Page 193 of 229
Нега на возилото191
1. Отшрафете две завртки соклучот за тркала и отстранете
го резервното тркало од потпирачот.
Прирачен алат 3 178.
2. Сменете го тркалото.
3. Ставете го заменетото
резервно тркало на потпирачот
осигурувајќи правилна
поставеност на спојните
навртки.
4. Обезбедете го резервното тркало со зацврстување на две
завртки користејќи го клучот за
тркала.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Еднонасочни гуми
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 194 of 229

192Нега на возилотоПалење со каблиНе палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на возилото на
отворен пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулаторот.
● Користете помошен акумулатор со ист напон (12 V ).
Неговиот капацитет (Ач) не
смее да биде значително
помал од оној на испразнетиот
акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
Page 195 of 229

Нега на возилото193Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај на црвениот кабел со позитивната
клема на испразнетиот
акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.2. По пет минути, запалете годругиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
три минути со поврзани кабли.
4. Вклучете ги електричните потрошувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото што го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Отпуштете го капакот преку
внимателно подигнување со
шрафцигер. За да се спречи
оштетување, се препорачува да се стави крпа меѓу одвртката и
рамката.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 178.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Page 196 of 229

194Нега на возилотоЗакачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.Внимание
Алката за влечење треба да се
користи само за влечење, а не
за извлекување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Ставете ја рачката на менувачот во лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.
Забелешка
Ако не може да се избере лер кај
возилата со автоматизиран рачен менувач (MTA), возилото треба да
се влече само со погонските
тркала кренати од тлото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот 3 120 и
затворете ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, одвртете ја алката за влечење и вратете го капачето.
Влечење друго возило
Вметнете шрафцигер во процепот
на страната на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот. За да се спречи
оштетувањето, се препорачува да
се стави крпа помеѓу шрафцигерот и рамката.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 178.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Page 197 of 229

Нега на возилото195Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат
возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капакот.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што се
обоени со мат боја или имаатнанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и на задното
стакло мора да бидат исклучени.
Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Page 198 of 229

196Нега на возилотоЧистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Небоените пластични делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Деловите од каросеријата што се во мат боја и обложени со филм
или декоративни ленти не смее дасе полираат за да се избегне
сјајност. Во автоматски перални за
возила не користете програми со
топол восок ако возилото ги содржи
овие делови.
Мат обоените декоративни делови, на пр. прекривките за ретровизори,не смее да се полираат. Во
спротивно, овие делови ќе блештат
или ќе се растопи бојата.
Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Page 199 of 229

Нега на возилото197Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на
прозорци.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
за чистење прозорци. Внимавајте и да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча
Никогаш го чистете ја со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства (на пр.
растворувач за бои, средства што
содржат ацетон итн.) киселини или јако алкални средства или жици за
триење. Не нанесувајте восок или
средства за полирање на
стаклената плоча.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Возила со природен гас
Не го насочувајте компресорска
млазница со голем притисок кон
компонентите на системот за
природниот гас. Особено важно е
да се заштитат резервоарот за
природен гас и вентилите за
притисок на каросеријата на
возилото и преградата во
моторниот простор.
На тие компоненти не смеат да се
користат хемиски средства за
чистење или конзерванси.
Нека Ви ги исчисти компонентите на системот за природен гас
автомеханичар овластен да
изведува одржување на возила со природен гас.
Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Page 200 of 229

198Нега на возилотоНега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на голема извалканост, користете
средства за чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете ги флеките со средство за чистењена тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особенона тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.