Page 65 of 249
Складирање63
Касета за парички
Повлечете ја рачката за да
отворите. Притиснете ја вратата
цврсто за да се затвори.
Држач за картички
Се наоѓа над преградата за
парички. Во отворот може да се
држи картичка за практична
употреба.
Касета
Касетата се осветлува кога ќе се
отвори.
Преградата на касетата може да се
извади од жлебот. Ставете ја
преградата во жлебот од крајната
лева страна на касетата.
Касетата мора да биде затворена додека се вози.
Касета со брава Заклучувајте ја и отклучувајте ја
касетата со клучот.
Држачи за чаши
Држачите за чаши се наоѓаат во
предниот дел на средишната
конзола.
Држачот за чаши е флексибилен,
овозможува да се држат садови со
различна големина.
Дополнителни држачи за чаши се
наоѓаат во потпирачот за рака на
средишното задно седиште.
Спуштете го потпирачот за рака за
да дојдете до држачот за чаши.
Page 66 of 249
64СкладирањеСкладирање на очилата
за сонце
Отворање: турнете го задниот дел
на капакот.
Затворање: повлечете го капакот
нагоре и притискајте го додека не
легне на место.
Не го користете за складирање на
тешки предмети.
Складишна преграда под
седиштето
Долен послужавник на совозачкото седиште
Повлечете го предниот дел на
послужавниот нагоре, па
повлечете го напред. Притиснете
го послужавниот кон седиштето за
да го вратите во првобитната
положба.
Складирање во
потпирачот за рака
Конзола во предниотпотпирач за рака
Отворање: повлечете ја рачката
нагоре и кренете го капакот.
Затворање: затворете го капакот и
притиснете го надолу додека не
легне на место.
Page 67 of 249

Складирање65Складирање во
средишната конзола
За да пристапите до преградата за складирање, штекерот за
напојување и приклучокот AUX,
клизнете ја тацната за чаши
наназад.
Штекери за напојување 3 87.
AUX приклучок - видете во
упатството на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Заден систем за
превозувањеЗадниот систем за превезување
(систем Флекс-фикс) овозможува
велосипеди да се закачат за носач
кој се извлекува, вграден во подот
на возилото. Превозувањето на
други предмети не се дозволува.
Максималниот товар за задниот
систем за превезување е 40 кг.
Максималната оптовареност е
20 кг по велосипед.
Меѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде
поголемо од 1,15 метри. Инаку не е
можно безбедно прицврстување на велосипедот.
Ако не е во употреба, системот за
превезување мора да се лизне назад во подот на возилото.
Се нуди кутија за повеќе функции
како додаток за задниот систем за
превозување.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Ако задниот систем за
превезување е извлечен и
возилото е целосно натоварено, висината на шасијата ќе биде
намалена.
Возете внимателно секогаш
кога патот е многу стрм или кога возите преку косина, тумба и сл.
Внимание
Не закачувајте велосипеди со
јаглеродни држачи на педалите
на носачи. Велосипедите може
да се оштетат.
Извлекување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Page 68 of 249
66Складирање
Кренете ја рачката за отпуштање.
Системот се ослободува и брзо
излегува од браникот.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
заглавува правилно, не местете предмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Повлечете го држачот на
табличката и целосно вметнете ги
потпорите на држачот на нивните
места.
Page 69 of 249
Складирање67
Инсталирање на задните
ламби
Прво извадете ја задната( 1), па
предната ( 2) задна ламба од
процепите.
Отворете го држачот на сијалицата нанадвор на задната страна од
задната ламба целосно.
Притиснете ја рачката за
спојување и притиснете го држачот на сијалицата во потпората додека
не ја удри сопирната точка.
Извршете ја постапкава за двете
задни ламби.
Проверете ја положбата на
кабелот и ламбата за да се уверите
дека тие се правилно инсталирани
и се безбедно лоцирани.
Page 70 of 249
68Складирање
Заклучете го задниот системза превозување
Завртете ја левата рачка за
прицврстување ( 1) назад првин,
потоа десната рачка за
прицврстување ( 2) додека не
застанат. Двете рачки за
прицврстување треба да
покажуваат наназад, инаку
безбедната функционалност не се
гарантира.
Забелешка
Затворете ја задната врата.
Одвиткајте ги процепите за
рачките на педалите
Здиплете ги едниот или двата
процепа за рачките на педалите
угоре додека дијагоналниот
потпирач не се заглави.
Извадете ги монтажните дршки за
рачките на педалите од процепите
за рачките на педалите.
Page 71 of 249
Складирање69
Приспособување на задниот
систем за превозување за велосипед
Со вртливата рачка на процепите
за рачките на педалите, отприлика
приспособете го уредот за рачките на педалите кој се дотерува, кон
делот од рачката на педалот што
се издава.
Ако велосипедот има прави рачки на педалите, отшрафете го уредот
за рачките на педалите целосно
(положба 5).
Ако велосипедот има криви рачки
на педалите, зашрафете го уредот
за рачките на педалите докрај
(положба 1).
Притиснете го лостот за
ослободување и извлечете ги
процепите за тркалата.
Притиснете го лостот за
ослободување на каишот за
држење и извадете го каишот.
Page 72 of 249
70Складирање
Подгответе го велосипедот за
да се закачи
Забелешка
Максималната широчина
движење на педалата е 38,3 мм а
максималната длабочина е
14,4 мм.
Завртете го левиот педал (без
запченик на ланецот) вертикално
удолу. Педалот на левата рачка на педалот треба да биде
хоризонтален.
Предното тркало на предниот
велосипед треба да биде свртено
лево.
Предното тркало на задниот
велосипед треба да биде свртено
десно.
Закачување на велосипед за
задниот систем за
превозување
Ставете го велосипедот на него.
Рачката на педалот тука треба да
се стави во отворот на процепот за
рачката на педалот како што е
покажано на илустарцијата.
Внимание
Уверете се дека педалот не ја
допира површината на носачот
од задниот крај. Инаку,
преносниот систем на
велосипедот може да се оштети за време на превозот.
Вметнете ја монтажната дршка на
рачката на педалот во
надворешната шина на секој
процеп за рачката на педалот
одозгора и лизнете ја удолу колку
што може повеќе.