лош
контакт со подлогата.
Не минувајте преку потоци.
Внимание
Кога се вози надвор од патот,
може да го загубите
управувањето поради
ненадејно движење и
маневрирање. Тоа може да
предизвика судар. Затоа, кога
возите по пат или надвор од пат, вие и патниците секогаш треба
да носите безбедносни ремени.
Контролата за избор на возење е
направена за да го оптимизира
триењето во услови на лош контакт
со подлогата (снег, кал и песок).
Се приспособува на теренот со контрола на предните тркала и на
тој начин ја задржува тежината што
вообичаено се поврзува со
поконвенционалниот погон на
четири тркала.
Page 179 of 303
Возење и ракување177Контролата за избор на возење
дозволува избор од пет режими на возење:
● Режим ESC исклучено
● Стандарден режим
● Режим за снег
● Режим за кал
● Режим за песок
Со вртење на контролата може да
се активираат неколку режими.
Светнува LED-сијаличка и се
појавува порака за статус во
Информативниот центар за
возачот за да се потврди
избраниот режим.Режим ESC исклучено
Во овој режим, Електронската
контрола на стабилноста и
Контролата на пролизгувањето се
деактивирани.
Светнува LED-сијаличката во
копчето a.
Електронската контрола на
стабилноста и Контролата на
пролизгувањето се активираат
повторно автоматски од 50 км/ч
или секогаш кога ќе се вклучи
палењето.
Стандарден режим
Овој режим е калибриран за ниско
ниво на вртење на тркалата, врз
основа на различни типови контакт со подлогата што вообичаено се
среќаваат во секојдневното
возење.
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, системот автоматски се
поставува на овој режим.
Page 180 of 303

178Возење и ракувањеРежим за снег
Овој режим се приспособува на
условите за контакт со подлогата
со кои се среќава секое тркало при тргнувањето.
Откако ќе тргнете, системот го
оптимизира вртењето на тркалата
за да гарантира најдобро
забрзување врз основа на
достапното триење. Се
препорачува во случаи на длабок
снег и стрмни наклони.
Овој режим е активен при брзини
до 50 км/ч.
Режим за кал
Овој режим дозволува значително
вртење на тркалата при тргнување
за тркалото со најмал контакт со
подлогата. Ја отстранува калта и
повторно го воспоставува
триењето.
Истовремено, тркалото со најголем контакт со подлогата добива
најголем можен вртежен момент.
Овој режим е активен при брзини
до 80 км/ч.
Режим за песок
Овој режим овозможува мало
количество истовремено вртење
на тркалата на двете погонски
тркала и на тој начин овозможува возилото на напредува и го
намалува ризикот од потонување.
Овој режим е активен при брзини
до 120 км/ч.
Внимание
Не користете ги другите режими на песок затоа што возилото
може да заглави.
Page 181 of 303

Возење и ракување179Спортски режим
Спортскиот режим ги прилагодува
поставките на некои системи на возилото кон поспортски стил на
возење.
Активирање
Притиснете SPORT кога работи
моторот.
LED-сијаличката во копчето
светнува кога спортскиот режим е
активиран и се појавува статусна
порака во Информативниот центар на возачот.
Деактивирање
Кратко притиснете SPORT.
Спортски режим се деактивира
следниот пат кога ќе се активира палењето.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
автоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Page 182 of 303
180Возење и ракувањеМоже да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
притискање на педалата за гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Активирањето во прва брзина не е
возможно.
Контролна сијаличка m 3 110.Вклучување
Притиснете m на воланот:
симболите m и Pause се
покажуваат во Информативниот
центар за возачот. Системот сè
уште не е активен.
Активирање
Поставување на брзината од
возачот
Page 183 of 303

Возење и ракување181Забрзајте до саканата брзина и
притиснете го прекинувачот еднаш
кратко до RES/+ или SET/- .
Моменталната брзина се снима и одржува. Педалот за гас може да
се отпушти.
Претходно поставената брзина
потоа може да се промени со
притискање на прекинувачот на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Краткото притискање ја променува
поставената брзина во мали
чекори, а долгото притискање во големи чекори.Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Прифаќање на брзината од
помошникот за сообраќајни знаци
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога помошникот за сообраќајни
знаци ќе открие ограничување на
брзината. Откриеното
ограничување на брзината може да се користи како нова вредност за
контролата на патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита
ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината. Системот ги зема
предвид и информациите за
ограничувањата на брзината од
податоците за картите од системот за навигација.
Функцијата може да се деактивира
или активира во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби, 3 116.Ако контролата на патувањето е
активна, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Информациите што се
прикажуваат во Информативниот
центар за возачот зависат од
екранот што се користи.
Во Информативниот центар за
возачот, на екранот се прикажува
знак за ограничување на брзината,
а MEM свети неколку секунди.
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Page 184 of 303

182Возење и ракувањеНадминување на поставената
брзина
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на педалот
за гас. Кога ќе се отпушти педалот
за гас, се продолжува со претходно зачуваната брзина.
Деактивирање
Притиснете Ñ: контролата на
патувањето е во режим на пауза и
се покажува Pause. Возилото се
вози без контрола на патувањето.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина се меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Куплунгот е притиснат.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
Продолжување со снимената
брзина
Притиснете го прекинувачот
RES/+ при брзина поголема од
40 км/ч. Снимената брзина ќе се
постигне.
Исклучување
Притиснете m и режимот за
контрола на патувањето ќе се исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и показателот за контролата на
патувањето.
Со притискање на ß за
активирање на ограничувачот на
брзината се деактивира
контролата на патувањето.
Исклучувањето на палењето ги
откажува сите програмирани
вредности за брзина.Дефект
Во случај на дефект на контролата
на патувањето, брзината се брише и цртичките почнуваат да трепкаат.
Контролата на патувањето може
да не работи правилно ако
сообраќајните знаци не се во
согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали (Wiener Übereinkommen
über Straßenverkehrszeichen).
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.