Page 97 of 205

Инструменти и контроли95Пораки за возилото
Предупредувачки
мелодии Се огласува само една
предупредувачка мелодија
одеднаш.
Предупредувачката мелодија за неврзан безбедносен ремен има
приоритет врз другите.
Кога се пали моторот или
додека се вози ■ Ако безбедносниот ремен не е врзан.
■ Ако извесна брзина е надмината при активирана рачна сопирачка.
■ Ако помошта при паркирање примети пречка.
■ Ако се открие дефект во помошта
за паркирање.
■ Ако некоја врата или задната врата не е целосно затворена
кога се поаѓа.■ Ако брзината на возилото накратко надминува определеноограничување.
■ Ако системот за сопирање- поаѓање не може повторно да го
запали моторот автоматски.
■ Возила со автоматски рачен менувач; не е ставено во лер илине е притисната ножната
сопирачка.
■ Ако се открие дефект на преносот кај возилата со
автоматски рачен менувач.
■ Ако се појави предупредувачка порака, на пр. за низок притисок
на гума, во Информативниот
центар за возачот.
Кога возилото е паркирано
и/или возачката врата е отворена ■ Кога клучот е во бравата за палење.
■ Кај возилата со автоматски рачен менувач; не е ставено волер или не е активирана
сопирачката за паркирање, илиножната сопирачка и/или
педалата на гасот не е
притисната.
Пораки за горивниот
систем
Систем за прекин на дотокот
на гориво Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини. Зависно од верзијата,
може да се појави соодветна
предупредувачка порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 88.
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози,
видете во „ Исклучување на
возилото “ 3 116.
Page 98 of 205

96Инструменти и контролиПатен компјутер
Патниот комјутер обезбедува
информации за податоците на
возењето, кои постојано се
снимаат и се оценуваат
електронски.
Следниве функции може да се
изберат со повеќекратно
притискање на копчето TRIP на
крајот од рачката за бришачите:
Стандардна верзија ■ Просечна потрошувачка
■ Моментална потрошувачка
■ Досег
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)
Повеќефункциска верзија
Две дневни километражи, Пат A и Пат B се достапни за избирање и се
снимаат посебно.
Информациите на двата патни
компјутери може посебно да се
препостават, овозможувајќи го
прикажувањето на различни
растојанија на патувањата.
Пат А ■ Просечна потрошувачка
■ Моментална потрошувачка
■ Досег
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)Пат В
■ Просечна потрошувачка
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)
Патот B може да се деактивира
преку Информативниот центар за
возачот 3 88.
Препоставување на
информациите на патниот
компјутер
За препоставување на патниот
компјутер, изберете една од
неговите функции, па притиснете
го и држете го копчето TRIP
неколку секунди.
Page 99 of 205

Инструменти и контроли97
Следните информации на патниот
компјутер ќе се препостават:
■ Просечна потрошувачка
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)
Патниот компјутер автоматски ќе
се препостави кога максималната
вредност на било кои од
параметрите ќе се надмине.
Просечна потрошувачка
Се прикажува просечната
потрошувачка, земајќи ги предвид
поминатото растојание и
потрошеното гориво од
последното препоставување.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Моментална потрошувачка
Екран на моменталната
потрошувачка на гориво.
На екранот ќе се појави _ _ _ _ ако
возилото се остави паркирано со
запален мотор подолго време.
Досег
Досегот се пресметува од
актуелната содржина на
резервоарот за гориво и
просечната потрошувачка од
последното препоставување.
Кога опсегот е помал од 50 км, на
екранот ќе се појави _ _ _ _.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Забелешка
Опсегот нема да се прикаже ако
возилото се остави паркирано со
запален мотор подолго време.
Поминато растојание
Го прикажува извозеното
растојание од последното
препоставување.
Мерењето може да се почне од почеток во кое било време.
Просечна брзина
Се прикажува просечната брзина
по последното ресетирање.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Прекините во патувањето кога
палењето беше исклучено не се вклучуваат во пресметките.
Време на патување (време навозење)
Се прикажува времето поминато
од последното ресетирање.
Page 100 of 205
98Инструменти и контроли
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Излегување од патниот
компјутер За да излезете од патниот
компјутер, притиснете го и држете
го копчето SETq подолго од
2 секунди.
Информативен центар за возачот
3 88.
Прекин на напојувањето Ако напојувањето било прекинато
или ако напонот на акумулаторот
паднал премногу, вредностите
чувани во патниот компјутер ќе се
изгубат.
Page 101 of 205
Светла99СветлаНадворешни светла...................99
Внатрешно светло ...................102
Карактеристики на осветлувањето .........................105Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Прекинувач за светлата:
§=исклучено / светла за дневно
возење9=странични светла / предни
фарови
Контролна сијаличка 8 3 87.
Задни светла
Задните светла светат заедно со
предните фарови и страничните
светла.
Долго светло
За да се префрли од средно на
долго светло, турнете ја рачката.
За да префрлите на средно светло,
повлечете ја рачката.
Аблендирање
За да се активира аблендирањето, повлечете ја рачката.
Page 102 of 205

100СветлаРегулирање на
височината на фаровите
Рачно регулирање нависочината на фаровите
За да ја прилагодите височината на фаровите според оптоварувањето
на возилото и за да не ги
заслепувате другите корисници на патот: Притиснете го копчето À
или Á додека не се прикаже
саканата поставка на
Информативниот центар за
возачот 3 88.
0=Предните седишта се
зафатени1=Со патници на сите седишта2=Сите седишта се зафатени и
товарниот простор е натоварен3=Возачкото седиште е зафатено
и полн товарен простор
Предните фарови кога се
вози во странство
Снопот на несиметричните предни
светла ја зголемува видливоста на
работ на патот од страната на
совозачот.
Меѓутоа, кога возите во држави каде што сообраќајот се одвива на
спротивната страна на патот,
дотерајте ги предните фарови да
се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока.
Нека Ви ги намести предните
фарови автомеханичар.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Кога функцијата е активна и
палењето е вклучено, предните фарови се палат автоматски и
осветлувањето на инструментите
се придушува. Прекинивачот за
светло треба да е во положба §.
Светлата за преку ден се
исклучуваат кога ќе се исклучи
палењето.
Забелешка
Возачот е одговорен за
вклучување на средното светло
кога е потребно, на пр. кога се
вози низ тунел или ноќе.
Кога ќе се деактивира функцијата,
предните фарови не се палат
автоматски кога ќе се вклучи
палењето и прекинувачот за
светлата е во положба §.
Светлата за дневно возење се активираат/деактивираат преку
изборник во Информативниот
центар за возачот 3 88.
Page 103 of 205
Светла101Предупредувачки
трепкачи
Со него се ракува со копчето ¨.
Трепкачи за вртење и
менување лентиРачката угоре=десен трепкачРачката удолу=лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За трепнување петпати, на пр. кога се менува лента, притиснете ја
рачката додека не се почувствува
отпор, па отпуштете ја.
Помрднете ја рачката до отпорната точка и држете ја за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Со него се ракува со притискање на
копчето >.
Со вклучување на предните
фарови за магла автоматски се
вклучуваат страничните светла.
Page 104 of 205

102Светла
Притиснете го копчето повторно зада ги исклучите предните
магленки.
Заден фар за магла
Со него се ракува со притискање на
копчето r.
Задниот фар за магла може да се
вклучи само кога и палењето и
предните фарови или страничните
светла (со предните фарови за
магла) се запалени.
Притиснете го копчето повторно за да го исклучите задното светло за
магла, или исклучете ги предни
фарови и/или предните светла за
магла.
Светло за рикверц
Светлата за рикверц се палат кога
палењето е вклучено и се става во
рикверц.
Замаглени капаци на
светлата
Внатрешноста на капаците на
светлата може накратко да се
замаглат при лоши, влажни и
студени временски услови, при
голем дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо,
сама од себе – вклучете ги
светлата за да исчезне побрзо.Внатрешно светло
Контрола на
осветлувањето на
таблата со инструменти
Кога возите навечер со вклучени
фарови, прилагодете ја
светлината на внатрешните светла на возилото (вклучително на
таблата со инструменти, екранот
за контрола на климатизацијата
итн.) преку изборникот за поставки
на Информативниот центар за
возачот 3 88.
За прилагодување на светлината:
Стандардна верзија на Информативниот центар за
возачот
1. Притиснете го копчето SETq
еднаш за да пристапите до
изборникот за поставки.
2. Листајте низ опциите на изборникот со копчињата R или
S додека на екранот не се
појави опцијата ILLU.