Page 121 of 205

Возење и ракување119
За возила со автоматизиран рачен
менувач, Autostop може да се
потисне додека не се достигне
брзина од околу 10 км/ч.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 115.
Заштита од празнење на
акумулаторот
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Повторно палење на моторот
Рачен менувач
Рачката на менувачот треба да биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Автоматизиран рачен менувачАко рачката на менувачот е во
положба N, изберете друга брзина,
инаку отпуштете ја педалата на
сопирачката или ставете ја рачката на +, – или R за да овозможите
автоматско повторно палење.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Повторно палење на моторот
со клучот
Кога ќе се појави некоја од
следниве околности за време на
Autostop, моторот треба повторно
да се запали рачно со клучот.
■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата
■ поминале три минути откако моторот бил исклучен
Во тој случај, контролната
сијаличка ^ трепка во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија.Зависно од верзијата, може да се
појави соодветна порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 88.
Дефект Ако контролната сијаличка Æ свети
во групата инструменти, има
дефект во системот за сопирање- поаѓање 3 87.
Зависно од верзијата, 9 ќе светне
како алтернатива ако нема
контролна сијаличка Æ.
Предупредувачка порака може да
се прикаже и во Информативниот
центар за возачот 3 88.
Општо предупредување 9 3 80.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Page 122 of 205

120Возење и ракувањеПаркирање9Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот. Свртете го клучот за палење
во положба STOP и извадете
го. Завртете го воланот
додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина пред
да го исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница,
свртете ги предните тркала од
работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц пред да го исклучите палењето. Свртете
ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
Заклучете го возилото 3 22 и
активирајте го системот за заштита од кражба 3 28.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
Page 123 of 205

Возење и ракување121
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Вообичаено се потребни
15 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема во овој период.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Зависно од верзијата, може да
се појави предупредувачка порака
и во Информативниот центар за
возачот 3 88.Контролната сијаликча % свети
кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
чистењето што е можно поскоро за да се избегне оштетување на
моторот.
Процес на чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 134, 3 186 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
Page 124 of 205
122Возење и ракување
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го притиснете
куплунгот, повлечете го прстенот
на рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози сораката легната на рачката наменувачот.
Кога се препорачува менување
брзина за да се подобри горивната
економичност, контролната
сијаличка [ или Ò ќе светне во
Информативниот центар за
возачот 3 83.
Page 125 of 205

Возење и ракување123Автоматизиран рачен
менувач
Автоматскиот рачен менувач
(МТА) овозможува рачно (рачен
режим) или автоматско менување
на брзините (автоматски режим), и
двете со автоматска контрола на
кумплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина.
Палење на моторот
Нагазнете ја ножната сопирачка
кога го палите моторот.
Ако не се притисне ножната
сопирачка, се појавува
предупредувачка порака во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија 3 95 и
моторот не може да се стартува.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 88.
Кога ножната сопирачка е
нагазната, менувачот автоматски
се префрлува во N (лер) и може да
се запали моторот. Може да
настапи кратко задоцнување.
Autostop
За време на Autostop, ако рачката
на менувачот е во положба N,
изберете друга брзина, инаку
отпуштете ја педалата на
сопирачката или ставете ја рачкатаво +, – или R за да овозможите
автоматско повторно палење на
моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 117.
Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
Откако ќе изберете A/M, + или - и ќе
ја отпуштите рачката на
менувачот, рачката автоматски се
враќа во средишната положба.
Page 126 of 205

124Возење и ракување
N=Лер.o=Положба за возење.A/M=Префрлување меѓу
автоматскиот и рачниот
режим.
Екранот на менувачот
покажува AUTO кога е во
автоматски режим.R=Рикверц.
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува „R“ кога
е ставено во рикверц.+=Менување во поголема
брзина.–=Менување во помала
брзина.
Поаѓање
При палење на моторот, нагазнете ја ножната сопирачка и поместете
ја рачката на менувачот кон + за да
се стави во прва брзина. Ставете
во поголема или помала брзина со
ставање на рачката на менувачот
во + или -.
Брзините може да се
прескокнуваат со придвижување
на рачката на менувачот повеќе
пати во кратки временски
интервали.
Возачот се предупредува за
неправилно избирање брзина со
предупредувачки тон заедно со
порака на Информативниот центар за возачот 3 88 . Системот се враќа
во помала брзина, избирајќи ја
најсоодветната брзина
автоматски.
Ако се избере R, се активира
рикверц. Возилото почнува да се движи штом ќе се отпушти ножната
сопирачка. За брзо поаѓање,
отпуштете ја ножната сопирачка и
давајте гас веднаш по ставањето
во брзина.
Поместете ја рачката на менувачот кон A/M за да вклучите автоматски
режим, менувачот автоматски
менува брзини, зависно од
условите на возењето.За да го вклучите рачниот режим,
поместете ја рачката на менувачот
кон A/M. Моменталната брзина ќе
се појави на екранот на менувачот.
Застанување на возилото
Во автоматски или рачен режим,
првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога застанувате на стрмнини, затегнете ја рачната сопирачка или
притиснете ја ножната сопирачка.
За да се спречи прегревањето на
квачилото, може да се огласи
повремен предупредувачки тон
како опомена да ја притиснете
ножната сопирачка или да ја
затегнете сопирачката за
паркирање.
Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.
Page 127 of 205

Возење и ракување125
Кога возилото е паркирано и е
отворена возачката врата, се
огласува предупредувачки ѕвон
ако не е избран лер или ако не е
притисната ножната сопирачка.
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Ставајте ја рачката на
менувачот меѓу R и A/M (или меѓу
+ и -) повеќепати, истовремено
благо притискајќи ја педалата за
гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка.
Останува најпоследно избраната
брзина (видете на екранот на
менувачот) активирана. Со N не е
ставено во ниедна брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Ако палењето не е исклучено или
рачната сопирачка не е затегната,
ќе се огласи предупредувачко
ѕвоно при отворање на возачката
врата.Рачен режим
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот. Ако
брзината на моторот е преголема,
менувачот се префрлува во
поголема брзина само преку
збоднување 3 126.
Кога се препорачува менување
брзина за да се подобри горивната
економичност, контролната
сијаличка [ или Ò ќе светне во
Информативниот центар за
возачот 3 83.
Page 128 of 205

126Возење и ракувањеЕлектронски програми за
возењето
Еко режим E
Кога е вклучен автоматскиот
режим, Еко режимот може да се
избере за да се намали
потрошувачката на гориво.
Еко режимот ја избира
најсоодветната брзина зависно од
брзината на возилото, брзината на
моторот и интензитетот со кој се
притиска гасот.
Активирање
Притиснете го копчето E на
куќиштето на рачката на
менувачот. Контролната сијаличка E се појавува на екранот на
менувачот за да го покаже
активирањето.
Деактивирање
Еко режимот се исклучува со:
■ повторно притискање на копчето E,
■ префрлување во рачниот режим.
За да се заштити менувачот при
крајно високи температури на
квачилото, може да се огласи
испрекинат предупредувачки тон.
Во такви случаи, притиснете ја
ножната сопирачка, ставете во N и
активирајте ја сопирачката за
паркирање за да се овозможи
куплунгот да се излади.
Збоднување
Ако педалот за гас е нагазнат преку отпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот сепрефрлува во помала брзина. За
забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната сијаличка s се покажува на
екранот на менувачот.
Може да се продолжи со возењето, под услов возилото да се вози
внимателно и со предвидување.
Може да се појави
предупредувачка порака на
Информативиот центар за возачот
заедно со предупредувачки тон
3 95.