Page 129 of 239

Возење и ракување127
прилагодува висината на
движењето според оптовареноста
на возилото.
За повеќе информации за системот
за воздушна амортизација, видете
во приложеното упатство за
ракување.
Главен прекинувачВнимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи кога возилото се влече, се пали со кабли, се крева од
тлото или се превезува.
Не исклучувајте го системот за
воздушна амортизација додека
возите.
Палење на возилото со кабли
3 191, Влечење на возилото
3 193.
Главниот прекинувач се наоѓа на
столбот на вратата.
Далечински управувач
Кога е потребно поголемо
растојание од тлото или подобрен
пристап на возилото,
амортизацијата може да се крене
или спушти со далечинскиот
управувач.
Уредот на далечинскиот управувач
е магнетен и може да се фискира
за кој било метален дел на
возилото.
Кога палењето е вклучено,
притиснете го соодветното копче
2 секунди за да ја дотерате
висината на амортизацијата.
Контролната сијаличка ќе трепка
повремено додека трае
дотерувањето на висината и свети
постојано кога е завршено.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Page 130 of 239

128Возење и ракување
Претходно програмиранипоставки
Висината на амортизацијата се
дотерува на една од трите
претходно програмирани положби.
Копчињата функционираат само
кога работи моторот.l=спуштена положбаk=нормална положбаj=крената положба
Рачни поставки
Рачното дотерување може да се
врши само кога возилото не се
движи.
Изберете со притискање на
копчето h 2 секунди, а потоа
притиснете го копчето R за
кревање или копчето S за
спуштање.
За да излезете, притиснете некое од копчињата за претходни
програми.
Кога возилото се движи,
автоматски се излегува од рачното
дотерување. Ако палењето се
исклучи, возилото ќе се врати на
нормална висина на возењето кога пак ќе се вклучи.
Сервисен режим Држете го копчето i околу
5 секунди за да го ставите возилото во сервисен режим. Контролната
сијаличка ќе светне. Кога е
активиран сервисниот режим,
главниот прекинувач на
воздушната амортизација мора да
е исклучен.
За да излезете од сервисниот
режим, повторно држете го копчето
i околу 5 секунди.
Дефект Ако се открие дефект, копчето i ќе
трепка повремено. Ако е активиран
сервисниот режим и има дефект,
копчињата h, S и R ќе трепкаат
истовремено.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизлски
честички ги филтрира штетните
честички од саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
Page 131 of 239

Возење и ракување129
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување на честичките од саѓи периодично
на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски
според поставени услови за
возење. Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, на тоа ќе
укаже светење на контролната
сијаличка A 3 89. Побарајте
помош од автомеханичар веднаш.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на масла поинакви од
оние наброени на страница
3 148, 3 208 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се изгорил ќе се прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерната
употреба на стартерот,
празнењето на резервоарот за
гориво докрај и палењето на
моторот со туркање или
влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко време, држејќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас
додека Z не престане да трепка и
не свети постојано. Контактирајте
со автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 89.
Page 132 of 239
130Возење и ракувањеРачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го куплунгот,
повлечете го прстенот на рачката
на менувачот нагоре и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматскиот рачен менувач
(МТА) овозможува рачно (рачен
режим) или автоматско менување
на брзините (автоматски режим), и
двете со автоматска контрола на
кумплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина на
менувачот.
Page 133 of 239

Возење и ракување131Палење на моторотНагазнете ја ножната сопирачкакога го палите моторот. Ако
ножната сопирачка не е
притисната, на екранот на
менувачот се пали T и моторот не
може да се запали.
Кога е нагазната ножната
сопирачка, менувачот автоматски
се префрлува во N (лер); на
екранот на менувачот се појавува
„N“ и може да се запали моторот.
Може да настапи кратко
задоцнување.Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
N=Лер.A/
M=Префрлување меѓу
автоматскиот и рачниот
режим.
Екранот на менувачот
покажува „A“ кога е во
автоматски режим.R=Рикверц.
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува „ R“ кога
е ставено во рикверц.+=Менување во поголема
брзина.-=Менување во помала
брзина.
Поаѓање
Кога се пали моторот, менувачот е
во автоматскиот режим. Нагазнете
ја ножната сопирачка и поместете
ја рачката на менувачот кон + за да
се стави во прва брзина.
Ако се избере R, се активира
рикверц. Возилото почнува да се
движи штом ќе се отпушти ножната
сопирачка. За брзо поаѓање,
отпуштете ја ножната сопирачка и
давајте гас веднаш по ставањето
во брзина.
Во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во други брзини
автоматски, зависно од условите
за возење.
Page 134 of 239

132Возење и ракување
За да го вклучите рачниот режим,
поместете ја рачката на менувачот
кон A/M. Моменталната брзина ќе
се појави на екранот на менувачот.
За да се стави во прва брзина,
нагазнете ја ножната сопирачка и
поместете ја рачката на менувачот кон + или -. Префрлувајте во
поголема ии помала брзина со
движење на рачката на менувачот
кон + или -. Брзините може да се
прескокнат со придвижување на
рачката на менувачот повеќепати
за кратки периоди.
Застанување на возилото Во автоматски или рачен режим,првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога застанувате на стрмнини,
затегнете ја рачната сопирачка или
притиснете ја ножната сопирачка.
За да се спречи прегревањето на
куплунгот, може да се огласи
испрекинато чујно
предупредување како опомена даја притиснете ножната сопирачка
или да ја затегнете рачната
сопирачка.
Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.
Кога возилото е паркирано и е
отворена возачката врата, се
огласува предупредувачки ѕвон
ако не е избран лер или ако не е
притисната ножната сопирачка.
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Ставајте ја рачката на
менувачот меѓу R и A/M (или меѓу
+ и -) повеќепати, истовремено
благо притискајќи ја педалата за
гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање Затегнете ја рачната сопирачка.
Останува најпоследно избраната
брзина (видете на екранот на
менувачот) активирана. Со N не е
ставено во ниедна брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Ако палењето не е исклучено или
рачната сопирачка не е затегната,
ќе се огласи предупредувачко
ѕвоно при отворање на возачката
врата.
Page 135 of 239

Возење и ракување133Рачен режимАко се одбере поголема брзина
кога брзината на моторот е
премала, или помала брзина на
менувачот кога брзината на
возилото е преголема, не се
извршува менувањето на брзини.
Тоа го спречува моторот да работи
со премала или преголема брзина
на моторот.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина само преку збоднувањето.Електронски програми за
возењето
Зимски режим V
Активирајте го зимскиот режим ако
имате проблеми со поаѓањето на
лизгави површини на коловозот.
Активирање
Притиснете го копчето V.
Контролната сијаличка V се
покажува на екранот на менувачот. Менувачот се префрлува во
автоматскиот режим и возилото
поаѓа во соодветна брзина.
Деактивирање
Зимскиот режим се исклучува со:
■ повторно притискање на копчето V,
■ исклучување на палењето,
■ префрлување во рачниот режим.
За да се заштити менувачот при
крајно високи температури на
куплунгот, може да се огласи
испрекинато чујно
предупредување. Во такви случаи,
притиснете ја ножната сопирачка,
ставете во „N“ и затегнете ја
сопирачката за паркирање за да се овозможи куплунгот да се излади.
Page 136 of 239

134Возење и ракување
Режим за товарење кг
Возможно е да се користи режимот
за товарење и во рачен и во
автоматски режим. И во двата
случаја шаблоните за менување на
брзините се приспособуваат
автоматски кон носењето на
зголемен товар.
Активирање
Притиснете го копчето kg.
Контролната сијаличка kg се
покажува на екранот на менувачот. Менувачот потоа ќе одбира
оптимизирани шаблони за
менување брзини.
Деактивирање
Режимот за товарење се исклучува со:
■ повторно притискање на копчето kg,
■ исклучување на палењето.
Збоднување Ако педалот за гас е нагазнат прекуотпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
префрлува во помала брзина. За
забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната
сијаличка W се покажува на
екранот на менувачот. Може да сепродолжи со возењето под услов
возилото да се вози внимателно и
со предвидување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето
Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 191.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од
автомеханичар.
Ако не може да се стави во лер, возилото смее да се влече само
така што погонските тркала треба
да бидат кренати од земјата
3 193.
Влечење на возилото 3 193.