Page 129 of 205

Возење и ракување127
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 88.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 82.Систем за деблокирање
на сопирачките Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 83.
Page 130 of 205

128Возење и ракување
Дефект9Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопирачка за
паркирање
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да ракувате со копчето за ослободување, и на
надолнини или нагорнини
затегнете ја истата колку е можно
поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните сили
на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Ќе се огласи предупредувачки тон
ако се надмине одредена брзина
со затегната сопирачка за
паркирање.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 88.
Контролна сијаличка R 3 82.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
Page 131 of 205

Возење и ракување129
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по стрмнини.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Ако контролната сијаличка Z
светне додека се вози, има дефект на Помошта при поаѓање по
нагорнини 3 83. Побарајте помош
од автомеханичар за да ви го
отстранат дефектот.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 117.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Регулаторот против пролизгување
(ASR) е компонента на
Електронската прогарма за
стабилност (ESP).
ASR ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ASR работи штом контролната
сијаличка R се изгасне.Кога е активно ASR, трепка
контролната сијаличка R.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
Page 132 of 205

130Возење и ракување
АSR може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете го
копчето ASR OFF накратко.
LED- от во копчето свети и, зависно
од верзијата, може да се појави и
порака во Информативниот центар за возачот 3 88.
ASR повторно се активирана со
притиснување на копчето
ASR OFF одново.
ASR исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект ASR се исклучува автоматски во
случај на дефект. Контролната
сијаличка R ќе свети во групата
инструменти. Зависно од
верзијата, може да се појави
порака и во Информативниот
центар за возачот 3 88.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контролна сијаличка R 3 84.Електронска програма за
стабилност
Електронската програма за
стабилност (ESP) ја подобрува стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и превртувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се сопираат посебно. Тоа значително
ја подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ESP работи штом контролната
сијаличка R се изгасне.
Кога ќе се активира ESP, трепка
контролната сијаличка R.
Системот ESP автоматски се
активира кога возилото ќе се
запали и не може да се деактивира.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Дефект
Во случај на дефект, ESP ќе се
исклучи автоматски и контролната
сијаличка R ќе свети во групата
инструменти. Зависно од
верзијата, може да се појави
порака и во Информативниот
центар за возачот 3 88.
Сијаличката на копчето ASR OFF
исто така свети.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контролна сијаличка R 3 84.
Page 133 of 205

Возење и ракување131Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини
приближно над 30 км/ч. Може да
дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
нагорнини или надолнини.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 88.
Вклучување
Свртете го крајот на рачката во положба ON; контролната
сијаличка m свети во групата
инструменти. Зависно од
верзијата, може да се појави
порака и во Информативниот
центар за возачот 3 88.
Активирање
Забрзајте до саканата брзина и
притиснете ја рачката нагоре ( +),
моменталната брзина се зачувува и одржува. Педалот за гас може да
се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината Со активна контрола на
патувањето, притиснете ја рачката
нагоре ( +) или кратко притискајте ја
рачката нагоре ( +) повеќепати:
брзината се зголемува постојано или во мали чекори.
Или, забрзајте до саканата брзина
и зачувајте ја со притискање на
рачката нагоре ( +).
Page 134 of 205

132Возење и ракување
Намалување на брзината
Со активна контрола на
патувањето, притиснете ја рачката
надолу ( -) или кратко притискајте ја
рачката надолу - повеќепати,
брзината се намалува постојано или во мали чекори.
Деактивирање Автоматско деактивирање:
■ брзината на возилото е под околу
30 км/ч,
■ педалот на сопирачките е притиснат,
■ куплунгот е притиснат,
■ системот за контрола на пролизгувањето/регулаторот
против пролизгување (ASR) или
Електронската програма за
стабилност (ESP) работи.
Продолжување со снимената брзина
Притиснете го копчето = при
брзини над 30 км/ч. Снимената
брзина ќе се постигне.Исклучување
Свртете го крајот на рачката воположбата OFF; контролната
сијаличка m се гаси. Зачуваната
брзина се брише. Исклучувањето
на палењето ја брише и зачуваната брзина.
Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Контролна сијаличка r 3 84.
Работа на системот
Помошта за паркирање се
вклучува автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Периодите помеѓу сигналите се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога
растојанието е поблиску од 30 см,
сигналот станува постојан тон што
сопира веднаш штом ќе се зголеми оддалеченоста.
Дефект Во случај на дефект во системот,
се пали r и на информативниот
систем за возачот се прикажува
порака 3 88.
Page 135 of 205

Возење и ракување133
Следните услови може да влијаат
врз перформансите на системот:
■ Ултрасоничните сензори не се чисти. Одржувајте го браникот
без кал, прав, снег, мраз и
кашавица.
■ Сензорите се прекриени со иње или мраз.
■ Задните врати / задната врата е отворена.
■ Предмет висел надвор од задните врати / задната врата
при последното возење. Штом ќе
се отстрани предметот, помошта за паркирање ќе се врати на
нормална работа.
■ Предмет или покривка е закачена од задниот дел на
возилото.
■ Браникот е оштетен. Однесете го
возилото на сервис за да се
поправи системот.
■ Други услови, како вибрации од хилта, влијаат врз
перформансите на системот.Ако системот сепак не работи
правилно, побарајте помош од
сервисер.
Предупредувачки тон се огласува и ако има дефект кога ќе се стави во
рикверц 3 95.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 88.
Важни практични совети за користење на системите за
помош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел
на браникот. Ако такви пречки ја напуштаат зоната за
приметување на сензорите за
време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.Внимание
Перформансите на сензорот може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системите
за помош при паркирање може
да се намалат поради тешкото
товарење.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Page 136 of 205

134Возење и ракувањеПредмети со многу мал пресек
за одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање нема да
избегнува судири со предмети
кои се надвор од опсегот за
приметување на сензорите.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Гориво
Гориво за бензински
мотори Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги задоволува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 186. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.