Page 5 of 239

Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверувајте се дека Вашите
патници се свесни за можните
ризици од несреќи и повреди што
може да произлезат од
неправилната употреба на
возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога овој Сопственички прирачник
споменува посета на
автомеханичар, го препорачуваме
Вашиот Партнер на Opel Service.
Сите Партнери на Opel Service
пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни упатства
од Opel.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во возилото.
Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,
вклучувајќи ги оние за функциите на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возилопоради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот од
левата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната страна е слично.
■ Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се наоѓаат
во поглавјето „Технички
податоци“.
Page 87 of 239

Инструменти и контроли85Контрола на нивото на
моторното масло Контролата на нивото на
моторното масло е точна само ако
возилото е паркирано на рамна
површина со ладен мотор.
Ако нивото на моторното масло е
правилно кога ќе се вклучи
палењето, за кратко време се
појавува OIL LEVEL CORRECT
( НИВОТО НА МАСЛО Е ДОБРО) на
Информативниот центар за
возачот.
Ако нивото на моторното масло е над минималното ниво, притиснете го копчето за патниот компјутер на
крајот на рачката за бришачите во
рок од 30 секунди по вклучувањето
на палењето. Се прикажува
пораката OIL LEVEL (НИВО НА
МАСЛОТО) заедно со
квадратчиња што одговараат на
нивото на маслото.
Со намалувањето на нивото на
маслото, квадратчињата на
екранот се заменуваат со цртички.▢▢▢▢▢▢=Максимално ниво▢▢▢- - -=Средно ниво- - - - - -=Минимално ниво
Ако е достагнато минималното
ниво на моторното масло, се
прикажува TOP-UP OIL LEVEL
(ДОПОЛНЕТЕ МАСЛО) во
комбинација со контролната
сијаличка A по вклучувањето на
палењето за 30 секунди.
Проверете го моторното масло и
дотурете 3 156.
За напуштање на екранот за
контрола на нивото на маслото,
притиснете го било кое копче на
патниот компјутер.
Патен компјутер 3 97.
Екран за сервисирање
Кога палењето се вклучува,
преостанатото растојание пред
следното сервисирање да стане
актуелно може да се покаже
накратко на Информативниот
центар за возачот. Врз основа на
условите за возење, периодот при
којшто ќе се укаже на сервисирање може да варира во голема мера.
Кога преостанатото растојание
пред следниот сервис е помалку од
3000 км или 2 месеци, се појавува
SERVICE IN (СЕРВИС ЗА) на
Информативниот центар за
возачот.
Кога растојанието ќе достигне
0 км или кога ќе дојде датумот за
сервис, контролните сијалички o и
A ќе светнат во групата
инструменти и SERVICE DUE
(ТРЕБА СЕРВИС) ќе се појави на
Информативниот центар за
возачот.
На возилото му треба
сервисирање. Побарајте помош од автомеханичар.
Препоставување на екранот
за сервисирање По сервисирање, екранот за
сервисирање треба да се
ресетира: ако има, изберете го
екранот за оддалеченост до
сервисирање во Информативниот
Page 92 of 239

90Инструменти и контроли
Може да се запали во комбинација
со некоја друга контролна
сијаличка или порака на
Информативниот центар за
возачот 3 94.
Свети ако е потребно чистење на
филтерот за дизелски честички и
не дојде до автоматско чистење
3 128.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Екран за сервисирање
Свети и контролната сијаличка o
во информативниот центар за
возачот кога преостанатото
растојание до следниот сервис ќе
достигне 0 км или е време за
сервис.
Се појавува и пораката SERVICE
DUE (ТРЕБА СЕРВИС) во
Информативниот центар за
возачот.
Екран за сервисирање 3 85.
Гаснење на моторот
C свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Ако C свети (можеби заедно со W
и/или R), сопрете го возилото и
исклучете го моторот што е можно
поскоро.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Зависно од видот на дефектот, може да се појави и
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот 3 94.
Систем на сопирачки
R свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Контролната сијаличка R и
понатаму свети откако ќе се вклучи
палењето ако е затегната
сопирачката за паркирање 3 136.
Кога ќе се отпушти паркирната
сопирачка, R свети (можно е
заедно со C) ако нивото на
течноста за сопирачките е
прениско 3 160.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Систем на сопирачките 3 135.
Систем за деблокирање
на сопирачките (ABS)
u свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето. Системот е подготвен
за работа кога ќе се изгасне u.
Ако контролните сијалички u и
A се палат со пораките CHECK
ABS (ПРОВЕРЕТЕ ГО ABS) и