Page 177 of 243

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
176Нега на возилото
Кога нивото на моторното масло
падна до ознаката MINдотурете
моторно масло.
ќѢа препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа
какво што беше употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката .
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Зафатнини
0Зафатнини и
спецификации 0227.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Течност во ладилникот
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу
-28 °Ц.
Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
обезбедува заштита од
смрзнување до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот .
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
{Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето.
Внимателно отворајте го
капакот,ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со
чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност
Page 178 of 243

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
Нега на возилото177
за ладење,користете чиста вода
од чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење која содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката ,се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу .
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
ТЕЧНОСТ ЗА
СОПИРАЧКИ
{Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегну-
вајте контакт со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Нивото на течноста за сопир-
ачките мора да биде помеѓу
ознаките MINиMAX.
Ако нивото на течноста е под
знакот МИН,побарајте помош од
автомеханичар.
Page 179 of 243

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
178Нега на возилото
Течност за сопирачките и за
куплунгот
0Препорачани
течности и средства за
подмачкување 0217.
Акумулатор
Возилата без систем за
сопирање-поаѓање се опремени
со оловно-киселински акумулатор.
Возилата со систем за
сопирање-поаѓање се опремени
со акумулатор AGM,којшто не е
оловно-киселински.
На акумулаторот на возилото не
му треба одржување, под услов
профилот на возењето да обезбе-
дува доволно полнење. Возењето
по кратки растојанија и чести
палења на моторот можат да го
испразнат акумулаторот .Избегну-
вајте ја употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Батериите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4недели може да
доведе до празнење на акумула-
торот .Откачете го негативниот
пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете
или откачите акумулаторот на
возилото.
Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот ,
проверете да нема отворени
дупки за проветрување во
близина на позитивната клема.
Ако некоја дупка за проветрување
е отворена во тој предел, треба
да се затвори со нешто што личи на капаче,
а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Користете само акумулатори што
дозволуваат кутијата со
осигурувачи да се монтира над
акумулаторот .
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте
акумулаторот AGM (Absorptive
Glass Mat - абсорпциска стаклена
преграда) да се замени со акуму-
латор од ист тип AGM.
Page 180 of 243

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
Нега на возилото179
АкумулаторAGMможе да се
препознае по етикетата на акуму-
латорот .Препорачуваме
користење на оригинален акуму-
латор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот акуму-
латор Opelможе да предизвика
послаби перформанси на
системот за сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
0
Систем за
сопирање-поаѓање 0151.
Полнење на акумулаторот
{Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте
потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6волни кога корис-
тите полнач на акумулатори.
Инаку ,акумулаторот може да се
оштети. Палење со кабли
0Палење со
кабли 0209.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
.
Забранети се искри, отворен
оган или пушење.
. Секогаш заштитете ги очите.
Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
. Чувајте го акумулаторот вон
дофат на деца. .
Акумулаторот содржи
сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
. Видете во сопственичкиот
прирачник за повеќе инфор-
мации.
. Во близина на акумулаторот
може да има експлозивен гас.
Замена на бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Page 181 of 243

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
180Нега на возилото
Подигнете ја рачката на бришачот .
Притиснете го лостот за
ослободување и откачете ја
четкичката на бришачот .
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос
на рачката на бришачот и притис-
нете ја се додека не се заглави.
Внимателно спуштете го држачот
на бришачот .
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот .
Притиснете ја четкичката на
бришачот под мал агол кон
држачот ,надолу додека не се
одглави.
Наместете ја четкичката под мал
агол кон држачот на бришачот и
притиснете додека да се заглави.
Внимателно спуштете го држачот
на бришачот .Замена на ламбите
Исклучете го палењето и
исклучете го соодветниот
прекинувач или затворете ги
вратите.
Држете ги новите сијалици само
кај базата!Не допирајте го
стаклото на сијалицата со
голи раце.
Користет само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и
проверете ги светлата.
Page 182 of 243
OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
Нега на возилото181
Предни фарови и
паркирни светла
Средно светло и долго
светло
1.Отшрафете ги трите завртки.
2. Внимателно извлечете го
комплетот на предните
фарови од држачите и
отстранете го како што е
прикажано на сликата внима-
вајќи цевката со кабелот да
остане на место.
3. Одвојте го кабел штекерот од
сијалицата.
4.Извадете го заштитниот
капак.
5.Притиснете ја спојката со
пружина и откачете ја.
6.Извадете ја сијалицата од
куќиштето на фарот .
7. Кога местите нова сијалица,
заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот .
8. Заглавете ја спојката со
пружина.
9. Наместете го заштитниот
капак на предниот фар во
положбата и затворете го.
Page 183 of 243
OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
182Нега на возилото
Светло за дневно возење/
паркирање
1.Завртете го држачот на
сијалицата обратно од
насоката на стрелките на
часовникот и извадете го.
2.Откачете ја сијалицата од
држачот на истата и заменете
ја.
3. Вметнете го држачот на
сијалицата во фарот и
завртете го во насоката на
стрелките на часовникот .
Фарови за магла
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.
Предни трепкачи
1.Завртете го држачот на
сијалицата обратно од
насоката на стрелките на
часовникот и извадете го.
Page 184 of 243
OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 - crc -
5/11/15
Нега на возилото183
2.Завртете ја сијалицата
обратно од насоката на
стрелките на часовникот и
извадете ја од држачот на
сијалицата.
3. Сменете ја сијалицата.
4. Вметнете го држачот на
сијалицата во фарот и
завртете го во насоката на
стрелките на часовникот .
Задни светла
Задни светла,трепкач,
стоп-светла и светла за
рикверц
1. Отшрафете ги двата шрафа.
2. Извадете го комплетот на
задното светло. Внимавајте
цевката со кабелот да остане
во положбата.
3. Задно светло/стоп-светло (1)
Сијаличка за трепкач (2)
Помошно задно светло (3)
Светло за рикверц (совозачка
страна)/Задно светло за
магла (возачка страна) (4).