Page 169 of 225
Нега на возилото167Прирачен алат
Алати
Дигалката, клучот за тркалото,
адаптерот, куката за раткапната,
клучот за винтови и алката за
влечење се држат во еден пакет,
складиран под предното седиште.
Возила со погон на задните тркала: Исто содржи и хидраулична
дигалка и комплет на додатоци за
продолжување, за употерба на
дигалката.За да дојдете до овој пакет,
лизнете го седиштето целосно
напред и преклопете го потпирачот
за грб надолу.
Комплет за поправање гуми 3 171.
Резервно тркало 3 176.
Page 170 of 225

168Нега на возилотоТркала и гумиСостојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Гуми Фабрички монтираните гуми се
приспособени кон шасијата и
пружаат оптимална удобност и
безбедност при возењето.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите што се
специфични за земјата, во видното поле на возачот треба да се залепибелешка што ја означува
најголемата дозволена брзина за
гумите.
Ознаки на гумите На пр. 215/65 R 16 C 109 R215=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата), во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)16=Пречник на тркалото, инчиC=Товарна или трговска
употреба88=Индекс на натовареноста
на пр. 109 одговара на
околу 1030 кгR=Буква на шифрата на
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку
секои 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало.
Притисоци во гумите 3 211.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа се однесува и за летни и
за зимски гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
Page 171 of 225

Нега на возилото169
Неправилниот притисок во гумите
ќе ги влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, а ќе го зголеми абењето на гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Погон на задните тркала, со
двојни задни тркала
Кога се пумпа надворешната гума,
цевката за пумпање треба да
поминува помеѓу двете тркала.
Длабочина на шарата Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните и задните тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачува
замена на гуните на 6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
Page 172 of 225

170Нега на возилото9Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на погонските тркала.
Кај возилата со двојни задни
тркала, синџири за гуми се
дозволуваат само на
надворешните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните
бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува со привременото
резервно тркало.
Page 173 of 225

Нега на возилото171Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под предното седиште.
Лизнете го седиштето напред
докрај и преклопете го потпирачот за грб надолу за да дојдете до
комплетот.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од под
предното седиште.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за напојување и цревото за воздух
од преградите за складирање
на долната страна на
компресорот.4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Навртете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
Page 174 of 225

172Нега на возилото
8. Преклопниот прекинувач накомпресорот треба да е
поставен во положба O.
9.
Поврзете го црвениот < кабел
за напојување од компресорот
со клемата за палење со кабли
3 178.
10. Поврзете го црниот ] кабел за
напојување со некоја точка за вземјување на возилото,
на пример блокот на моторот
или некоја монтажна завртка на
моторот.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
11. Поставете го преклопниот прекинувач на компресорот во
положба I. Гумата се полни со
заптивната смеса.
12. Манометарот на компресорот накратко означува вредност до
6 бари. Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
13. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
14. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 211. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот поставувајќи го
преклопниот прекинувач во
положба O.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
цело вртењето на тркалата
(околу 2 метри). Повторно
Page 175 of 225

Нега на возилото173
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок од гумата со копчето покрај
показателот на притисокот.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
15. Откачете го комплетот за поправање гуми. Навртете го
цревото за полнење со
заптивна смеса на слободниот
приклучок на шишето со
заптивна смеса. Тоа ја
спречува заптивната смеса да
истече. Чувајте го комплетот за
поправање гуми под предното
седиште.
16. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.17. Земете ја етикетата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од комплетот
за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.
18. Продолжете со возењето веднаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
10 км, но не повеќе од
10 минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумата користејќи го
компресорот. Притегнете го
цревото на воздухот директно
врз вентилот на гумата и за тоа
време нека работи
компресорот.
19. Ако притисокот во гумата е поголем од 3,1 бари, наместете
го на правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 3,1 бари, возилото
не смее да се вози. Побарајте
помош од автомеханичар.
20. Чувајте го комплетот за поправање гуми под предното
седиште.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума се значително
сменети, затоа заменете ја таа
гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се отвора при притисок од 7 бари.
Page 176 of 225

174Нега на возилото
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Обрнувајте
внимание на информациите за
чување на шишето со заптивна
смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 171.Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
тврда и нелизгава површина.Предните тркала треба да бидат
наместени право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
■ Исклучете го системот за воздушна амортизација 3 122.
■ Извадете го резервното тркало 3 176.
■ Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете моторот кога возилото е кренато на дигалката.
■ Исчистете ги завртките/ навртките на тркалата и нивните
навои пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете го капакот на тркалото користејќи ја
приложената кука. Прирачен
алат 3 167.
2. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
навртка/завртка на тркалото за
половина вртење.