Page 177 of 205

Нега на возилото175Влечење друго возило
Вметнете шрафцигер во процепот
на страната на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот. За да се спречи
оштетувањето, се препорачува да
се стави крпа помеѓу шрафцигерот и рамката.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 159.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат
возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капакот.
Нега за изгледот
Нега на надворешностаБрави
Бравите се подмачкуваат во фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно со мазиво
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Page 178 of 205

176Нега на возилото
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и на задното
стакло мора да бидат исклучени.
Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување
восок
Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Page 179 of 205

Нега на возилото177
Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.Стаклена плоча
Никогаш го чистете ја со раствори
или нагризувачки средства, горива,
агресивни средства (на пр.
растворувач за бои, средства што
содржат ацетон итн.) киселини или јако алкални средства или жици за
триење. Не нанесувајте восок или
средства за полирање на
стаклената плоча.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да се чистат со истите средства како и
шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето навозилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Возила со природен гас Не го насочувајте компресорска
млазница со голем притисок кон компонентите на системот за
природниот гас. Особено важно е
да се заштитат резервоарот за
природен гас и вентилите за
притисок на каросеријата на
возилото и преградата во
моторниот простор.
Page 180 of 205

178Нега на возилото
На тие компоненти не смеат да се
користат хемиски средства за
чистење или конзерванси.
Нека Ви ги исчисти компонентите на системот за природен гас
автомеханичар овластен да
изведува одржување на возила со
природен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука сокомпресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на голема извалканост, користете
средства за чистење кожа.Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете
ги флеките со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 181 of 205

Сервисирање и одржување179Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................179
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 180Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 77.
Интервали за сервисирање -
мотори на бензин и на CNG Вашето возило треба да се
одржува на секои 30000 км или на
2 години, што и да е прво.
Интервали за сервисирање -мотори на дизел Вашето возило треба да се
одржува на секои 35000 км или на
2 години, што и да е прво, освен акое поинаку назначено на
Информативниот центар за
возачот.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Екран за сервисирање 3 77.
Меѓународни сервисни
периоди Постои потреба од одржување на
вашето возило на 20000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните периоди за
сервисирање се важечки за:
Албанија, Белорусија, Босна и
Херцеговина, Грузија, Македонија,
Молдавија, Црна Гора, Србија,
Украина.
Екран за сервисирање 3 77.
Page 182 of 205

180Сервисирање и одржување
ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентираат во Сервисната и
гаранциска книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и потпис на сервисот.
Проверете дека Сервисната и
гаранциска книшка е дополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење
на работниот век на моторното масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Кога треба да се смени моторното
масло, контролната сијаличка I
ќе трепка во групата инструменти 3 86. Зависно од верзијата, можеда се појави порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 86.
Екран за сервисирање 3 77.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Page 183 of 205

Сервисирање и одржување181
Моторно маслоМоторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува, на пр., чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека степенот на
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температури.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензиските мотори важат и за
моторите на компримиран
природен гас (CNG).
Изберете соодветно моторно
масло врз основа на квалитетот и
вискозноста 3 185.Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забранета, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло врз основа на квалитетот и вискозноста 3 185.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Вискозитет на моторното масло
Класата на вискозност SAE дава
информации за густината на
маслото.Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа на
вискозност 3 185.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз
Користете само антифриз одобрен
за возилото. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за одлична заштита од корозија и од
смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
Page 184 of 205
182Сервисирање и одржување
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.