Page 177 of 239
Нега на возилото175
СимболСтрујно колоPTOПогонски приклучокjСиренаÍПредзагревање, филтер
за дизел горивоxВентилатор за контрола
на климатизацијатаADPДополнителни адаптации,Електрични прозорци,
контролен модул на
каросеријатаПрирачен алат
Алати
Дигалката, клучот за тркалото,
адаптертите (за отстранување на резервното тркало), куката за
раткапната и алката за влечење се држат во еден пакет, складиран
под предното седиште.
Возила со погон на задните тркала:
Исто содржи и хидраулична
дигалка и комплет на додатоци за
продолжување, за употерба на
дигалката.
Page 178 of 239

176Нега на возилото
За да дојдете до овој пакет,
лизнете го седиштето целосно
напред и преклопете го потпирачот
за грб надолу.
Комплет за поправање гуми 3 182.
Менување на тркалата 3 186.
Резервно тркало 3 188.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба
на тркалата Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Препорачуваме да не се
заменуваат предните со задните
тркала и обратно, тоа може да
влијае врз стабилноста на
возилото. Секогаш користете
помалку изабени гуми на задната
оска.Гуми
Фабрички монтираните гуми сеприспособени кон шасијата и
пружаат оптимална удобност и
безбедност при возењето.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите што
важат за државата, залепете ја
налепницата за максимална
брзина во видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 215/65 R 16 C 109 R215=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата), во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)
Page 179 of 239

Нега на возилото177
16=Пречник на тркалото, инчиC=Товарна или трговска
употреба88=Индекс на натовареноста
на пр. 109 одговара на околу
1030 кгR=Буква на шифрата на
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Притисоци во гумите 3 225.
Секогаш пумпајте ги гумите до
притисокот прикажан на етикетата
на рамката на возачката врата.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летните и
зимските гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте ја до притисокот определен зацелосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 208.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 225.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.
Page 180 of 239

178Нега на возилото9Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Погон на задните тркала, со
двојни задни тркала
Кога се пумпа надворешната гума,
цевката за пумпање треба да
поминува помеѓу двете тркала.
Систем за следење на
притисокот на гумите Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Притисоци на гумите на
екранот
Моменталните притисоци во
гумите може да се покажани на
Информативниот центар за
возачот 3 94.
Со возилото во мирување,
притискајте го копчето на крајот на
рачката на бришачите повеќепати
додека не се прикаже изборникот
за притисокот во гумите.
Page 181 of 239

Нега на возилото179
Состојба на низок притисок на
гумите
Откриена состојба на низок
притисок на гумите се прикажува со
светење на контролната сијаличка
w 3 92 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 225.
Откако ќе се напумпаат, може да биде потребно одредено возење за да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисокот, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w
трепка неколку секунди, а потоа
свети постојано заедно со
контролната сијаличка A 3 89, а
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот.
Резервното тркало и привременото
резервно тркало не се опремени со сенсори за притисок. TPMS не
работи со овие тркала. За другите
три тркала TPMS останува
функционален.Контролната сијаличка w и
соодветна порака се појавуваат
при секој циклус на палење додека гумите не се напумпаат до
правилниот притисок.
Информативен центар за возачот
3 94.
Пораки за возилото 3 95.
Продупченост
На дупната или многу издишана
гума се укажува со светење на
контролната сијаличка w заедно со
C 3 90 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот. Запрете го
возилото и изгаснете го моторот.
Притисок на гумите 3 225 , Комплет
за поправање гуми 3 182,
Резервно тркало 3 188, Менување
тркала 3 186.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Page 182 of 239

180Нега на возилото
Вредноста на притисокот во гуматаприкажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Функција за повторно учење
По менувањето на тркалата TPMS
треба одново да направи
пресметки.
Со возилото во мирување,
изберете го изборникот за
притисок на гумите на
Информативниот центар за
возачот притискајќи го копчето на
крајот на рачката за бришачите.
Притиснете го и држете го копчето
околу 4 секунди за да ја иницирате повторната пресметка. На
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Процесот за повторно учење се
завршува откако ќе се вози околу
10 км или 10 минути. Системот
може да дава само ограничени
информации за тоа време.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење,
контролната сијаличка w останува
да свети и во Информативниот центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
3 94.
Пораки за возилото 3 95.
Општи информации Употребата на течните комплети запоправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето насистемот. Може да се користат
комплети за поправање гуми
одобрени од фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 182.
Надворешна моќна радио опрема
може да предизвика пречки кај
TPMS.
Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на TPMS треба да се
демонтираат и да се сервисираат
во сервис.
Длабочина на шарата Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Page 183 of 239

Нега на возилото181
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на секои
6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Page 184 of 239

182Нега на возилотоСинџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на погонските тркала.
Кај возилата со двојни задни
тркала, синџири за гуми се
дозволуваат само на
надворешните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува со привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја сопирачката за
паркирање и ставете во лер (рачен менувач) или N (автоматизиран
рачен менувач).
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под предното седиште.
Лизнете го седиштето напред
докрај и преклопете го потпирачот
за грб надолу за да дојдете до
комплетот.