Page 161 of 249

Возење и ракување159
Меѓутоа, возачот носи целосна
одговорност за маневрата за
паркирање.
Системот се состои од четири
ултразвучни сензори за паркирање во предниот и задниот браник.
Контролна сијаличка r 3 97.
Активирање
Кога палењето е вклучено,
системот мора да се активира
рачно.
Притиснете го копчето r на
таблата со инструменти.
Сијаличката во копчето ќе засвети
и ќе се активира кога ќе се стави во брзина за напред или назад и ќе се
отпушти електричната паркирна
сопирачка.
На пречка укажува звучен сигнал. Периодот помеѓу звуците се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога
растојанието е помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Звучниот сигнал може да се
разликува, зависно од видот на
откриениот предмет.
Деактивирање За да го исклучите, притиснете го
копчето повторно и сијаличката во
копчето ќе се изгаси. Контролната
сијаличка r во групата
инструменти ќе свети додека
брзината на возилото надминува
25 км/ч.
Системот се исклучува автоматски
кога брзината на возилото е над
8 км/ч или кога рачката на
менувачот е во лер (автоматскиот
менувач во N или P).Ако повторно се притисне копчето
b , сијаличката во копчето ќе се
изгаси и системот повторно ќе се
вклучи штом ќе се стави во брзина
за напред или назад и ќе се
отпушти електричната паркирна сопирачка.
Дефект Во случај на дефект на системот,
светнува контролната сијаличка
r на групата инструменти.
Ако звучниот сигнал се огласи
3 пати постојано кога нема пречки
кај предниот или задниот браник,
има дефект на системот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Важни практични совети закористење на системот запомош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
Page 162 of 249

160Возење и ракувањенадворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 230. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
Page 163 of 249

Возење и ракување161врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Забелешка
Користете безоловно премиум
гориво само за следниве земји:
Ерменија, Азербејџан,
Белорусија, Молдавија.
Гориво за мотори
приспособени за етанол ( E85)
Ако пристапот кон E85 е ограничен, тогаш за дополнување гориво
може да се користи гориво со друг
сооднос на етанол или нормален
RON 95. Системот за контролно
управување на моторот се
приспособува автоматски,
согласно со количеството етанол
во горивото.
Горивото Е85 мора да го
задоволува стандардот CWA
15293 или SS 155480.
Кога температурата е околу -10 °C
или пониска, треба да се користи
поголем сооднос бензин. Е85 во
спој со ниски температури може да
доведе до потешко палење на
автомобилот. Малку поголемиот
сооднос на бензин значително го
подобрува палењето при ниски
температури.
За време на фазата на загревање
на моторот (под +50 °C), вртливиот
момент на моторот е ограничен
кога се вози со дел етанол.Етанолот содржи помалку енергија
по литар од бензинот, па затоа
потрошувачката на гориво се
зголемува кога се вози на Е85 во
споредба со бензинот. Како
последица, резервоар со Е85
поминува помалку километри
отколку резервоар со бензин.Внимание
Одредени адитиви во бензинот
можат да ја намалат возноста,
во спој со етанолот. Поради тоа, надополнувајте цел резервоар
бензин на секои 10000 км.
Искористете го поголемиот дел
од резервоарот пред повторно
полнење на возилото.
Гориво за мотори на
дизел Користете само дизел гориво
сообразено со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.
Page 164 of 249

162Возење и ракувањеВнимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и
загуба на гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични
емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Полнење гориво
9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во возилото, нека Ви ја отстрани причината веднаш
автомеханичар.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната лева
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено 3 23.
Ослободете ја вратичката на
резервоарот со притискање на
истата.
Отклучување на капачето на
резервоарот за гориво: свртете го
налево. Ако се чуе шиштење,
почекајте да престане пред
целосно да го одвртите капачето.
Капачето на резервоарот за гориво
може да се стави во држачот од
внатрешноста на вратичката.
Page 165 of 249

Возење и ракување163
Кога полните гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматскиот прекин на
дотокот, резервоарот за гориво
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
По полнењето гориво, вратете го
капачето и вртете го надесно
додека не чуете неколку кликања.
Внимавајте капачето да е завртено
докрај, инаку контролната
сијаличка Z може да свети во
групата инструменти 3 94.
Затворете ја вратичката на
резервоарот за гориво.
Капаче на резервоарот за
гориво
Само оригинално капаче на
резервоарот обезбедува целосна
функционалност. Возилата со
мотори на дизел имаат специјални
капачиња на резервоарот.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Antara е од 10,9 до 6,3 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 255 до 167 г/км.
За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2
emission се однесуваат на
основниот модел за ЕУ со
стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и податоците за испуштање
СО 2 се одредуваат според
прописот R (EC) бр. 715/2007 (во
последната важечка верзија), со
земање предвид на тежината на
возилото кога работи, како што е
одредено со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
Page 166 of 249

164Возење и ракување
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколка
Општи информации
Влечната кука е во торбичка
врзана со ремен и се чува под подниот капак во товарниот
простор.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои
делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Контролната сијаличка á свети во
групата инструменти кога за
возилото е закачена приколка
3 101.Возни карактеристики,
совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
спречување на откачувањето за
алката, не за влечната кука.
Ако нема алка, завиткајте го
кабелот околу куката. Внимавајте кабелот да е вкрстен под
вертикалниот приклучок за
спојување за да бидете сигурни
дека носот на приколката нема да
падне на тлото ако се одвои од
јамката на приколката. Не
дозволувајте кабелот да се влече
по тлото и секогаш оставајте
доволно лабав дел за да може
целосно да се врти. Почитувајте ги
упатствата приложени со опремата за влечење.
Пред да закачите приколка,
намачкајте ја влечната топка со
маст. Меѓутоа, не подмачкувајте ја
ако се користи стабилизатор,
којшто дејствува на влечната
топка, за придушување на
шлајфувањето. Кај приколки со
Page 167 of 249

Возење и ракување165
слаба стабилност при возење се
препорачува употреба на
стабилизатор со триење.
Не возете побрзо од 80 км/ч, дури
и во земји каде што е дозволена
поголема брзина. Кога возите по
нагорнина, возете побрзо од
30 км/ч во 1 брзина или 50 км/ч во
2 брзина.
Ако приколката почне да се
занесува, возете побавно, не
обидувајте се да го исправите
возилото и сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возите на
угорница и возете со слична
брзина.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за
целосна натовареност 3 236.
Влечење на приколка Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и мотороти не смее да се пречекори.
Фактичната оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
актуелната оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена
приколката.
Значи, кога се проверува
оптовареноста на приколката,
само тркалата на приколката - не и
водечкото тркало - треба да стојат на уредот за мерење.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % насекои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 225.
Вертикална оптовареност на влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (80 кг) е наведена на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
Page 168 of 249

166Возење и ракување
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Кога се мери вертикалната
оптовареност на влечната спојка,
внимавајте прачката за влечење
на натоварената приколка да е на
истата височина како што ќе биде кога приколката ќе се спои со
натоварено влечно возило. Ова е
особено важно за приколките со
двојна оска.
Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Мора да се почитуваат
националните прописи за
максималните брзини на возилата
што влечат приколки.Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Опрема за влечење се
монтажна влечна кука
Влечната кука е во торбичка
врзана со ремен и се чува под
подниот капак во товарниот
простор.
Монтирање на топчестата влечна
кука
Извадете ја заптивната приклучка
од дупката за влечната кука и
ставете ја во товарниот простор.