Page 137 of 205

Возење и ракување135
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Гориво за работење со
природен гас
Употребувајте природен гас со
содржина на метан од околу
78 - 99 %. L-gas (low) (низок) има
околу 78 - 87 %, а H-gas (high)
(висок) има околу 87- 99 %.
Биогасот со иста содржина на
метанот исто така може да се
користи ако тој бил хемиски
подготвен и десулфуриран.
Користете само таков природен гас
или биогас кој се сообразува со
DIN 51624.
Течни гасови или LPG не смее да
се употребува.
Селектор на гориво
Со притискање на копчето Y во
средишната конзола се менува
помеѓу работа на природен гас и
бензин. Состојбата на сијаличката
1 го покажува тековниот режим на
работа.1 исклучување=работење со
природен гас.1 свети=работење со
бензин.
Кога резервоарите со природен гас
се празни, автоматски се вклучува
работењето на бензин.
Контролната сијаличка Y свети на
информативниот центар за
возачот 3 88 додека палењето не
се исклучи.
Благо намалување на моќноста и
на вртежниот момент може да се
очекува при работење со бензин.
Затоа треба да го приспособите
стилот на возење (на пр. за време
на претекнување) и оптовареноста
на возилото (на пр. влечење товар) во склад со тоа.
Секои шест месеци празнете го
резервоарот за бензин додека не
светне контролната сијаличка §,
па наполнете го. Тоа е потребно за
да се одржи квалитетот на
Page 138 of 205

136Возење и ракување
горивото, како и функционирањетона системот, потребно за
работење на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Полнење гориво Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната лева
страна на возилото.9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Ослободете ја вратичката на
резервоарот со повлекување со
рака.
Вметнетего клучот во капачето и
свртете го налево за да отклучите.
За да го отстраните капачето на
резервоарот, вртете спротивно од
стрелките на часовникот.
Внимание
За да не дојде до оштетувања,
не обидувајте се да ракувате со лизгачката странична врата
кога е отворена вратичката за
полнење гориво.
Забелешка
Зависно од моделот, лизгачката странична врата може да е
опремена со безбедносен систем
што спречува вратата да се
отвори целосно кога е отворено
капачето за полнење гориво.
Лизгачка странична врата 3 25.
Page 139 of 205

Возење и ракување137
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматскиот прекин на
дотокот, резервоарот може да се
дополни со најмногу две дози
гориво.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да затворите, вратете го
капачето и свртете надесно.
Вметнете го клучот во капачето и
свртете надесно за да заклучите,
па извадете го клучот.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Полнење на природен гас
Отворете ја вратичката на
резервоарот.
9 Предупредување
Полнете само со максимален
излезен притисок од 250 бари.
Користете само станици за
полнење каде што има
компенсирање на
температурата.
Постапката за полнење треба да биде завршена, т.е. грлото за
полнење треба да биде
испразнето.
Капацитетот на резервоарот за
природен гас зависи од
надворешната температура,
притисокот на полнењето и видот
на системот за полнење.
Затворете ја вратичката на
резервоарот по полнењето.
Термини за „ возила со природен
гас “ во странство:ГерманскиErdgasfahrzeugeАнглискиNGVs = Natural Gas
VehiclesФранцускиVéhicules au gaz
naturel – or –
Véhicules GNVИталијанскиMetano auto
Термини за „ природен гас “ во
странство:
Page 140 of 205

138Возење и ракување
ГерманскиErdgasАнглискиCNG = Compressed
Natural GasФранцускиGNV = Gaz Naturel
(pour) Véhicules
- или -
CGN = carburantgaz
naturelИталијанскиMetano (per auto)
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Систем за прекин на дотокот
на гориво
Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини.
Ресетирање на системот за прекин
на дотокот на гориво; видете во
„Пораки за горивниот систем“ 3 95.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на Opel Combo е во
опсег од 7,7 до 4,8 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 179 до 126 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во соодветната
верзија), со земање предвид на тежината на возилото кога работи,
како што е одредено со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка на гориво и
испуштање CO 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи
од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.
Природен гас
Информацијата за потрошувачката на горивото е добиена со употреба
на референтно гориво G20 (однос
на метан 99 - 100 мол%) под
Page 141 of 205

Возење и ракување139
пропишаните услови за возење.
Кога се користи природен гас со
помал однос на метан,
потрошувачката на гориво може да биде поинаква од определените
вредности.Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило. Возилата со мотор на природен гас може да бараат
посебна опрема за влечење.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Возни карактеристики,
совети за влечење Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоаако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1300 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 192.
Page 142 of 205

140Возење и ракувањеВлечење на приколка
Товари на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
фактичката бруто тежина на
приколката и фактичката
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечењеисто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 183.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Оптовареност на задната
оска Дозволените оптоварености на
оските (видете на
идентификациската табличка или
во документите на возилото) не
смее да се пречекорат.
Page 143 of 205

Нега на возилото141Нега на возилотоОпшти информации.................141
Прверки на возилото ...............142
Замена на сијалиците ..............149
Електричен систем ..................155
Прирачен алат ......................... 159
Тркала и гуми ........................... 159
Палење со кабли ......................172
Влечење ................................... 174
Нега за изгледот ......................175Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
Page 144 of 205

142Нега на возилото
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете го возилото во прва
брзина или во рикверц за да не се движи.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за заштита од кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.■ Проверете го нивото намоторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Наместете ги регистарските таблички ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на природен гас мора да
ги рециклира сервисен центар
овластен за возила на природен
гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.