Page 25 of 239
Клучеви, врати и прозорци23
Отклучување на возилотоОтклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете го копчето c за
отклучување на предните врати.
Притиснете уште еднаш за да го
отклучите целото возило.
Отклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ Притиснете го копчето c:
Предните врати се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Лизгачките странични врати и
товарниот простор се исто така
отклучени.
■ Притиснете го копчето c: Сите
врати и товарниот простор се
отклучени.
Заклучување на возилото
Затворете ги сите врати и
товарниот простор. Ако вратите не се правилно затворени, системот
на централната брава нема да
работи.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете го копчето e: Сите
врати и товарниот простор се
заклучени.
Page 26 of 239
24Клучеви, врати и прозорци
Заклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Притиснете го копчето e: Сите
врати и товарниот простор се
заклучени.
Забелешка
Каде што го има, надгледувањето на патничкиот простор со аларм
3 32 се исклучува со притискање
и држење на копчето e (и се
потврдува со звучен сигнал).
Ако сте го направиле тоа
ненамерно, отклучете ги вратите
повторно и притиснете го копчето
e накусо за да го заклучите
возилото.Товарен простор
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
2 копчиња
Откако ќе ги отклучите предните
врати со копчето c, притиснете го
c повторно: Товарниот простор е
отклучен.
Притиснете го копчето e еднаш:
Товарниот простор е заклучен.
Page 27 of 239

Клучеви, врати и прозорци25
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ Притиснете го копчето G:
Товарниот простор се заклучува
или отклучува.
■ Притиснете го копчето G:
Товарниот простор и лизгачките странични врати се заклучуваатили отклучуваат.
Прекинувач на централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете го прекинувачот e
за
заклучување или отклучување.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Автоматско заклучување кога се
излегува од возилото
Прекинувачот e може да се користи
и за заклучување на сите врати и
задната врата автоматски кога се
затвора предната врата и се
излегува од возилото:
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење, па
притиснете го и држете го
прекинувачот e подолго од
5 секунди; возилото се заклучува
кога ќе се затвори предната врата.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го прекинувачот на
централната брава e за да се
отворат сите врати и товарниот простор.
Заклучување
Рачно заклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Page 28 of 239

26Клучеви, врати и прозорци
Дефект во централната браваОтклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати можат да се отворат
со повлекување на внатрешните
кваки.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Електрични брави на
вратите
Автобус
За безбедност, можно е возачот да ракува со бравите на патничките
врати далечински.
Сите врати треба да се целосно
затворени и да е исклучено
автоматското заклучување 3 27.
За да заклучите, притиснете ја
страната l на прекинувачот;
предупредувачкото светло ќе
светне еднаш и ќе се чуе звучен
сигнал.Предупредувачките светла на
соодветните врати остануваат
запалени.
За да отклучите, притиснете ја
страната 0 на прекинувачот.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
предупредувачкото светло покрај
прекинувачот продолжува да свети
и ќе се огласи звучно
предупредување.
Проверете дали вратите се
отклучени рачно (внатрешни
прекинувачи за бравите на
вратите).
Page 29 of 239
Клучеви, врати и прозорци27
Ако е потребно, отстранете го
дефектот на сервис.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може
да се намести автоматски да ги
заклучи сите врати и товарниот
простор штом ќе се вози возилото.Активирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете го и држете го e на
прекинувачот на централната
брава околу 5 секунди. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Деактивирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете и држете e околу
5 секунди. Звучен сигнал го
потврдува деактивирањето.
Брави за деца9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Притиснете ја бравата за деца
надолу. Вратата не може да се
отвори однатре. Кренете ја за
деактивирање.
Page 30 of 239

28Клучеви, врати и прозорциВрати
Шибер врата
Отворајте ја и затворајте ја
лизгачката странична врата само
кога возилото е во мирување, со
затегната паркирна сопирачка (кај
некои модели ќе се огласи
предупредувачка мелодија кога
лизгачката врата е отворена и
паркирната сопирачка е
отпуштена).
Лизгачката странична врата може
да се заклучи однатре од возилото
со внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Внимавајте страничната врата да
биде целосно затворена и
стабилна пред да го возите
возилото.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
лизгачката странична врата.
Ризик од повреда.
Внимавајте ништо да не се
заглави во неа за време на
ракувањето и да нема никој во просторот на движењето.
Ако возилото е паркирано на
надолнина, отворени лизгачки
врати можат да се придвижат
ненадејно поради тежината.
Затворете ги шибер вратите
пред да тргнете.
Електрична шибер врата
Отворање
Со возилото во мирување и
затегната паркирна сопирачка,
притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти за
автоматско отворање на
електричната шибер-врата; LED- от
на прекинувачот трепка во текот на работата.
За да го сопрете движењето кога
било, притиснете го прекинувачот
повторно. Притиснете уште еднаш
за да продолжи движењето на
електричната шибер-врата.
Page 31 of 239

Клучеви, врати и прозорци29
Затворање
Притиснете го прекинувачот повторно ; LED-светилката трепка и
се огласува звук на ѕвоно во текот
на работата.
Во случај на тешкотии при
отворањето или затворањето,
на пр. поради мраз, притиснете го
и држете го прекинувачот за да ја
зголемите силата на шибер-
вратата.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната шибер врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Особено внимавајте кога
возилото е паркирано на
стрмнина: отворете ја или
затворете ја вратата целосно додека не се забрави во
заклучената положба.
Внимавајте добро на вратата
што се движи додека ракувате
со неа. Внимавајте ништо да не
се заглави во неа за време на ракувањето и да нема никој во
просторот на движењето.
Забелешка
Не ракувајте со електричната
шибер-врата пречесто без да
работи моторот, тоа ќе го
испразни акумулаторот.
Излез за итни случаи
Во итен случај вратата може да се
отвори рачно откако ќе се отпушти
внатрешната рачка.
Ресетирање
Ако вратата била отворена рачно,
системот на електричната шибер- врата треба да се ресетира:
Отворете ја вратата до половина,
вратете ја рачката во првобитната
положба, па притиснете го и
држете го прекинувачот за да ја отворите и затворите вратата
целосно.
Одржување
Page 32 of 239

30Клучеви, врати и прозорци
Сопственикот е одговорен да гозамени погонскиот ремен по секои15.000 циклуси и затоа е вграден
бројач во долниот Б-столб.
Побарајте помош од сервис.
Ако погонскиот ремен не работи,
вратата се уште може да се отвори и затвори рачно.
Електрична странична скала
Електричната странична скала
функционира автоматски кога
електричната лизгачка врата се
отвора или затвора.
9 Предупредување
Проверете дали има доволно
простор за да може
електричната странична скала
целосно да се извлече и
повлече без пречки.
Показателот свети додека работи
електричната странична скала. Ако
продолжи да свети и кога е
затворена вратата, скалата не се
вовлекла. Во тој случај, рачно
вовлечете ја електричната
странична скала повлекувајќи го
механизмот за откочување што се
наоѓа зад скалата. Побарајте
помош од автомеханичар.
Задни врати
За да ја отворите десната задна
врата, повлечете ја надворешната
квака.
Вратата се отвора однатре од
возилото со повлекување на
внатрешната рачка.
Левата задна врата се ослободува со употреба на рачката.