Page 33 of 249

Клучеви, врати и прозорци31
Рачно свиткувањеПритиснете благо од
надворешноста на куќиштето за да ги преклопите страничните
ретровизори.
Електрично свиткување
Со прекинувачот за палење во
положба ACC или ON, притиснете
го копчето n и двата странични
ретровизори ќе се преклопат.
Притиснете го копчето n повторно
- двата странични ретровизора се
враќаат во својата првобитна
положба.
Ако рачно се отвори некој
електрично преклопен ретровизор,
притиснувањето на копчето n
електрично ќе го отвори само
другиот ретровизор. Со повторно
притискање на копчето n двата
ретровизори пак се преклопуваат.
Отворете ги ретровизорите во
возачка положба пред да го возите
возилото.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на
копчето RÜ . Се пали сијаличката
во копчето.
Греењето работи кога клучот е во бравата за палење во положбите
ACC или ON, а се исклучува
автоматски по кусо време.
За да избегнете празнење на
акумулаторот, пуштајте го само
кога работи моторот. Не пуштајте
го кога штотуку сте го запалиле
моторот или ако има натрупано
снег или мраз на страничните
ретровизори.
Не користете остри предмети или абразивни средства за чистење на
страничните ретровизори и
внимавајте да не ги изгребете или
оштетите грејачите.
Page 34 of 249
32Клучеви, врати и прозорциАвтоматско
затемнување
Страничниот ретровизор од
возачката страна се затемнува за
да го намали отсјајот автоматски
заедно со ретровизорот со
автоматска заштита од
заслепување 3 32.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Притиснете го копчето на
куќиштето на ретровизорот за да ја вклучите функцијата; копчето
свети и отсјајот од возилата одзади ноќе автоматски се намалува.
Притиснете го копчето повторно за да ја исклучите функцијата.
Има два сензори за светло во
куќиштето на ретровизорот. За да
избегнете пречки и губење на
функцијата, не покривајте ги
сензорите и не закачувајте ништо
на ретровизорот.
Page 35 of 249

Клучеви, врати и прозорци33ПрозорциШофершајбна
Топлино-одбивна
шофершајбна
Топлино-одбивната шофершајбна
има премаз што го одбива
сончевото зрачење. Може да се
одбиваат и податочни сигнали, на
пр., од патарини.
Означените подрачја на
шофершајбната под ретровизорот
не се прекриени со премазот.
Уредите за запишување
електронски податоци и плаќање
патарина треба да се закачат во
тие подрачја. Инаку може да дојде
до неисправно запишување на
податоците.
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници како вињети
за патарина или слични на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку зоната на
откривање на сензорот може да се
ограничи.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Со електричните прозорци може да се ракува:
■ кога палењето е вклучено,
■ во рок од 10 минути откако ќе се исклучи палењето.
По исклучувањето на палењето, работењето со прозорците е
исклучено кога ќе се отвори
возачката врата.
Page 36 of 249

34Клучеви, врати и прозорци
Управувајте со прекинувачот засоодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
За постепено ракување:
Притиснете го или повлечете го
прекинувачот накусо.
За автоматско отворање или
затворање: Притиснете го или
повлечете го прекинувачот
подолго. Прозорецот се крева или
спушта автоматски, со вклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Дополнителни прекинувачи се
наоѓаат на совозачката и на
задните врати. Задните прозорци
не се отвораат целосно.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.Безбедносна функција за
потиснување Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, повлекувајте го
прекинувачот за соодветниот
прозорец повеќе пати додека не се
затвори прозорецот. Прозорецот
се крева со исклучена безбедносна функција.
Систем за безбедноста на
деца за задните прозорциПритиснете го прекинувачот z за
да ги исклучите електричните
прозорци на задните врати. За
повторно активирање притиснете
го z повторно.
Со вклучен систем за безбедност
на децата, со прозорците на
задните врати може да се ракува
само со прекинувачите од
возачката врата.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Page 37 of 249
Клучеви, врати и прозорци35Греење на задното
стакло
Се ракува со притискање на
копчето RÜ . Се пали сијаличката
во копчето.
Греењето работи кога клучот е во бравата за палење во положбите
ACC или ON, а се исклучува
автоматски по кусо време.
За да избегнете празнење на
акумулаторот, пуштајте го само
кога работи моторот. Не пуштајте
го кога штотуку сте го запалиле
моторот или ако има натрупано
снег или мраз на задното стакло.
Не користете остри предмети или
абразивни средства за чистење на
задното стакло и внимавајте да не
ги изгребете или оштетите
грејачите.
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Штитниците за сонце имаат
огледала и држач за картички од
задната страна. Кога се отворени
капаците на огледалото, светлото
на штитникот за сонце свети.
Капаците на огледалото треба да
бидат затворени при возење.
Page 38 of 249

36Клучеви, врати и прозорциПокрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Подвижен покрив со
лизгање/навалување
За постепено ракување, кусо
притискајте го прекинувачот во саканата насока. За автоматско
отворање или затворање, држете
го прекинувачот притиснат.
Отворање
Притиснете го прекинувачот
наназад; автоматски ќе се отвори
ако прекинувачот не се притисне
повторно во друга положба или ако
не се пушти.
Забелешка
Ако врвот од покривот е воден,
навалете го подвижниот покрив, оставете водата да се слее, и
потоа отворете го подвижниот
покрив.
Затворање
Држете го прекинувачот притиснат
нанапред. Пуштете го
прекинувачот кога подвижниот покрив ќе ја достигне саканата
положба.
Навалување
Држете го прекинувачот притиснат
нагоре. Пуштете го прекинувачот
кога подвижниот покрив ќе ја
достигне саканата положба.
За да го вратите подвижниот
покрив во првобитната состојба,
повлечете го и држете го
прекинувачот надолу. Пуштете го
прекинувачот кога подвижниот покрив ќе ја достигне саканата
положба.
Page 39 of 249
Клучеви, врати и прозорци37
Општи практични советиФункција за подготвеност
Со подвижниот покрив може да се
ракува:
■ кога палењето е вклучено,
■ во рок од 10 минути по исклучувањето на палењето,
По исклучувањето на палењето,
работењето со подвижниот покрив
е исклучено кога ќе се отвори
возачката врата.
Page 40 of 249
38Седишта, потпирачиСедишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 38
Предни седишта ......................... 39
Задни седишта ........................... 44
Безбедносни ремени .................45
Систем на воздушни перничиња .................................. 49
Системи за врзување на деца ..56Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината и заглавете го.
Повлечете го потпирачот за глава
за да го кренете. Притиснете го
потпирачот за глава надолу
притискајќи го копчето за
отпуштање за да го спуштите
потпирачот.