Page 169 of 205

Нега на возилото167
Замена на канистерот со
заптивна маса
За да го замените канистерот со
заптивна маса:
1. Одвојте го цревото за воздух на
компресорот.
2. Свртете го канистерот спротивно од правецот на
стрeлките на часовникот за да
го подигнете надвор.
3. Ставете го новиот канистер и свртете го во правецот на
стрелките на часовникот.
4. Поврзете го цревото за воздух на компресорот со канистерот ивметнете ја флексибилната
цевка за полнење во просторот
предвиден за неа.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 164.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
цврста и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
■ Извадете го резервното тркало 3 169.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.■ Дигалката користете ја само заменување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Дигалката не бара одржување.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
■ Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста крпа
пред да го монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
Page 170 of 205
168Нега на возилото
1. Откачете ги капачињата нанавртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната со
соодветен алат.
2. Цврсто ставете го клучот и олабавете ја секоја навртка на
тркалото вртејќи половина круг.3. Точките за подигнување на возилото се наоѓаат на
предниот и на задниот дел.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Поставете ја дигалката
правилно, вртете ја додека
тркалото не се подигне од
тлото.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 169.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
Page 171 of 205

Нега на возилото169
9. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Зацврстувањето на обртниот
момент е 85 Nm (челично
тркало) или 120 Nm (тркало од
легура).
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
11. Ставете ги сменетото тркало 3 169 и прирачните алати
3 159 на место.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми 3 164
наместо резервно тркало.
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Зависно од варијантата на
моделот, резервното тркало се
чува под подот или во товарниот
простор.
1. Закачете ја продолжната рачка 2 на клучот за тркала 1.
Прирачен алат 3 159.
Page 172 of 205
170Нега на возилото
2. Ставете го клучот за тркала воотворот во подот на товарниот
простор.
3. Вртете го клучот за тркала да се
спушти резервното тркало до
подот.4. Повлечете го резервното тркало од под возилото.
5. Отшрафете го копчето 2 и
ослободете го кабелското врзување 1 од резервното
тркало.
6. Сменете го тркалото.
7. Ставете го заменетото тркало во задниот дел на возилото при
што надворешниот дел на тркалото да биде свртен
надолу.
Page 173 of 205
Нега на возилото171
8. Провлечето го држачот 1 низ
дупката на бандажот,
вметнувајќи ја спојната навртка
во една од дупките на завртките
и осигурете со копче 2.
9. Ставете го клучот за тркала во отворот во подот на товарниот
простор и вртете го за целосно
да се подигне резервното
тркало.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
CNG возила Возила со CNG; резервното тркало е сместено во товарниот простор.
1. Отшрафете две завртки со клучот за тркала и отстранете
го резервното тркало од
потпирачот. Прирачен алат
3 159.
2. Сменете го тркалото.
3. Ставете го заменетото
резервно тркало на потпирачот
осигурувајќи правилна
поставеност на спојните
навртки.
4. Обезбедете го резервното тркало со зацврстување на две
завртки користејќи го клучот за
тркала.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Page 174 of 205

172Нега на возилото
Еднонасочни гумиМонтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол (на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен или на искри.
■ Испразнетиот акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред поврзувањето
на каблите за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со ист напон (12 волти). Неговиот
капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
■ Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
Page 175 of 205

Нега на возилото173
■ Исклучете ги сите непотребниелектрични потрошувачи.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време напроцесот на палењето со кабли.
■ Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.Палење на моторот:
1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути со поврзани кабли.
4. Вклучете ги електричните потрошувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото што го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.
Page 176 of 205

174Нега на возилотоВлечење
Влечење на возилото
Отпуштете го капакот преку
внимателно подигнување со
шрафцигер. За да се спречи
оштетување, се препорачува да се стави крпа меѓу одвртката и
рамката.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 159.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.Внимание
Алката за влечење треба да се
користи само за влечење, а не
за извлекување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот во лер.
Забелешка
Ако не може да се избере лер кај
возилата со автоматизиран рачен менувач (MTA), возилото треба да
се влече само со погонските
тркала кренати од тлото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, одвртете ја алката за влечење и вратете го капачето.