154Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Стартување на моторот
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач) или
педалата за сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете Start/Stop . Пуштете го копчето
откако ќе започне постапката за
стартување. Дизел моторот
стартува по предзагревање.Палење во режим на напојување
без стартување на моторот
Притиснете Start/Stop без да
притискате на педалата за
куплунгот или за сопирачката.
Контролните сијалички светат и
може да се ракува со повеќето
електрични функции.Гасење на моторот и палењето
Притиснете го Start/Stop кратко во
секој режим или кога работи
моторот и возилото е во мирување. Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Start/Stop пет секунди
3 156. Воланот се заклучува штом
возилото ќе застане.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key