Page 25 of 289
Клучеви, врати и прозорци23
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Извадете го шрафот и отворете ја
преградата на батеријата со
вметнување монета во процепот и
со вртење.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR2016), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето.
Повторно закачете ги двете
половинки на капакот уверувајќи се дека се заглавува правилно.
Вратете го шрафот и затегнете го.
Брави на вратите
Безбедносна брава за заштита
од кражбаЗа да спречите отворање на
предните врати однадвор,
отворете ја вратата и активирајте
ја безбедносната брава за заштита
од кражба.
Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на бравата на
вратата во хоризонтална
заклучена положба. Вратата не
може да биде отворена однадвор и може единствено да биде отворена од внатре на возилото или со рачно
користење на клуч.
За да ја деактивирате, свртете го
прекинувачот во одбравената
положба.
Page 26 of 289
24Клучеви, врати и прозорциРачни брави на вратите
За да ги отклучите рачно преднитеврати, свртете го клучот во бравата
на вратата од возачот. Отворете ги
предните врати со повлекување на рачките.
Лизгачка странична врата(и)
3 30.
За да ги отклучите рачно задните
врати, свртете го клучот во бравата
на десната задна врата. Отворете
ја вратата со повлекување на
рачката.
Потоа левата задна врата се
ослободува со рачката на
внатрешниот раб од вратата.
Секогаш затворајте ја левата пред десната врата.
Задни врати 3 34.
Систем на централната брава
Ги отклучува и заклучува предните врати, лизгачките странични врати
и товарниот простор.
Со 3-копче од далечинскиот
управувач, предните врати и
товарниот простор (и, зависно од
конфигурацијата на возилото,
лизгачките странични врати) може
да бидат отклучени или заклучени
одвоено.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Page 27 of 289

Клучеви, врати и прозорци25Отклучување на возилото
Ракувањето со системот на
централната брава со
далечинскиот управувач се
потврдува со предупредувачките
трепкачи. Предупредувачките
трепкачи трепкаат еднаш за да
покажат дека возилото е отклучено и двапати за да покажат дека
возилото е заклучено.
Отклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчињаПритиснете c за отклучување на
предните врати. Притиснете уште
еднаш за да го отклучите целото
возило.
Отклучување со далечинскиот управувач со 3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
● Притиснете c: Предните врати
и лизгачките странични врати
се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Товарниот простор е исто така
заклучен.
● Притиснете c: Предните врати
се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Лизгачките странични врати и товарниот простор се исто така
отклучени.
● Притиснете c: Сите врати и
товарниот простор се
отклучени.
Заклучување на возилото
Затворете ги сите врати и
товарниот простор. Ако вратите не
се правилно затворени, системот
на централната брава нема да работи.
Page 28 of 289
26Клучеви, врати и прозорциЗаклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете e: Сите врати и
товарниот простор се заклучени.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Притиснете e: Сите врати и
товарниот простор се заклучени.
Забелешка
Каде што го има, надгледувањето на патничкиот простор со аларм
3 37 се исклучува со притискање
и држење e (и се потврдува со
звучен сигнал).
Ако сте го направиле тоа
ненамерно, отклучете ги вратите
повторно и притиснете e накусо за
да го заклучите возилото.
Товарен простор
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
2 копчиња
Откако ќе ги отклучите предните
врати со c, притиснете c повторно:
Товарниот простор е отклучен.
Притиснете e еднаш: Товарниот
простор е заклучен.
Page 29 of 289

Клучеви, врати и прозорци27Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
● Притиснете G: Товарниот
простор се заклучува или
отклучува.
● Притиснете G: Товарниот
простор и лизгачките
странични врати се
заклучуваат или отклучуваат.
Прекинувач на централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете e за да заклучите или
отклучите.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Во зависност од верзијата, ако возилото се вози со отворен
товарен простор, предните врати
(и лизгачките странични врати)
може да се заклучени. Кога е
вклучено палењето, притиснете го
и задржете го e подолго од
пет секунди. Кога ќе ги затворите
задните врати/задната врата, тие
се заклучуваат автоматски.
Автоматско заклучување кога се
излегува од возилото
Во зависност од верзијата,
прекинувачот e може да се користи
и за заклучување на сите врати и
товарниот простор автоматски кога се затвора предната врата и се
излегува од возилото:
Извадете го клучот од бравата за
палење, па притиснете го и
задржете го прекинувачот e
подолго од пет секунди; возилото
се заклучува кога ќе се затвори
предната врата.
Автоматско заклучување по
поаѓање 3 29.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Page 30 of 289

28Клучеви, врати и прозорциВклучете го палењето и
притиснете го прекинувачот на
централната брава e за да се
отворат сите врати и товарниот простор.
Заклучување
Рачно заклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати можат да се отворат
со повлекување на внатрешните
кваки.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.Електрични брави на
вратите
Комби, Автобус
За безбедност, можно е возачот да ракува со бравите на патничките
врати далечински.
Сите врати треба да се целосно
затворени и да е исклучено
автоматското заклучување 3 29.
За да заклучите, притиснете ја
страната l од прекинувачот;
предупредувачкото светло до
прекинувачот ќе трепне еднаш (па
ќе се исклучи) и ќе се огласи звучно предупредување.
Предупредувачките светла на
соодветните врати се гасат.
За да отклучите, притиснете ја
страната 0 на прекинувачот.
Предупредувачките светла на
соодветните врати светат
постојано.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
предупредувачкото светло покрај
прекинувачот свети постојано и ќе
се огласи звучно предупредување.
Проверете дали вратите се
отклучени рачно (внатрешни
прекинувачи за бравите на
вратите).
Page 31 of 289
Клучеви, врати и прозорци29Ако е потребно, отстранете го
дефектот на сервис.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Во зависност од верзијата, оваа
безбедносна функција може да се намести автоматски да ги заклучи
сите врати и товарниот простор
штом ќе се вози возилото.Активирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете и држете на
прекинувачот на централната
брава e околу пет секунди. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Деактивирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете го и задржете го e
околу пет секунди. Звучен сигнал го потврдува деактивирањето.
Брави за деца9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Притиснете ја бравата за деца
надолу. Вратата не може да се
отвори однатре. Кренете ја за
деактивирање.
Page 32 of 289

30Клучеви, врати и прозорциВрати
Шибер врата Исклучете ја лизгачката странична
врата со далечинскиот управувач
или со клучот (ако има). Отворете
ја вратата така што ќе ја повлечете
рачката и ќе ја повлечете вратата
наназад.
Отворајте ја и затворајте ја
лизгачката странична врата само
кога возилото е во мирување, со
затегната паркирна сопирачка (кај
некои модели ќе се огласи
предупредувачка мелодија кога
лизгачката врата е отворена и
паркирната сопирачка е
отпуштена).
Лизгачката странична врата може да се заклучи однатре од возилото со внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Внимавајте страничната врата да
биде целосно затворена и
стабилна пред да го возите
возилото.
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
лизгачката странична врата.
Ризик од повреда.
Внимавајте ништо да не се
заглави во неа за време на
ракувањето и да нема никој во просторот на движењето.
Ако возилото е паркирано на
надолнина, отворени лизгачки
врати можат да се придвижат
ненадејно поради тежината.
Затворете ги шибер вратите
пред да тргнете.9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена лизгачка
странична врата, на пример,
кога превезувате големи
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не може да
се видат или намирисаат може
да навлезат во возилото. Тоа може да предизвика несвест и
дури смрт.
Централна брава 3 24.