Page 177 of 225

Нега на возилото175
3. Возила со погон на преднитетркала:
Кренете го возилото со
местење на клинот на
дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
Закачете го клучот за тркалата
за дигалката и кренете го
возилото со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
Возила со погон на задните
тркала:
Обрнете внимание на
упатствата за работење приложени со хидрауличната
дигалка и составете ги
потребните делови како што е
определено.
Наместете го адаптерот кај
дупката за дигање сместена
најблиску до односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно.
Главицата на дигалката треба
да биде израмнета со дупката
за дигање. Напумпајте ја
дигалката со притискање на
клучот за тркалата, за да се
намести основната плочка
правилно.
Кренете го возилото со
притискање на клучот за
тркалата додека тркалото не е
подигнато од земјата.
4. Отшрафете ги завртките/ навртките на тркалото целосно
и исчистете ги со крпа.
Ставете ги завртките/навртките
на тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
Page 178 of 225

176Нега на возилото
5. Сменете го тркалото.
6. Зашрафете ги завртките/ навртките на тркалото.
7. Спуштете го возилото.
8. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и затегнете ја секоја
навртка/завртка на тркалото за
половина вртење по вкрстен
редослед. Затезниот момент е:
172 Nm (погон на предните
тркала), 235 Nm (погон на
задните тркала со двојни задни тркала), 264 Nm (погон на
задните тркала со единечни
задни тркала).
9. Вратете ја раткапната.
10. Складирајте ги заменетото тркало 3 176 и прирачните
алати 3 167.
11. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираното тркало 3 211 и
исто така и затегнатоста назавртките/навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја сменат или поправат неисправната гума.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 171.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се чува под
рамката на возилото со употреба
на макара и се прицврстува со
затегнување на кабелот со
употреба на клучот за тркалата и
адаптерот.
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
За да се ослободи резервното
тркало, олабавете го кабелот
користејќи ги клучот за тркалата и
адаптерот и спуштете го тркалото
целосно.
Page 179 of 225

Нега на возилото177Внимание
Користете ги само клучот за
тркалата и адаптерот за да го
спуштите резервното тркало.
Користењето пневматски алати е забрането. Тоа може да
предизвика оштетување на
кабелот за влечење и опремата.
Исправете го тркалото, извадете ја игличката од држачот и
ослободете го тркалото од
кабелот.
Возилата со двојни задни тркала
имаат дополнителна плоча за
монтирање закачена за
резервното тркало. Пред да се
употреби тркалото, одвртете ја
навртката и извадете ја плочата за монтирање.
Кога се враќа резервното тркало,
закачете ја плочата за монтирање
и прицврстете ја со навртката.
Кога се монтира резервното
тркало, наместете го кабелот од
назад па преку средината на
тркалото. Закачете ги држачот и
игличката, уверувајќи се дека е
правилно наместено и дека
предната страна на тркалото ќе
биде свртена удолу. Затегнувајте
го кабелот користејќи ги клучот за
тркалата и адаптерот додека
тркалото не е безбедно
прицврстено.
Летни и зимски гуми
Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да
има летна гума.
Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Page 180 of 225

178Нега на возилото
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Не возете побрзо од 80 км/ч.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт со очите,
кожата, ткаенини и обоени
површини. Течноста содржи
сулфурна киселина што може
да предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.Внимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи пред палењето со
кабли.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот
на возилото на отворен пламен
или на искри.
Page 181 of 225

Нега на возилото179
■ Испразнет акумулатор може дазамрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулаторот.
■ Користете помошен акумулатор со иста волтажа (12 волти).
Неговиот капацитет (Ач) не смее
да биде значително помал од
оној на испразнетиот
акумулатор.
■ Користете кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 25 мм 2
.
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
■ Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
■ Исклучете го системот за воздушна амортизација.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време напроцесот на палењето со кабли.
■ Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
Клема за палење со кабли
Во случај на испразнет акумулатор,
клемата за палење со кабли
овозможува возилото да се пали
без да треба да се пристапи до
акумулаторот внатре во возилото.
Клемата за палење со кабли се
наоѓа во моторниот простор и се
познава по знакот „ <“ на црвениот
капак за изолација. Подигнете го
црвениот капак за изолација за да дојдете до приклучокот на клемата.
Уверете се дека црвениот капак за
изолација е вратен во својата
положба кога не е во употреба.
Постапка за палење со кабли
Page 182 of 225

180Нега на возилото
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај од црвениот кабел со клемата за
палење со кабли на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да
не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.Палење на моторот:
1. Запалете го моторот на возилото што помага при
палењето.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути при поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 167.
Ослободете го капакот користејќи
погодна алатка и извадете го.
Зашрафете ја алката за влечење
надесно во предната точка за
влечење и затегнете ја докрај
користејќи го клучот за тркалата.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење -
за алката за влечење, а никогаш не за браникот или за полуоските.
Page 183 of 225

Нега на возилото181Внимание
Не влечете го возилото одзади.
Предната алка за влечење
треба да се користи само за
влечење, а не за извлекување
на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачите на
шофершајбната.
Исклучете го системот за воздушна
амортизација 3 122.
Менувачот во лер.
Ако не може да се стави во лер кај возилата со автоматизиран рачен
менувач (MTA), возилото смее да
се влече само така што погонските
тркала треба да бидат кренати од
земјата.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да спречи влегувањето на
издувните гасови од влечното
возило, вклучете го системот за
кружење на воздухот и затворете
ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето отштрафете ја
алката за влечење и вратете го капакот.
Влечење на друго возило
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење - за задната алка за влечење, а
никогаш не за задната оска или за
полуоските.
Задната алка за влечење смее да
се користи само за влечење, а не
за ослобудвање на возилото.
Page 184 of 225

182Нега на возилотоВнимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста Брави
Бравите се подмачкуваат во фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење
Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната мора да се
исклучат. Извадете ја антената и
надворешните додатоци како што е багажникот за на покрив итн..
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и хаубата, како и пределите што ги
покриваат.