Page 17 of 229
Накратко15Системи за бришење и миење
на задното стакло
Свртете ја лентата до положба e
за да го активирате бришачот на
задното стакло.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната и
менувачот е ставен во рикверц.
Притиснете ја рачката: Течноста за
миење се прска врз задното стакло
и бришачот брише неколку пати.
Бришење/миење на задното
стакло 3 79.
Контрола на
климатизацијата
Греење на задното стакло,
греење на страничните
ретровизори
Греењето се ракува со притискање
на Ü.
Греење на задното стакло 3 35.
Странични ретровизори со греење
3 32.
Одмаглување и одмрзнување
на прозорците
Систем за климатизација
Наместете ја контролата на
температурата на најтопло.
Наместете ја јачината на
вентилаторот на највисоко ниво.
Контролата на распределбата на
воздухот наместете ја на V.
Ладењето n е вклучено.
Греењето на задното стакло Ü е
вклучено.
Систем за греење и проветрување
3 119.
Page 18 of 229
16НакраткоСистем за климатизација 3 120.Електронски систем за контрола на
климатизацијата
Притиснете го Ê.
Температурата и распределбата
на воздохут се поставува
автоматски и вентилаторот работи
на голема брзина.
За да се вратите во автоматскиот
режим: притиснете n или AUTO .
Електронски систем за контрола на
климатизацијата 3 122.
Менувач
Рачен менувач
Рикверц: кога возилото е во
мирување, почекајте три секунди
откако ќе го притиснете куплунгот,
повлечете го прстенот на рачката
на менувачот нагоре и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Рачен менувач 3 136.
Page 19 of 229

Накратко17Автоматизиран рачен менувачN:положбата лерo:положба за возење+:поголема брзина-:помала брзинаA/M:префрлување помеѓу
автоматскиот и рачниот
режимR:рикверц (со закочување на
рачката на менувачот)
Автоматизиран рачен менувач
3 137.
Поаѓање
Проверка пред да појдете ● Притисокот во гумите и нивната состојба 3 179,
3 214.
● Нивоата на моторното масло и
на течностите 3 161.
● Сите прозорци, ретровизори, надворешни светла и
регистарски таблички, дали се
чисти, да нема снег и мраз на
нив, и дали функционираат.
● Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 31,
3 38, 3 50.
● Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
● Свртете го клучот во положбата 1.
● Помрднете го воланот малку за
да се ослободи бравата на
воланот.
● Притиснете ги куплунгот и сопирачката.
● Автоматизиран рачен менувач:
нагазнете ја сопирачката;
менувачот автоматски се
префрлува во N (лер).
● Не нагазнувајте го педалот за гас.
Page 20 of 229
18Накратко● Дизел мотори: свртете гоклучот во положбата 1 за
предзагревање и почекајте додека контролната
сијаличка ! не се изгасне.
● Свртете го клучот во положбата 2 и отпуштете го.
Палење на моторот 3 129.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Се појавува Autostop кога ќе се
прикаже ^ на Информативниот
центар за возачот 3 101.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 131.
Page 21 of 229

Накратко19Паркирање9Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина пред
да го исклучите палењето. Ако возилото е на угорница,
свртете ги предните тркала
од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц пред даго исклучите палењето.
Свртете ги предните тркала
кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Свртете го клучот за палење во положба 0 и извадете го од
прекинувачот за палење.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото со e на
далечинскиот управувач.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 160.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 20.
Оставање на возилото да стои подолго време 3 159.
Page 22 of 229

20Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............20
Клучеви ..................................... 20
Картичка на автомобилот .......21
Далечински управувач ............21
Рачни брави на вратите ..........22
Систем на централната брава ....................................... 24
Детски брави ............................ 26
Врати ........................................... 26
Шибер врата ............................ 26
Задни врати .............................. 27
Товарен простор ......................28
Безбедност на возилото ............30
Систем за заштита од кражба ..................................... 30
Имобилизатор .......................... 30
Странични ретровизори ............31
Конвексен облик ......................31
Рачно дотерување ...................31
Електрично местење ...............31
Преклопни прозорци ................ 32
Ретровизори со греење ...........32Ретровизори ............................... 32
Рачна заштита од отсјај ..........32
Прозорци .................................... 33
Шофершајбна .......................... 33
Механички прозорци ...............33
Електрични прозорци ..............33
Задни прозорци ........................ 35
Греење на задното стакло ......35
Штитници за сонце ..................35Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикетата која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 195.
Далечински управувач 3 21.
Централна брава 3 24.
Палење на моторот 3 129.
Page 23 of 229

Клучеви, врати и прозорци21Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста и затоа
треба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци на
возилото се потребни за да се
извршат извесни постапки.
Далечински управувач
Се користи за ракување со:
● централната брава 3 24
● системот за заштита од кражба
3 30
● електричните прозорци 3 33
Далечинскиот управувач има опсег
до 5 метри. Него може да го
ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Опсегот е надминат.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање; тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 24.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Page 24 of 229

22Клучеви, врати и прозорци
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го лежиштето (за да го
откриете држачот за акумулаторот) и отстранете го држачот за
акумулаторот со вртење на
шрафот со соодветен шрафцигер.
Отстранете го држачот за
акумулаторот од лежиштето и
заменете го акумулаторот (тип
CR 2032), внимавајќи на позицијата за инсталирање.
Наместете го држачот на
акумулаторот во лежиштето и
зашрафете го шрафот.
Рачни брави на вратите
Ако напојувањето се прекине,
напонот во акумулаторот падне
премногу или ако има грешка во
системот на централната брава,
бравите на вратите не може да се
управуваат со далечинскиот
управувач.Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
така што ќе го ставите клучот во
цилиндерот од бравата и ќе го
свртите кон предниот дел од
возилото. Отворете ја возачката
врата така што ќе ја повлечете
надворешната рачка.
Совозачката врата и лизгачката
врата(и) може да се отворат преку
надворешните или внатрешните
рачки.
Рачно отклучете ги задните врати
така што ќе го свртите клучот во
цилиндерот од бравата (ако е
достапно) или отворете ги