Page 57 of 289
Седишта, потпирачи55Вадење
Кај некои модели, товарниот
простор може да се зголеми со
вадење на задните седишта.9 Предупредување
Задните седишта кои може да
се отстрануваат се тешки! Не
обидувајте се да ги отстраните
без помош.
● Повлечете ја нагоре рачката 1
на двете страни на седиштето;
иглите 2 видливо штрчат за да
укажат дека седиштето е
отклучено.
● Поместете го седиштето кон задниот дел за да го
ослободите од котвиштата на
подот.
● Подигнете го седиштето за да го извадите.
Монтирање
Кога повторно ги монтирате
седиштата, секогаш внимавајте
редот со преклопно седиште за
пристап B да е поставен правилно
пред редот со фиксни седишта A.
Внимание
2-иот и 3-иот ред седишта не се
заменливи и мора да се вратат
на првобитните положби.
Забелешка
Уверете се дека точките за
прицврстување се чисти пред да
го наместите седиштето. На нив не смее да има песок или нешто
друго што може да го спречи
безбедното заклучување на
седиштата.
Page 58 of 289

56Седишта, потпирачиПоставете ги водилките на
седиштата веднаш зад предните
котвишта на подот и лизгајте
напред за да се вовлечe.
Седиштето се заклучува
автоматски и иглите 3 нема повеќе
да се гледаат, за да се укаже дека
седиштето е заклучено.
Внимание
При поставување на задните
седишта, проверете дали се
правилно наместени на
котвиштата на подот и дали
дршките за запирање се
целосно вовлечени.
Ако седиштата не можат да се
прицврстат безбедно во
положбата, побарајте помош од
автомеханичар.
Автобус
Вадење9 Предупредување
Задните седишта кои може да
се отстрануваат се тешки! Не
обидувајте се да ги отстраните
без помош.
Користејќи го алатот од комплетот што се наоѓа во касетата, свртете
ги рачките за да го отклучите
седиштето:
1. Ослободете го надворешниот држач.
2. Ослободете го внатрешниот држач (што се наоѓа на
основата од седиштето).
3. Подигнете го седиштето од задната страна.
4. Повлечете го седиштето кон средишниот дел од возилото зада го ослободите целосно од
точките за прицврстување.
Монтирање
Забелешка
Уверете се дека точките за
прицврстување се чисти пред да
го наместите седиштето. На нив
Page 59 of 289

Седишта, потпирачи57не смее да има песок или нешто
друго што може да го спречи
безбедното заклучување на
седиштата.
1. Наместете го седиштето врз котвените точки.
2. Спуштајте го седиштето додека
не слушнете дека клапнува во
точките за прицврстување.
3. Уверете се дека седиштето е безбедно прицврстено така што
ќе се обидете да го поместите
напред-назад и лево-десно.
Повторете ја постапката за
монтирање ако тоа е
неопходно.
Ако седиштето не може да се
прицврсти безбедно во положбата, побарајте помош од
автомеханичар.Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
закочуваат при нагло забрзување
или забавување на возилото
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето. Затоа
ризикот од повреда е значително
намален.
9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 68.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените за
оштетувања и функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со
остри предмети. Спречувајте го влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Page 60 of 289

58Седишта, потпирачиПотсетник за безбедносниот
ремен
Во зависност од верзијата, и двете
предни седишта може да имаат
потсетници за безбедносните
ремени, кои се прикажуваат со
контролна сијаличка X во таблата
со инструменти 3 102, 3 105.
Ограничувачи на силата на
ремените
На предните седишта притисокот
врз телото се намалува со
постепеното ослободување на
ременот при судир.
Затегнувачи на ремените Во случај на фронтален или судир
со удар одзади од одредена
тежина, предните безбедносни
ремени се затегнуваат.9 Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира
затегнувачите на ремените.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 105.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на компонентите
на затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
сообраќајната дозвола на
возилото.Безбедносен ремен
прицврстен на три точки
Безбедносни ремени на
предните седишта
Врзан
Извлечете го ременот од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти, и вметнете го јазичето
во бравата.
Затегнувајте го ременот за скутот
редовно за време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Page 61 of 289
Седишта, потпирачи59
Лабавите или кабастите облеки го
спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример чантички или
мобилни телефони помеѓу
ременот и Вашето тело.
9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Потсетник за безбедносниот ремен
X 3 105.
Местење на височината
1. Извлечете го малку ременот.
2. Поставете ја височината погоре
или притиснете го копчето за да
откажете и притиснете за да ја
поставите височината надолу.
Наместете ја височината така што
ременот ќе лежи преку рамото. Не
смее да лежи преку грлото или
надлактицата.
9 Предупредување
Не приспособувајте додека
возите.
Page 62 of 289
60Седишта, потпирачиОдврзан
За да го извадите ременот,
притиснете го црвеното копче на бравата за ременот.
Безбедносниот ремен се
вовлекува автоматски.
Безбедносни ремени на
задните седишта
Извлечете го ременот 1 од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти и проверете дали
јазичето 2 е целосно ставено во
бравата 3 така што ќе го повлечете
јазичето 2.
Скутниот ремен 5 мора да се стави
преку бедрата и карлицата.
За да го затегнете, повлечете го
слободниот дел 6 од ременот. За
да го ослободите, свртете го
јазичето за приспособување 4
додека стигне до 90° од ременот и
притиснете го јазичето за
приспособување 4 додека го
влечете скутниот ремен 5.
Лабавите или кабастите облеки го спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример чантички или
мобилни телефони помеѓу
ременот и Вашето тело.9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Page 63 of 289

Седишта, потпирачи61За да го одврзете, притиснете го
црвеното копче на јазичето од
ременот 3 за да го ослободите
јазичето 2.
Насочувајте го безбедносниот
ремен 1 додека автоматски се
собира.9 Предупредување
Проверете дали задните
седишта и потпирачите за грбот
се целосно заглавени пред да
седнете на задните седишта.
Задни седишта 3 54.
Внимание
За да избегнете оштетување на
возилото, секогаш ставајте ги
безбедносните ремени други и
кога нема патник на седиштата.
Користење на безбедносните
ремени за време на трудност9 Предупредување
Ременот за скутот треба да се
намести колку е можно пониско
преку карлицата за да се спречи
притисокот врз стомакот.
Систем на воздушни
перничиња
Системот на воздушни перничиња
се состои од бројни поединечни
системи зависно од обемот на
опременоста.
Кога се активираат, воздушните
перничиња се надуваат за
милисекунди. Тие исто така се
издишуваат толку бргу што
честопати не се приметува за
време на судирот.9 Предупредување
Ако се ракува со нив
неправилно, воздушните
перничиња може да се
активираат на експлозивен
начин.
Забелешка
Контролната електроника на
системите на воздушни
перничиња и на затегнувачите на
ремените се наоѓаат во пределот
Page 64 of 289

62Седишта, потпирачина средишната конзола. Не
ставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не поставувајте никакви
предмети на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени
автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти, делови на облогата, кедерите на
вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви преиначувања
на системот на воздушни
перничиња бидејќи тоа ќе ја
поништи сообраќајната дозвола
на возилото.
Кога се надуваат воздушните
перничиња, жешките гасови кои
излегуваат можат да предизвикаат изгореници.
Сијаличка v за системите на
воздушни перничиња 3 105.Системи за врзување деца на
предното совозачко седиште со системи на воздушни
перничиња
Предупредување според
ECE R94.02:
EN: NEVER use a rear-facing child
restraint system on a seat protected
by an ACTIVE AIRBAG in front of it,
DEATH or SERIOUS INJURY to the
CHILD can occur.
DE: Nach hinten gerichtete
Kindersitze NIEMALS auf einem Sitz
verwenden, der durch einen davor
befindlichen AKTIVEN AIRBAG
geschützt ist, da dies den TOD oder
SCHWERE VERLETZUNGEN DES
KINDES zur Folge haben kann.
FR: NE JAMAIS utiliser un siège
d'enfant orienté vers l'arrière sur un
siège protégé par un COUSSIN
GONFLABLE ACTIF placé devant lui,
sous peine d'infliger des
BLESSURES GRAVES, voire
MORTELLES à l'ENFANT.
ES: NUNCA utilice un sistema de
retención infantil orientado hacia
atrás en un asiento protegido por un
AIRBAG FRONTAL ACTIVO. Peligro de MUERTE o LESIONES GRAVES
para el NIÑO.
RU: ЗАПРЕЩАЕТСЯ
устанавливать детское
удерживающее устройство лицом
назад на сиденье автомобиля,
оборудованном фронтальной
подушкой безопасности, если
ПОДУШКА НЕ ОТКЛЮЧЕНА! Это
может привести к СМЕРТИ или
СЕРЬЕЗНЫМ ТРАВМАМ
РЕБЕНКА.