Page 185 of 289

Возење и ракување183
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во
системот.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
автоматски сам се вклучува. На
подготвеноста за работа укажува
краток звучен сигнал.
На пречки укажуваат звучни
сигнали. Периодот помеѓу
сигналите се скратува додека
возилото стигнува поблизу до
пречката. Кога е растојанието
помало од 30 см, звучниот сигнал е
непрекинат.
Деактивирање
Возможно е постојано или
привремено да се деактивира
системот.
Привремено деактивирање
Привремено исклучете го системот
притискајќи r на таблата со
инструменти кога е вклучено
палењето . LED-от во копчето свети
кога е деактивирано.
Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал што ќе го означи
деактивирањето.
Функцијата одново се активира со
притиснување r повторно или
следниот пат кога палењето ќе се
вклучи.
Постојано деактивирање
Трајно деактивирајте го системот
со притискање и задржување на
r на таблата со инструменти
околу три секунди со вклучено
палење. LED-сијаличката во
копчето свети постојано кога е
трајно деактивиран.
Системот е деактивиран и нема да работи. Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал што ќе го означи
деактивирањето.
Функцијата се активира повторно
со притискање и задржување на
r околу три секунди.
Page 186 of 289

184Возење и ракувањеДефект
Ако системот открие дефект во
работата, при избирањето рикверц
се слуша постојано звучно
предупредување околу
три секунди. Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Основни белешки за системот
за помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на сензоритеможе да се намалат кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системот за помош за
паркирање нема да открива
предмети кои се надвор од
опсегот за откривање на
сензорите.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога оди наназад така
што прикажува поглед на областа
зад возилото или во ретровизорот
или на екранот за приказ на
Инфозабавниот систем.
Page 187 of 289
Возење и ракување1859Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливоста на камерата, на пр.
под браникот или под возилото,
не се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во екранот и
проверете го подрачјето одзади
и околу возилото пред да возите
наназад.
Камерата е обично инсталиран на задните врати/задна врата, под калапите на регистарската
табличка.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Забелешка
За постигање на оптимална
видливост, ретровизорската
камера не смее да биде
попречувана со нечистотија, снег
или лед.Активирање
Екран за приказ на ретровизори
Екранот на ретровизорската
камера се активира автоматски
кога возилото ќе се стави во
рикверц. Звучен сигнал го
потврдува активирањето.
Page 188 of 289

186Возење и ракувањеИнфозабавен систем/екран за
приказ
Во возилата со систем за
навигација, ретровизорската
камера е прикажана на екранот на Инфозабавниот систем.
Приказ на слика на лентата на
траекторијата (1)
Зависно од верзијата, лентата на
траекторијата (1) на возилото се
прикажува со сина боја на инфо-
екранот. Ја покажува патеката на
возилото во согласност со аголот
на управувањето.
Приказ на слика на фиксната лента (2)
Приказот на права лента (2) ја
покажува патеката на возилото ако
тркалата се држат право.Линиите водилки (3, 4, 5) се
користат заедно со приказот на
права лента (2) и укажуваат на растојанието зад возилото.
Интервалите на линиите водилки
се следниве:3 (црвено):30 см4 (жолто):70 см5 (зелено):150 смПоставки
Поставките, на пр. осветленоста,
можат да се постават преку
Инфозабавниот систем. Видете во Прирачникот на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Деактивирање
Камерата се исклучува по извесно
време ако не е ставено во рикверц.
Дефект
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
Page 189 of 289

Возење и ракување187●мраз, снег, кал или нешто друго
го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задните врати/задната врата не се затворени правилно
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температурата
Предупредување за напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента користи предна
камера за набљудување на
ознаките за ленти помеѓу кои
возилото вози. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
● не работат трепкачите за вртење или менување ленти
● немање активното управување
со воланот
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање ì на конзолата на
покривот; LED копчето се
исклучува за да покаже дека
системот е вклучен.
Кога контролна сијаличка ì
3 108 во групата инструменти ќе се
запали, системот е готов да
работи. Се појавува и соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 112.
Контролната сијаличка ì се гасне
кога системот не е подготвен да го
предупреди возачот.
Page 190 of 289

188Возење и ракувањеСо системот може да се работи
само при брзини на возилото
приближно над 60 км/ч и ако
лентите за обележување постојат и
се откриени.
Ако трепкачите за вртење и
менување ленти не се вклучат при
менувањето ленти, односно се
открие ненамерно менување на лентата, контролната сијаличка
ì светнува заедно со мелодија за
предупредување за да го
предупреди возачот.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ì, LED
сијаличката во копчето се
вклучува. Се појавува и соодветна
порака на Информативниот центар за возачот.
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.Совети за ракување
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
Системот не може да работи кога
не е откриена ознака за линија.
Дефект
Во случај на дефект во системот,
во Информативниот центар за
возачот се појавува
предупредувачка порака (можно е
да биде во комбинација со
контролната сијаличка A) и LED-
сијаличката во копчето се
вклучува.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Информативен центар за возачот
3 112.Гориво
Гориво за мотори на дизел Користете само дизел гориво што е
усогласено со EN 590. Горивото
треба да има мала содржина на
сулфур (најмногу 10 ppm). Може да
се користат еквивалентни
стандардизирани горива со
биодизел (= FAME според
EN14214) со содржина од најмногу
7 % по волумен (како DIN 51628 или еквивалентни стандарди).
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Page 191 of 289

Возење и ракување189Не употребувајте бродска дизел
нафта, нафта за домаќинства или
сосема растителни дизел горива,
како на пример масло од семе на репка или биодизел, „аквазол“ ислични раствори на дизел со вода.
Дизел горивата не смеат да се
разредат со горива за бензински
мотори.
Протокот и способноста за
филтрирање на дизел горивата
зависат од температурата. Кога е
ниска темпертурата, наполнете со
дизел гориво со гарантирани
зимски својства.
Филтер за дизел гориво 3 205,
Цедење на системот со дизел
гориво 3 206.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Грлото за полнење на резервоарот
со бајонет капаче се наоѓа од
левата предна страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено и вратата е
отворена. Отворете ја вратичката на резервоарот со рака.9 Опасност
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
ризикот од автоматско повторно стартување на моторот од
страна на системот.
Зафатнини 3 273.
Page 192 of 289

190Возење и ракувањеИзвадете го капачето на
резервоарот со вртење обратно од
насоката на стрелките на
часовникот.
Капачето на резервоарот за гориво може да се обеси на долната кука
на вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматско исклучување, може
да се дополни целосно со
вклучување на цевката на пумпата
уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето на гориво е готово, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Movano е во опсег од околу 9,5 до
6,6 л/100 км.
Во зависност од државата,
потрошувачката на гориво се
прикажува во км/л. Во овој случај,
потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Movano е во рамките на околу 10,5 до 15,2 км/л.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсегот од околу 173 до 248
г/км..
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен совашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Официјалната потрошувачка на
гориво и дадените специфични
бројки за емисиите на СО 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само заради
споредба меѓу различните
варијанти на возила и не смеат да
се земаат како гаранција за
вистинската потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
резултира со малку повисоки
резултати од наведената
потрошувачка и од бројките за